Балкански Полуостров
From Wikipedia, the free encyclopedia
Балканскиот Полуостров или само Балкан — полуостров во Европа и културен и геополитички европски регион. Балканскиот Полуостров опфаќа територија од околу 550.000 км2 и има жители од околу 55 милиони луѓе. Името на полуостровот е од турско потекло или поточно од турскиот збор „Balkan“ што значи „ланец пошумени шуми“[1] Географските граници на Балканскиот Полуостров варираат во зависност кои параметри се сметаат, но најчесто се сметаат водните површини кои го заобиколуваат полуостровот како што се Црно Море, Егејско Море, Јадранско Море и реките Сава и Дунав. Како и географските, така и политичките граници на полуостровот варираат во зависност од тоа како се земаат предвид, односно врз основа на географската положба на земјите или нивната политичка соработка. Балканскиот Полуостров е познат и под терминот Југоисточна Европа.