Грчки јазик
From Wikipedia, the free encyclopedia
Грчкиот јазик (грчки: Ελληνικά; МФА: [e̞ˌliniˈka]) е индоевропски јазик кој се зборува главно во денешна Грција.
![]() | Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Кратки факти Грчки јазик, Изговор ...
Грчки јазик | |
---|---|
Ελληνικά | |
Изговор | [e̞liniˈka] |
Застапен во | Грција, Кипар, САД, Австралија, Германија, Турција, Обединетото Кралство, Канада, Русија, Албанија, Украина, Франција, Грузија, Италија, Бугарија, Ерменија и остатокот од грчката дијаспора |
Подрачје | Балкан |
Говорници | 12 милиони[1][2] |
Јазично семејство | Индоевропско
|
Писмо | Грчка азбука |
Статус | |
Службен во | ![]() ![]() ![]() |
Признаен како малцински во | ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Јазични кодови | |
ISO 639-1 | el |
ISO 639-2 | gre (B) ell (T) |
ISO 639-3 | Разни: grc — Антички грчки ell — Модерен грчки pnt — Пондиски грчки gmy — Микенски грчки gkm — Средновековен грчки cpg — Кападокиски грчки tsd — Цаконски грчки |
региони каде грчкиот јазик е службен региони каде грчкиот јазик е јазик на бројно малцинство |
Затвори
Кратки факти
лице | Ελληνας елинас |
народ | Ἕλληνες [елинес] |
јазик | Ελληνικά [елиника] |
држава | Ελλάδα [елада] |
Затвори
Грчкиот јазик се зборува од повеќе од 12 милиони луѓе од кои највеќе се концентрирани во Грција, но исто така и во Кипар, понатаму во Албанија и другите балкански земји, Египет, Италија, Романија, Турција, Украина, како и во многу други земји каде што постои грчка дијаспора.
Грчкиот е службен јазик во Грција, каде што го зборува околу 99,5% од населението.[се бара извор] Заедно со турскиот јазик, грчкиот е службен и во Кипар. Бидејќи Грција и Кипар се членки на Европската Унија, јазикот е еден од 20-те службени јазици на Унијата. Има статус на малцински јазик во делови на Италија и Албанија.