Македонски јазик
јужнословенски јазик / From Wikipedia, the free encyclopedia
Македонски јазик — јужнословенски јазик, дел од групата словенски јазици од јазичното семејство на индоевропски јазици. Македонскиот е службен и национален јазик во Македонија, а воедно е и официјално признат како регионален службен јазик во Горица и Пустец во Албанија каде што живее бројно македонско население, но и во Србија како официјален во општините Јабука и Пландиште, Романија и Косово. Македонски се зборува и во Австралија, Бугарија, Грција, Канада, САД, Црна Гора, Турција, во некои земји−членки на Европската Унија и останатата македонска дијаспора. Вкупниот број на македонски говорници е тешко да се утврди поради несоодветни пописи, но бројката се движи од околу 2,5 до 3 милиони луѓе.
Македонски јазик | |
---|---|
Застапен во | главно во Македонија, Грција, Бугарија, Србија, Албанија, и македонската дијаспора. |
Подрачје | Македонија, Балкански Полуостров |
Народ | Македонци |
Говорници | непознато. Проценките се движат од 2 милиони (најмала проценка[1][2] па до 5 милиони (најголема проценка[3]) |
Јазично семејство | индоевропски
|
Дијалекти | северни, западни, југоисточни |
Писмо | кирилица (македонска азбука) |
Статус | |
Службен во | Македонија признат како малцински јазик во делови од: Албанија[4] Косово[5] Србија[6] Романија[7] |
Јазични кодови | |
ISO 639-1 | mk |
ISO 639-2 | mac (B) mkd (T) |
ISO 639-3 | mkd |
Распространетост на македонскиот јазик. |
Иако спаѓа во групата на словенски јазици, македонскиот во текот на својот историски развој, како резултат на повеќевековни допири и влијанија со соседните јазици, како што се грчкиот, албанскиот и ароманскиот, развил некои заеднички граматички, синтаксички и фонолошки карактеристики со овие несродни јазици. Овие јазици го сочинуваат Балканскиот јазичен сојуз.
Според ценетиот јазичарички извор Etnologue, македонски се зборува и во југозападниот дел на Бугарија[8][9] и Северна Грција, но нема податоци за бројот на луѓето. Сличен став имаат и BBC, Британика Архивирано на 24 декември 2007 г. и УНЕСКО.