Република Косово
делумно признаена држава на Балканот / From Wikipedia, the free encyclopedia
Република Косово (албански: Republika e Kosovës; српски: Република Косово, Republika Kosovo) или само Косово — еднострано прогласена држава на територијата на Република Србија и делумно признаена држава на Балканскиот Полуостров. Прогласената држава го зафаќа географскиот регион Косово и истата е спорна територија меѓу привремените косовски власти и Србија. Косово нема излез на море и на север и исток граничи со Централна Србија, на југ со Македонија и на запад со Албанија и Црна Гора. Сите три соседни држави Македонија, Албанија и Црна Гора го признаваат Косово како независна држава, со исклучок на Србија. Останатиот дел од границата, поточно северниот и источниот дел, е предмет на контроверзија — заговарачите на независноста на Косово таа линија ја сметаат како меѓународна граница меѓу Косово и Србија, додека противниците на оваа идеја сметаат дека е тоа граница меѓу два српски региони: автономна покраина и Централна Србија. Главен град на Косово, а воедно и најголем, е Приштина. Службени јазици на Косово се албанскиот и српскиот јазик.
Република Косово |
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Химна: Европа |
||||||
Местоположба на Косово
|
||||||
Главен град (и најголем) | Приштина 42°40′N 21°10′E | |||||
Службен јазик | албански, српски | |||||
Народности (2011) | ||||||
Демоним | Косовец | |||||
Уредување | унитарна парламентарна република | |||||
• | Претседател | Вјоса Османи | ||||
• | Премиер | Албин Курти | ||||
Законодавство | Собрание | |||||
Основање | ||||||
• | Косовски Вилает | 1877 | ||||
• | Договор од Лондон | 1913 | ||||
• | САП Косово | 31 јануари 1946 | ||||
• | Независност од Југославија | 2 јули 1990 | ||||
• | Кумановски договор | 9 јуни 1999 | ||||
• | УНМИК | 10 јуни 1999 | ||||
• | Декларација за независност | 17 февруари 2008 | ||||
Површина | ||||||
• | Вкупна | 10.887 км2 (171.) | ||||
• | Вода (%) | 1.0 | ||||
Население | ||||||
• | проценка за 2022 г. | 1.761.985 (151.) | ||||
• | Попис 2020 г. | 1.700.000 | ||||
• | Густина | 162 жит/км2 | ||||
БДП (ПКМ) | проценка за 2024 г. | |||||
• | Вкупен | $29.629 мил.[2] (148.) | ||||
• | По жител | $16.760 (100.) | ||||
БДП (номинален) | проценка за 2024 г. | |||||
• | Вкупно | $11.226 мил.[2] (155.) | ||||
• | По жител | $6.337 (104.) | ||||
Џиниев коеф. (2017) | 29.0 низок |
|||||
ИЧР (2021) | ▲ 0.762 висок |
|||||
Валута | Евроa (EUR ) |
|||||
Часовен појас | CET (UTC+1) | |||||
• | (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | ||||
Датумски формат | дд.мм.гггг | |||||
Се вози на | десно | |||||
НДД | .xk (предложен)b | |||||
Повик. бр. | +383 | |||||
а. | Еврото е официјална валута во Косово, иако Косово не е формална членка на еврозоната. | |||||
б. | XK е код „доделен на корисникот“ ISO 3166 кој не е назначен со стандардот, но се користи од Европската комисија, Швајцарија, Deutsche Bundesbank и други организации. Сепак, ISO 3166-2:RS-KM останува во употреба. |
Владата на Република Косово има де факто власт над големиот дел од територијата на Косово, додека Северно Косово, најголемата енклава на Косовските Срби, е под власт на институциите на Република Србија. Србија не ја признава едностраната независност на овој дел, според меѓународното право кое е нејзина територија. Исто така ја смета за своја покраина која е под администрација на Обединетите нации (УНМИК), во составот на својата суверена територија.
Република Косово е призната од 98 членки на Обединетите нации (~51 %) со што нема мнозинство во ООН, и 22 земји од ЕУ (81%). Рамноправен член е на ММФ, Светската банка, Европската банка за обнова и развој, Советот за регионална соработка на земјите на Југоисточна Европа, како и Меѓународната унија за сообраќај.