Романски јазици
From Wikipedia, the free encyclopedia
Романските јазици, поретко именувани како латински, сочинуваат подгрупа на италските јазици од семејството на индоевропски јазици. Овие јазици настанале од народниот (вулгарен) латински јазик.
Романски јазици | |
---|---|
Географска распространетост: | првично Јужна Европа и Северна Африка, а денес и повеќето од Америка. |
Класификација: | индоевропски
|
Прајазик: | народен латински јазик |
Гранки: | |
Ethnologue: | 17-259 |
Држави каде романски јазик е службен (темнопортокалово) и каде е национален (светлопортокалово). |
Романските јазици се развиле од латинскиот во периодот од шестиот до деветтиот век. Денес има над 800 милиони говорници на романските јазици, воглавно во Европа и Америка, но и во останатиот дел од светот каде се зборуваат јазиците.[1] Бидејќи е многу тешко да се одреди што е романски јазик а што романски дијалект, не е можно да се каже точниот број на романски јазици. Сепак, ако се земат предвид стандардните јазици, тие се 25 на број. Сепак и овој број не ги опфаќа сите стандарди бидејќи има романски јазици кои се изумрени. Така, порталот за јазици Ethnologue, дава дека има 47 романски јазици.
Според податоците за 2007 година, најголем романски јазик е шпанскиот со 385 милиони говорници, а потоа следат португалскиот со 210 милиони, францускиот со 75 милиони, италијанскиот со 60 милиони и романскиот со 23 милиони.[2] Голем број од овие јазици имаат говорници на кои јазикот не им е мајчин, особено за францускиот јазик бидејќи тој е службен и национален во голем број африкански држави.