Обединети нации
светска меѓувладина организација / From Wikipedia, the free encyclopedia
Организација на обединетите нации (ООН) или само Обединети нации (ОН) — меѓународна организација основана на 20 јуни 1945 во Сан Франциско. Сепак како ден на нејзиното основање се слави 24 октомври. Обединетите нации произлегуваат од претходната организација Друштво на народите основана во 1919 г. Седиштето на ООН се наоѓа во Њујорк, САД. Во неа моментално членуваат 193 држави.
|
||||||
Карта на земјите членки на ООН
и нивните зависности признаени од ООН. |
||||||
Седиште | Меѓународна територија во Менхетн, Њујорк | |||||
Службени јазици | англиски, арапски, кинески, руски, француски и шпански | |||||
Членство | 193 земји членки | |||||
Лидери | ||||||
• | Генерален секретар | Антонио Гутерес | ||||
Основана | ||||||
• | Повелба на Обединетите Нации | 26 јуни 1945 | ||||
Страница un.org |
Со исклучок на Ватикан (која е единствена држава постојан набљудувач), сите меѓународно признати и независни држави се членки. Други политички ентитети, имено Република Кина (Тајван), Демократската Република на Арапска Сахара, (Западна Сахара) и Држава Палестина, имаат де факто независност и/или одредено меѓународно дипломатско признание од одредени држави, но не се членки на ООН.
Членството на Обединети нации е отворено за сите мирољубиви држави кои ги прифаќаат обврските на Повелбата на Обединетите нации и според оценката на организацијата, се способни и имаат желба да ги исполнат тие обврски. Генералното Собрание го одредува приемот по препорака на Советот за Безбедност.
Името „Обединети нации“ го дал Френклин Рузвелт за време на Втората светска војна како групна референца за сојузничките сили. Првата формална употреба се наоѓа во Декларацијата на Обединетите нации од 1942 година која ги обврзала сојузниците кон принципите на Атлантскиот пакт и ги обврза да не бараат посебни мировни преговори со Силите на Оската. Името било пренесено на новата организација која била воспоставена од победниците на војната во рамки на одредбите на Атлантскиот пакт и други договори.