Силвија Стојановска

From Wikipedia, the free encyclopedia

Силвија Стојановска (родена во 20 мај 1960 во Скопје) — македонска театарска, филмска и телевизиска глумица. Таа е ќерка на познатиот глумец Ацо Јовановски и сопруга на Ненад Стојановски.

Кратки факти Родена, Националност ...
Затвори

Животопис

Во 1982 година, таа дипломирала на Факултетот за драмски уметности во Скопје, а веќе следната година се вработила во Драмски театар - Скопје, каде работи сè до нејзиното пензионирање во 2024 година.

Позната е по своите улоги во: Комедијанти, Заминувањето од Пасквелија, Пред дождот, Трето доба и Како убив светец.

Награди

  • Награда на Покраинскиот комитет на Сојузот на Созијалистичката младина на Војводина за најдобар млад глумец на Стерииното позорје во 1984 година, за улогата на Кристина во претставата „Дупло дно“ од Горан Стефановски
  • Посебна награда за млад глумец на Театарските игри „Војдан Чернодрински“, Прилеп, за улогата на Наташа во претставата „Карамазови“ од Д. Јовановиќ.

Филмографија

Стојановска ги остварила филмските улоги:[1]

Година Филм Улога
1981Црвениот коњ ТВ-филмЈана
1982Време на летала ТВ-филм
1982Илинден ТВ-серијаСтојанка
1982Јужна патека ТВ-филм
1983Премиера ТВ-филм
1983Кога тетин Клименте шеташе над градот ТВ-филмКалина
1984Комедијанти ТВ-серијаНаивката
1985Тетовирани души ТВ-филм
1987Трето доба ТВ-серија
1987Случки од животот ТВ-серија
1988Македонски народни приказни ТВ-серија
1989Тврдокорни ТВ-серија
1990Чук, чук Стојанче ТВ-серија
1990ДО РЕ МИ ТВ-серијаМајката на Воки
1991Поштар ТВ-филмКатерина
1992Време, живот ТВ-филм
1992Заминување од Пасквелија ТВ-филмВасилка
1993Грев или шприцер ТВ-филмЦвета
1993Еурека ТВ-серија
1994Пред дождот ТВ-филмНана
1999Време, живот ТВ-филм
2000-2001Погрешно време ТВ-серијаМилка
2001Одмазда ТВ-филмЗухре
2002Заведени ТВ-серија
2004Како убив светец ТВ-филмСтојна
2007Превртено ТВ-филмМајка на Павел
2011Епизодист ТВ-филмАна Михаела
2016Ослободување на Скопје ТВ-филмЛенче
2016Роденден ТВ-филмНевена
2016Црвената соба ТВ-филмСилвија
2017Инсајдер ТВ-серијаКристина
2017-2019Фамилија Марковски ТВ-серијаЛиле Марковска
2019Последна слика око ТВ-филмТрена

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.