Украински јазик
From Wikipedia, the free encyclopedia
Украинскиот јазик (украї́нська мо́ва) — јазик од источнословенската подгрупа на словенските јазици. Украинскиот е службен и национален јазик на Украина. Украинскиот јазик ја користи кириличната азбука. Тој има некои сличности во однос на зборовниот фонд и граматиката на јазиците од соседните словенски нации, најмногу со белорускиот, полскиот, рускиот и словачкиот јазик. Во групата на индоевропски јазици исто така спаѓаат и романските јазици, германските јазици, келтските јазици, грчкиот јазик, албанскиот јазик и балтичките јазици.[1]
Украински јазик | |
---|---|
українська мова | |
Изговор | украји́нска мо́ва |
Застапен во | Украина, Русија, Романија, Казахстан, Бразил, Канада, САД, Молдавија, Унгарија, Белгија, Полска, Португалија, Италија, Аргентина, Парагвај |
Говорници | 39,4 милиони |
Јазично семејство | Индоевропско
|
Писмо | украинска азбука |
Статус | |
Службен во | Украина |
Признаен како малцински во | Молдавија |
Регулативен орган | Национална академија на науките на Украина (Національна академія наук України) |
Јазични кодови | |
ISO 639-1 | uk |
ISO 639-2 | ukr |
ISO 639-3 | ukr |
Јазикот на мнозинството Јазикот на малцинството |
Бројот на говорители на јазикот е приближно 45 милиони, а најголемиот дел од нив живеат во Украина. Јазикот исто така се говори во Белорусија[2], Молдавија[3][4], Полска[5], Русија[6][7], Романија[8], Словачка[9], Казахстан[10], Аргентина, Бразил, Велика Британија[11], Канада[12], САД[13] како и во други држави каде што живеат Украинци. Украинскиот јазик во светот го користат приближно од 40 до 45 милиони личносто; по бројот на говорители е вториот или третиот словенски јазик во однос на бројот на говорители (после рускиот или можеби и, полскиот) а воедно е и третиот во списокот на десетте најзборувани јазици во светот.[1]
Украинскиот јазик го проучува украинистиката. Постојат неколку хипотези околу појавата и формацијата на украинскиот јазик[14] — прасловенска[15][16][17], староруска[18][19], јужно руска од X-XI век[20][21] и други. Во денешно време, теориите за заедничкото потекло на јазикот со рускиот јазик се побиени.[1]
Според неодамнешно објавената хипотеза на Тишенко Костантин Миколајович, украинскиот јазик го претставува формирањето на Украинците како етнос, кој се случил помеѓу VI-XVI век поради спојувањето на трите дијалекти на словенските племиња — Полјани, Древљани и Северани за учество на групите на иранското и туркиското стрепно население.[22]. Украинскиот јазик потекнува од стариот источнословенски јазик од старата држава Киевска Русија. Јазикот опстојал и покрај двете забрани за негова употреба од Царска Русија и политичките притисоци за време на доцниот 19 и раниот 20 век; во овие притисоци исто така влијание имала и полската влада. Преживувањето на украинскиот јазик од овие препреки главно се должи на неговата широка употреба од Украинците, како и поради работата на поетите како Тарас Шевченко и Лесја Украинка.
Правилата на украинскиот јазик се воспоставени во украински речници како и украинскиот правопис[23], кои се прифатени од Министерството за образование и наука на Украина. Тие правила се одредени од украински научни лингвистички институции на Националнита академија за науки на Украина, интернационални научни организации, високообразовни институции.[24] Научните институции на националната академија на науки на Украина, се: Институтот на украинскиот јазик НАН Украина (историја, граматика, лексикологија, терминологија, ономастика, стилитика на културата на јазикот, дијалектологија, социолингвистика), Украинскиот јазично-информатички фонд НАН на Украина (компјутерска лингвистика, речници), Институт за лингвистика ОО Потебин НАН Украина (поврзаност на украинскиот јазик со други јазици).
Централниот орган на власта, кој е задолжен за развојот и имплементацијата на државната јазична полиса еминистерството за култура на Украина. Секоја година на 9 ноември во Украина се слави денот на украинската литература и јазик. Овој ден исто така е годишен флешмоб во кој Украинското радио го одржува сеукраинскиот диктат на национално единство кој ги обединува Украинците низ целиот свет околу украинскиот јазик.