Западномакедонско наречје
From Wikipedia, the free encyclopedia
Западномакедонско наречје — едно од трите општи наречја на македонскиот јазик. Западното наречје е група на повеќе дијалекти со слични или приближно слични морфолошки, фонолошки и семантички одлики. Наречјете го опфаќа западниот и централниот дел на Македонија. Ова наречје се дели на две подгрупи: централна група и западна периферна група.