датум From Wikipedia, the free encyclopedia
24 ноември — 328-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (329-и во престапна година). Остануваат 37 денови до крајот на годината.
<< | ноември | >> | ||||
Н | П | В | С | Ч | П | С |
1 | 2 | |||||
3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 |
10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 |
17 | 18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 |
24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
2024 |
Настани:
1859 | Првото издание на „За потеклото на видовите“ од Чарлс Дарвин излегло од печат и било распродадено истиот ден. |
1936 | Германија и Јапонија го потпишаа таканаречениот Антикоминтернски пакт, кој потоа го потпишаа и Италија, Манџурија, Унгарија, Шпанија и Албанија. Под Фирмата на овој пакт фашистичките земји го подготвуваа военополитичкиот сојуз, кој е санкциониран во 1940 година како „Троен пакт“. |
1944 | Во ослободеното Скопје, само десетина дена откако стивнаа последните улични борби, основан е првиот симфониски оркестар на денешната Македонска филхармонија. Имено во домот на Тодор Скаловски група музички вљубеници, од кои некои сѐ уште беа во партизански униформи, го формираа симфонискиот оркестар. На таа средба присуствуваа Васил Ѓаконов - Шпато, Тодор Календаров, Петар Трајков, Стефан Кралев, Александар Шалев, Фрањо Млчок, Херман Зип, Петар Симоновиќ и Душан Парлиќ. |
1986 | Заврши последниот дел на електрификацијата на пругата Скопје - Гевгелија со должина на електричната мрежа од 220 км. Електрификацијата почна на 05.01.1981 година. |
1994 | Во Скопје е отворена амбасадата на Руската Федерација. |
Родени:
1729 | Александар Суворов — руски кнез и генералисимус. |
1632 | Барух Спиноза — холандски филозоф од еврејско потекло. |
1849 | Френсис Хоџсон Барнет — англиско-американска писателка. |
1864 | Анри де Тулуз-Лотрек — француски сликар. |
1891 | Макс Аман — нацистички функционер. |
1912 | Теди Вилсон — американски џез-музичар. |
1919 | Вера Ацева — македонска партизанка и народен херој на Југославија. |
1923 | Златко Чајковски — хрватски и југословенски фудбалер и тренер. |
1927 | Алфредо Краус — шпански тенор. |
1937 | Јосип Ѓерѓа — хрватски и југословенски кошаркар и тренер. |
1938 | Оскар Робертсон — американски кошаркар. |
1938 | Тахир Кадриу — македонски економист. |
1949 | Рахим Бурхан — македонски режисер. |
1954 | Емир Кустурица — српски и југословенски режисер, глумец и музичар. |
1967 | Октај Ахмед — македонски поет. |
1967 | Мирјана Јоковиќ — српска глумица. |
1979 | Кармелита Џетер — американска атлетичарка. |
1983 | Луис Леон Санчес — шпански велосипедист. |
1985 | Јулија Александрату — грчка манекенка, пејачка и глумица. |
1989 | Марио Гаврановиќ — швајцарски фудбалер. |
Починале:
1870 | Лотреамон — француски поет. |
1985 | Љубен Лапе — редовен член на МАНУ и редовен професор на Филозофскиот факултет во Скопје. |
1985 | Биг Џо Тарнер — американски блуз-пејач. |
1989 | Благоја Нешковски — истакнат македонски режисер и писател. |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.