8 јануари - Интензивни врнежи од снег во Македонија со температури до -18 степени.
9 јануари - Преговори на СДСМ со БЕСА и Алијансата на Албанците околу измените на Уставот.
11 јануари - Изгласани уставните амандмани со 81 глас „За“, според кои името на државата ќе се преименува во Република Северна Македонија. За уставните измени гласаа владејачката коалиција предводена од СДСМ и ДУИ, поранешните 8 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и пратениците на БЕСА и Алијансата на Албанците. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕХристијан Мицковски, по изгласувањето на амандманите повика на предвремени избори. Честитки за Македонија упатија Високата претставничка на ЕУ Федерика Могерини и комесарот Јоханес Хан, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, грчкиот премиер Алексис Ципрас.
11 јануари - Откриени нови вакцини со декларација со погрешен рок .
14 јануари - Објавен Законот за јазици во службен весник според кој покрај македонскиот во институциите службен јазик станува и албанскиот јазик. Истиот го потпиша Претседателот на Собранието, Талат Џафери. Тодор Петров изјави дека ќе собира 150.000 потписи за нов референдум.
15 јануари - Претседателот Ѓорге Иванов изјави дека законите за употреба на јазиците и за ратификација на спогодбата од Преспа се противуставно објавени. ВМРО-ДПМНЕ изтакна дека ќе поднесат кривична пријава против Претседателот на Собранието, Талат Џафери.
30 јануари - Собранието ја отфрли иницијативата на Тодор Петров за референдум за името.
31 јануари - За првпат, пленарната собраниска седница беше отворена и водена на албански јазик.
Февруари
1 февруари - Четворица поранешни министри и заменици за земјоделство: Ацо Спасеновски, Михаил Цветков и Љупчо Димовски, Кристијан Делев се приведени во истрага поврзана со злоупотреби на земјоделска помош и издавање на државно земјоделско земјиште.
1 февруари - Финансиска полиција поднесе кривична пријава против поранешниот штипски градоначалник Илчо Захариев.
13 февруари - Министерката за одбрана Радмила Шекеринска за првпат ја претставуваше земјава на министерскиот состанок на НАТО, каде им се придружи на своите 29 колеги од земјите-членки, но без право на глас.
13 февруари - Таблите со новото име се поставени на граничните премини, со што официјално започна започна употребата на Република Северна Македонија како официјално име на земјата.
13 февруари - Во автобуска несреќа кај Ласкарци, загинаа 13 луѓе а 30-тина беа повредени. Во следните денови починаа уште два патника. Во земјата беше прогласен дводневен ден на жалост.
15 февруари - МВР соопшти дека е спречен терористички напад и дека ИСИС стоел зад потенцијалниот напад.
16 февруари - Обединетите нации ја заменија референцата „ПЈРМ“, со името „Северна Македонија” во списокот на признати држави.
18 февруари - Амбасадорот Игор Џундев и постојан претставник на Македонија при ОБСЕ, ги предаде акредитивните писма генералниот секретар на Организацијата амбасадорот Томас Гремингер.
4 март - Се укинува Секретаријатот за рамковен договор и се воведува ново Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците.
8 март - Три години затвор и притвор заработи екс – шефот на УБК Сашо Мијалков за предметот „Титаник 2“ на СЈО. Водачот на ДПАМендух Тачи е осуден на 3 години и 2 месеци затвор, поранешните членови на ДИК Бедредин Ибраими на 4 години и 6 месеци, Влатко Сајковски, Анета Стефановска и Сашо Срцев на по 3 години затвор
8 март - Стево Пендаровски пријавил во полиција дека е следен од тајни служби.
10 март - Заев и Мицкоски се обврзаа да работат на фер и демоктратски избори. Премиерот го одби предлогот на опозицијата да се именува јавен обвинител на предлог на опозицијата.
12 март - Поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков е пренесен во истражниот затвор во Шутка откако Основното јавно обвинителство побара притвор поради добиени сознанија дека подготвувал бегство.
13 март - Романија го ратификуваше Протоколот за пристапување во НАТО.
14 март - 4-ца вработени во УБК, меѓу кои и Тони Јакимовски (поранешен началник на ткнр.Прва управа на УБК) се уапсени од полицијата во истрага на обвинителството за организиран криминал и корупција и одделот на МВР за организиран криминал.
15 март - 211 години затвор за 16 осудени за „Крвавиот четврток“. Екс дирекоторт на БЈБ и носителот на златна команда Митко Чавков ја доби највисоката казна, 18 години затвор. По 15 години добија Душко Лазаров и Митко Пешов од командниот штаб, обезбедувањето на Трајко Вељановски, Горан Ѓошевски Леви, припадникот на УБК Мунир Пепиќ, Јане Ченто од патриотското здружение во Прилеп, Влатко Трајковски и Никола Митревски Кољо кои се луѓето кои влегоа во фантомки. Од фантомките е и Вилијам Михајловски кои доби 14 години затвор. 13 години затворска казна беше изречена за Оливер Поповски. Младен Додевски, Горанчо Анѓелов Ќосето, Игор Југ добија по 12 години затвор. За Оливер Радулов пак беше изречена 10 годишна затворска казна, а тој е обвинет за помагање во терористичко загрозување на уставниот поредок.
18 март - Најавен проект за враќање на ДДВ на граѓаните.
19 март - Поранешниот градоначалник на Општина Карпош, и претседател на ГРОМ, Стевчо Јакимовски и двајца вработени во општината се приведени во истрага на одделението за организиран криминал при МВР, поради сомнение за злоупотреба на службената положба.
24 март - Протестен марш во Босилово против отворање на рудник.
27 март - Собранието на Македонија усвои закони за електронски комуникации, за ОТА и за данокот на додадена вредност.
28 март - Поранешната министерка Гордана Јанкуловска во жалбата од вторстепениот суд, наместо шест години доби правосилна одлука за четири години затвор.
31 март - Претседателските кандидати се обврзаа на фер избори.
Април
1 април - Апелацискиот суд Скопје ја потврди ослободителната пресуда на Кривичниот суд за гонење на организиран криминал и корупција за случајот „Поткуп” во кој беше обвинет премиерот Зоран Заев.
1 април - Започна изборната кампања за Претседателските избори. Предвремени локални избори закажани за во Охрид, Ново Село и Дебар.
2 април - Грчкиот премер Алексис Ципрас во официјална посета на Македонија, прва на некој грчки премиер.
3 април - Турција побара институциите на Македонија да презат конкретни мерки против лица поврзани со организацијата Фето, која турските власти ја прогласија за терористичка.
4 април - Полска и Словачка го ратификуваа Протоколот за членство на Македонија во НАТО.
6 април - Вишото обвинителство барало Апелација да ја потврди ослободителната пресуда за Заев за случајот „Поткуп“ .
10 јуни - Виктор Димовски именуван за директор на Агенцијата за национална безбедност.
14 јуни - Започна пробниот попис кој треба да заврши до 30 јуни.
17 јуни - Жителите на Иловица и Штука заедно со активисти го блокираа пристапниот пат до рудникот Иловица, против археолошките истражувања на струмичкиот музеј.
17 јуни - Одржана воената вежба “Одлучен удар” на Криволак со учество на 2700 војници од Македонија и 5 други земји членки.
19 јуни - Мерката за поврат на ДДВ за физички лица најавено дека ќе започне од 1 јули.
21 јуни - Бугарија го наметна Гоце Делчев како услов за датум на Македонија кон започнување на преговори со ЕУ.
22 јуни - Полицијата уапси 52-годишен жител на с. Добрејци осомничен за убиството на жител на Струмица, кој беше пријавен за исчезнат пред околу еден месец. Телото на убиениот било ставено во метално буре и потопено во водите кај браната Турија.
23 јуни - Премиерот Заев ги најави новите имиња на министрите. Самиот Заев најави дека ќе ја презеде и должноста министер за финансии.
24 јуни - Поднесено обвинение за „Ел Чека“ за неовластено прислушкување и тонско снимање.
25 јуни - Полициска акција во селото Љуботен. Според истражните органи, четири фирми увезувале и продавале тутун на црно и затаиле акциза од 7,5 милиони евра. Полицијата запленила 12 тони тутун.
26 јуни - Собранието на Македонија и официјално ги разреши од функцијата на министрите: Драган Тевдовски (финансии), Сухејл Фазлиу (локална самоуправа) и Хазби Лика (без ресор). Заев на седницата на Собранието се оповлече од својата одлука да биде новиот министер за финансии.
27 јуни - Одбиена екстрадицијата на унгарскиот суд за поранешниот премиер на Македонија, Никола Груевски.
28 јуни - Уапсен Миле Јанакиески заедно со уште десетина службеници од Министерството за транспорт, за продажба на државно земјиште, по несоодветна постапка.
1 јули - Седуммина обвинети за несреќата кај Ласкарци, меѓу нив возачот и газдата на Дурмо турс.
4 јули - Претседателот на Македонија, Стево Пенндаровски, потпиша уредба според која новото име на армијата се преименува во Армија на Република Северна Македонија.
4 јули - Владата најави уривање на сите дивоградби на охридското крајбрежје, поради закана Охрид да биде исклучен од списокот на светско наследство на УНЕСКО.
4 јули - Објавен разговор со генералниот секретар на владата, Драги Рашковски. Антикорупциска комисија отвори предмет за набавката на радарската опрема во М-нав.
5 јули - Комитетот за светско наследство на УНЕСКО донесе одлука Охридскиот регион да не биде впишан во листатата на наследство во опасност.
6 јули - Поранешниот директор на БЈБ, Митко Чавков преместен од затворот „Идризово“ во затворот „Штип“.
9 јули - Објавени разговори на руски пранкстери, кои се претставувале како поранешниот украински претседател Петро Порошенко и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг со премиерот на Македонија, Зоран Заев.
16 јули - Триесетдневен притвор за Бојан Јовановски и Зоран Милевски Кичеец, како осомничени за изнудување пари, одземен мобилен телефон на специјалната обвинителка Катица Јанева, како и претреси во домот на родителите на Јовановски во Тафталиџе и на неговата канцеларија во 1ТВ, откако претходно Јавното обвинителство ги обелодени случаите за Јовановски и Милевски, а Јаневска си поднесе неотповиклива оставка. На двајцата осомничени по спроведениот распит во Кривичниот суд, им била потврдена мерката притвор. Со овој случај, наречен „Рекет“, Обвинителството отвори истрага во која двајцата осомничени ги товари за кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“, а првоосомничениот Јовановски и за „перење пари и други приноси од казниво дело“. Тие во два наврата примиле вкупно 1,5 милион евра од побарани осум милиони евра од лице против кое се водело истрага од страна на СЈО.
17 јули - Даден 14-дневен ултиматум до општините во земјата, за да приложат листа од објекти, но и јавен простор каде се истакнати симболи поврзани со античката историја, во кои спаѓа сонцето од Вергина, во согласност со Преспанскиот договор,
23 јули - Катица Јанева на прес-конференција изјави дека не е вмешана во случајот „Рекет“.
25 јули - Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, Јоханес Хан на средба во Скопје со претседателот Пендаровски, премиерот Заев и водачот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицковски.
26 јули - Помошникот државен секретар на САД за Европа и Евро-Азија, Филип Рикер на средба во Скопје со премиерот Заев и водачот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицковски.
27 јули - Еден загинат и двајца полесно повредени во рудникот Тораница при поставување експлозивни средства за минирање.
6 август - Приведен поранешниот директор на централниот регистар, Андреа Поповски.
7 август - Графата „државјанство“ во изводите за родени, венчани и умрени од денеска ќе биде пополнета со македонско/граѓанин на Република Северна Македонија.
11 август - Агенцијата за храна и ветеринарство потврди дека во земјата има случај на антракс кај стадо овци.
12 август - Претседателот Стево Пендаровски на прес-конференција повика на политичка одговорност, темелна и брза истрага за случајот „Рекет“.
13 август - Обвинителката Лиле Стефанова на распит како сведок во случајот „Рекет“ во ОЈО.
13 август - Скандалозна изјава на премиерот Заев, во која се спротивстави на обвинувањата дека владини функционери и тој лично се инволвирани во аферата „Рекет“, изјавувајќи дека нема да дозволи еден суетен новинар и педер да ја урнат владата.
1 септември - Предупредувачки штрајк од страна на наставниците со барање за зголемување на платите.
2 септември - Радмила Шекеринска и Никола Димитров на Бледскиот Стратешки Форум остварија средба со Метју Палмер, специјален претставник на САД за Балканот.
3 септември - Поранешниот пратеник Љубомир Јосифовски на распит во полициска станица за неовластено влегување во комјутерскиот систем на Централниот регистар.
4 октомври - Ослободителна пресуда за Љубе Бошкоски за случајот „Ровер“.
4 октомври - Американскиот државен секретар Мајк Помпео во посета на Македонија.
8 октомври - СОНК побара 25% зголемување на платите на образовните работници.
9 октомври - Фросина Ременски вклучена во проширената истрага за „Рекет“, заедно со уште четири лица. Потпретседателка на Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски-Боки 13, Јасна Мандиќ, задржана во куќен притвор. Заев најави отстранување на Ременски од партијата.
21 октомври - водачка средба помеѓу Претседателот на Македонија и претставниците на политичките партии. Договорено да се одржат предвремени парламентарни избори на 12 април 2020 година.
7 ноември - Илхан Ќучук е новиот известувач за Македонија во ЕП.
7 ноември - Зголемување на платите за 10% од 1 јануари 2020 за професорите.
10 ноември - Премиерот на Македонија, Зоран Заев, претседателот на Албанија, Еди Рама, и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во Охрид одржаа регионална средба на која дискутираа за подобрување на регионалната соработка за елиминирање на сите препреки за слободното движење на луѓе, добра, услуги и капитал, односно за идејата позната и под името „Мини Шенген“. .
27 декември - СДСМ објави дека Оливер Спасовски ќе биде преоден технички премиер на Македонија. Од друга страна го отфрли предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, армискиот полковник Драган Ковачки да биде технички министер за внатрешни работи.
Музика
8 март - Песната и видео спотот за Proud на Тамара Тодевска, македонски претставник на Евровизија во Израел премиерно емитувана на Македонската телевизија.
26 февруари - Фудбалската федерација на Македонија ја исплати рекордната премија во износ од 500.000 евра за освоеното прво место на А репрезентацијата на Македонија во групата од УЕФА Лига на нации[2].
28 февруари - Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднела кривична пријава против Илчо Ѓоргиоски, претседател на Фудбалска федерација на Македонија, под сомневање дека во својство претседател на Фудбалската федерација на Македонија извршил кривични дела „даночно затајување“ и „фалсификување или уништување деловни книги“. ФФМ следниот ден испратила допис до медиумите во кое дала образложение за кривичната пријава против федерацијата.
ОК Работнички - Скопје го освои Купот на Македонија во женска конкуренција, победувајќи ја екипата на ОК Наковски Волеј во спортската сала „Парк“ во Струмица со резултат од 3:1 во сетови.
ОК Струмица го освои Купот на Македонија во машка конкуренција, победувајќи ја екипата на ОК Универзитет - Тетово во спортската сала „Парк“ во Струмица со резултат од 3:0 во сетови.
ОК Струмица победи во Првата државна лига - мажи, победувајќи ја екипата на ОК Шутова со резултат од 3:0 во сетови во првиот плеј-оф натпревар и со резултат од 3:0 во сетови во вториот плеј-оф натпревар.
Карате
Македонските каратисти Петар Спасеновски и Доан Османи освоија златни медали, додека Бојан Костов - сребрен медал, на Европското првенство во Данска до 21 година.
Шах
Меѓународен турнир во шах „Гостивар Рапид Опен 2019“