Remove ads
македонска пејачка From Wikipedia, the free encyclopedia
Тамара Тодевска (родена на 1 јуни 1985 во Скопје) - македонска поп пејачка.
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Тамара Тодевска | |
---|---|
Родено име | Тамара Тодевска |
Роден(а) | 1 јуни 1985 Скопје, СР Македонија, СФРЈ |
Потекло | Република Македонија |
Жанрови | поп-музика |
Занимања | пејачка |
Период на активност | 2003 - денес |
Мреж. место | Официјално мрежно место |
Тамара Тодевска е родена во музичко семејство. Сестра е на пејачката Тијана Дапчевиќ. Мажена е со кошаркарот Александар Димитровски и заедно имаат две деца.[1]
Во 1991 година, за првпат на само шест години, таа настапила на престижниот фестивал „Mакфест“, заедно со тогаш познатите пеjачки и сестри Маријана и Росана. После долго време, во 1997 година, заедно со сестра и Тијана го земаат второто место на Скопскиот фестивал со песната „Луда игра“. Во 2001 година, Тамара ја започнала својата самостојна кариера со синглот „Дали знам“, дело на Роберт Билбилов поддржан од тогaш познатиот бенд Мак Џинс.
Со истата настапува на фестивалот Сунчане Скале во Херцег Нови во 2002 година и го освоила третото место. По „Дали знам“ во 2002 година, следел уште еден сингл „Месечар“. Истата година ги собрала сите награди како дебитант на годината. Заедно со нејзината мајка Бранка, на Охрид фест, ја освоиле третата награда со песната „Кога би можел“.
Во 2003 година на Макфест, се претставила со „Немирна“ која следната година добила награда за најслушана песна помеѓу двата фестивала. Таа снимила дует со хип-хоп групата 187, песна со контраверзен наслов „Секс“. Истата година на Будва Фест, Тодевска настапила со „1003“, песна дело на Роберт Билбилов и се пласирала високо.
Во април 2005 година го издава својот прв албум „Сино" со 12 нови песни, на Александар Масевски. Синглот „Сино“ се издвојувал во тој момент од сите тогашни песни во етерот и наредната година „Сино" бил прогласен за албум на годината. Прв настап на Евровизија, имала во 2004 кога е придружен вокал на Тоше Проески во 2008 година е нејзиниот втор настап на Евровизија како главен изведувач, третиот настап на Евровизија го има во 2014 како една од придружните вокали на нејзината сестра Тијана Дапчевиќ. По завршувањето на договорот на Masivvesky music, заедно со Врчак ја добиле првата награда на Макфест за песната „Седмо небо" во 2006 година. Соработката со Врчак продолжила со „Лоша девојка на „Будва Фест", која била слушана во Србија, Црна Гора и Македонија.
Во 2007 година, повторно со песна на Александар Масевски, „Кажи кој си ти“. Тамара го земала второто место на Скопскиот фестивал за песна на Евровизија.
Во 2008 година заедно со Адријан Гаџа и Врчак победуваат на националниот избор за песна на Евровизија и со „Во име на љубовта" ја претставуваат Македонија во Белград-Србија. „Во име на љубовта" се снима на 6 верзии (македонски, српски, албански, турски, руски и англиски) и за сите е снимен видео спот режисиран од Дејан Милиќевиќ.
По кратката турнеја низ Австралија, Тамара се враќа со нова песна на „Будванскиот фестивал", „Дајем ти све" дело на Калиопи, за истата е снимена и македонска верзија „Ти давам се". Следува „Радискиот Фестивал" во Белград "Усне ко крв" исто така дело на Калиопи и Дарко Димитров,
Во 2009 година на „Будва фест" Тамара настапува со песната Шарена песма и го освојува петтото место.
Во 2011 сними дуетска песна со Влатко Илиевски „Гушни ме", и „Не ме замарај" трио со Тони Зен и Слаткар, двете колаборации се претставени и со видео записи. Кон крајот на ноември излегува новиот сингл на Тамара насловен Нејќеш да сум сама.
Во 2012 покрај новиот концерт на настапување со познати диџеи од Македонија (Зоки-Бејбе и Маци). Тамара е актуелна со новиот сингл Нејќеш да сум сама дело на Бертан Аслани и Тони Зен. Спотот за истоимената нумера е во режија на Мерт Аслани и БMA Продукција и Симплисити, продуценската куќа на Тамара во период од 2011 до почеток на 2012 година. Од септември 2012, Тамара потпишува договор со продуценската куќа Горила Продукција, Тамара најавува настап на „Макфест" со синглот Готово е дело на Роберт Билбилов, текст на Игор Џамбазов.
Во 2013, Тамара учествува на „Скопски Фестивал 2013“ со песната Tешко без тебе дело на Роберт Билбилов и Тамара, додека аранжманот е на Роберт, а текстот е дело на маестро Игор Џамбазов и си заминува од фестивалот со освоено второ место.
Во почетокот на 2014 година, поточно во февруари, Тамара е наградена за „Пејачка на годината“ на престижната манифестација „Златна Бубамара на популарноста“. Во истиот месец, на 24 февруари се појавува видео спотот за песната Tешко без тебе. Овој видео запис го изработи „Горила Филм“, во продукција на „Македонска Радио и Телевизија“, под режисерската палка на Мерт Аслани, како директор на фотографија се потпишува Драган Паковски - Пако, додека за видео монтажата беше задолжен Милан Туциновски. Во видео записот Тамара носи творби на Ивана Кнез, додека за нејзината шминка се погрижи мејкап артистот Арменд Рамадани. Благој Веселинов совршено го одработи својот глумечки дел за комплетно заокружување на целата приказна. Во јуни истата година на „Макфест“, Тамара го зазема второто место со песната „Тажна љубов, среќна песна“. Песната веднаш станува мега хит и се наредува до најголемите хитови на пејачката а многу луѓе ја определуваат како најголем хит во кариерата на Тамара. Композицијата е дело на Роберт Билбилов (музика и аранжман) а текстот е дело на Игор Џамбазов. Во ноември Тамара учествува на „Скопски Фестивал 2015“ со песната „Брод што тоне“ и повторно го зазема второто место. Кон крајот на годината излегува видео запис за песната „Брод што тоне“ којашто е по музика на Роберт Билбилов, а текстот е авторско дело на самиот Роберт и Ксенија Николова. Додека видео записот е дело на „Горила Филм“, режија и монтажа е дело на Горан Костадинов а директор на фотографија е Александар Крстевски. Исто така околу новогодишните празници излегува дуетната песна, заедно со видео запис, на Тамара и Даниел Кајмакоски насловена „За миг“. Тамара е наградена за мега хитот „Тажна љубов, среќна песна“ на „МАРС 2014“ а Игор Џамбазов добива награда за текстот на самата песна. Оваа песна беше наградена и за „Хит на годината“ на „Златна Бубамара на популарноста“ во февруари 2015 година. Со овие награди Тамара испрати една од најуспешните години во нејзината кариера.
2015 година е успешна година за самата Тамара не само на професионален а и на емоционален план, односно таа станува сопруга. На први јули 2015 година Тамара го промовира пилотниот сингл на нејзиниот долгоочекуван втор албум насловен „Еден ден“. Синглот е со наслов „Совршен крај“ и излегува заедно со видео запис. Во спотот игра докажаната глумица од МНТ, Катерина Шехтанска и штотуку дипломираниот глумец од ФДУ, Тони Денковски. Tекстот на песната не кореспондира со содржината на приказната. Од текстот на песната е искористен лајтмотивот за несреќната љубов. Спотот раскажува за една интригантна љубов, што е огромен товар врз постигнатото и создаденото во животот на една жена. Спотот е во реализација на „Горила филмс“, преку новиот закон за субвенционирани композиции. Музиката е дело на Тамара Тодевска и Нино Васков, аранжманот е дело на Нино Васков, додека текстот е на Владимир Крстевски – Франц. Две недели подоцна, на 15 јули излегува долгоочекуваниот албум на Тамара по цели 11 години. Албумот содржи 13 композииции, меѓу кои 5 нови „Врвот е дно“, „Фрази љубовни“ со ДНК, „Промена“ со Тони Зен, „Трофеј“, „Баш на тебе“, пијано верзија на „Тажна љубов, среќна песна“, неодамна претставената „Совршен крај“ и веќе добро познатите „Готово е“, „Брод што тоне“, „Тажна љубов, среќна песна“, „Тешко без тебе“, „За миг“ со Даниел Кајмакоски и „Залудно е“. На албумот работеа еминентни музички имиња како што се Роберт Билбилов, Лазар Цветкоски, Магдалена Цветкоска – Ена, Нино Васков, Игор Џамбазов, Владимир Крстевски – Франц, Живоин Глишиќ, Тони Зен, Ксенија Николова и Панчо. Албумот е во издание на „Горила продукција“, која последните четири години се грижи за сите ангажмани на Тамара Тодевска. Промоцијата на албумот се одржа во ресторанот „Атланта“, а на промоцијата покрај авторите Роберт, Лазар, Магдалена, Нино, присуствуваа и најблиските соработници и пријатели на Тамара како Арменд Рамадани, Дејан Манасков и Влатко Илиевски. Ова беа зборовите на самата пејачка по повод промоцијата на албумот:
Луѓе, јас сум многу среќна што конечно го промовирам мојот втор албум. Долго време го подготвувавме и навистина сум горда на она што го сработивме. Мене лично многу ми се допаѓа и сметам дека немаме ниту една утка на него, а тоа е најважно.
Со овој албум Тамара го најавува својот голем солистички концерт кој би требало да се случи кон крајот на годината.
На 7 октомври 2015 излегува видеото за песната „Фрази љубовни". Комичното видео е повторно дело на продукцијата Gorilla Films, режија, снимано и уредено од страна на Горан Костадинов и Владимир Ивановски – Дади.
На 25 ноември 2015 излегува видеото за песната „Баш на тебе“ а два дена подоцна на 27 ноември, Тамара го одржа својот прв солистички концерт во арената „Борис Трајковски“. Покрај Даниел Кајмакоски, Врчак, Игор Џамбазов, ДНК и Влатко Илиевски, на сцената до Тамара застана и нејзиниот татко, како и саканата сестра Тијана, со која ги изведоа и хитовите “Rolling on the river“ на Тина Тарнер, “Uptown funk“, „Lady Marmalade“, но и нашата балада „Признавам“ на Маријана и Росана.
Во ноември 2015, на радискиот фестивал МАРС, песната „Фрази љубовни“ е наградена за апсолутен хит на годината.
На 18. февруари, за време на „Златна Бубамара на популарноста“ Тамара е ѕвездата на вечерта со освоени три награди. Албумот „Еден ден“ е награден за албум на годината, а останатите две награди се за концерт и пејачка на годината. На оваа церемонија Тамара ја изведе песната Врвот е дно во живо.
На 8 март 2019, таа ја претстави својата песна "Proud" (мак. горд) со која настави на Изборот за песна на Евровизија кој се одржа во Тел Авив, Израел и го освои 7мото место од вкупниот број на гласови, а 1вото место според бодовите од жири комисиите на земјите учеснички.
Дискографија
Спот | Година | Режисер |
---|---|---|
Дали знам | 2002 | |
Кога би можел | 2002 | |
1003 | 2003 | |
Секс | 2004 | |
Љуби, љуби | 2005 | |
Љубовна приказна | 2005 | |
Смешно, зар не | 2007 | Tomato Production |
Во име на љубовта | 2008 | Дејан Миличевиќ |
Шила | 2010 | Community Pictures |
Гушни ме | 2011 | |
Не ме замарај | 2011 | Simplicity Production |
Нејќеш да сум сама | 2011 | BMA Production |
Залудно е | 2013 | Владимир Дади Ивановски,Нена Зафировска |
Само сакам да | 2013 | Владимир Дади Ивановски |
Тешко без тебе | 2014 | Мерт Аслани,Иван Георгиевски |
Брод што тоне | 2014 | Gorilla Films |
Фрази љубовни | 2015 | Горан Костадинов,Владимир Дади Ивановски |
Баш на тебе | 2015 | Горан Костадинов |
Довидување таго | 2018 | Чедо Поповски |
Proud | 2019 | Чедо Поповски |
Слобода | 2020 | Зоран Зонде Стојановски |
Порок | 2021 | Billy D. |
Нијагара | 2023 | Огнен Шапковски |
Торнадо | 2023 | Лавинија Софрониевска-Лошков |
Его | 2024 | |
Никој како ти | 2024 |
Cover version - songs | 1003 |
---|---|
Кавери на песни на Тамара |
Райна - Хиляди жени(Бугарија) |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.