Југославија е име што означува три различни но последователни политички ентитети што постоеја во поголемиот дел од 20. век на Балканскиот Полуостров, а во чии рамки спаѓаа јужнословенските земји (меѓу кои и Македонија), со исклучок на Бугарија.
- Првата Југославија е кралство формирано во 1918 како Кралство на Србите, Хрватите и Словенците, кое е преименувано во Кралство Југославија во 1929 и постои под тоа име сè до 1941 кога земјата беше окупирана од страна на Силите на Оската.
- Втората Југославија е социјалистичка земја формирана веднаш по Втората светска војна, а од 1943 е позната како Демократска Федеративна Југославија (ДФЈ), од 1945 како Федеративна Народна Република Југославија (ФНРЈ), а потоа од 1963 како Социјалистичка Федеративна Република Југославија (СФРЈ). Во оваа форма таа Југославија останува сè до 1991 кога четири од шесте републики што ја формираат целосно се отцепуваат - Словенија, Хрватска, Македонија и Босна и Херцеговина.
- Третата Југославија го носи името Сојузна Република Југославија (СРЈ) и постои од 1992 до 2003 на територијата на Србија (вклучувајќи ги и автономните провинции Војводина и Косово) и Црна Гора. Во 2003, името Југославија официјално е укинато и земјата станува лабава унија наречена Србија и Црна Гора.
Поврзано
Оваа статија поврзана со Југославија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Wikiwand in your browser!
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.