Фудбалската репрезентација на Македонија — државната фудбалска екипа на Македонија, раководена од Фудбалската федерација на Македонија. Најчесто, македонската фудбалска репрезентација ги игра домашните натревари во Национална арена „Тоше Проески“ во Скопје.

Кратки факти Прекари(и), Сојуз ...
 Македонија
Thumb
Прекари(и)Црвени Лавови
Црвено-Жолти Рисови
СојузФФМ
КонфедерацијаУЕФА (Европа)
СелекторМакедонија Благоја Милевски
КапитенЕнис Барди
Најмногу настапиГоран Пандев (122)
Најдобар стрелецГоран Пандев (38)
Домашен стадионНационална арена „Тоше Проески“
ФИФА кодMKD
Thumb
Thumb
Thumb
Thumb
Домашни бои
Thumb
Thumb
Thumb
Thumb
Гостински бои
Пласман на рангирањето на ФИФА
Моментално74 (21 октомври 2021)[1]
Највисок46 (октомври 2008)
Најнизок166 (март 2017)
Прв меѓународен натпревар
Словенија Словенија 1 - 4 Македонија Македонија
(Крањ, Словенија; 13 октомври 1993)
Најголема победа
Лихтенштајн Лихтенштајн 1- 11 МакедонијаМакедонија
(Ешен-Маурен, Лихтенштајн; 9 ноември 1996)
Најлош пораз
 Македонија 0 - 5  Белгија
(Скопје, Македонија; 7 јуни 1995)
 Македонија 0–5 Словачка 
(Скопје, Македонија; 7 октомври 2001)
 Унгарија 5–0 Македонија 
(Будимпешта, Унгарија; 14 ноември 2001)
 Чешка 6–1 Македонија 
(Теплице, Чешка; 8 јуни 2005)
 Англија 7-0  Македонија
(Манчестер, Англија; 19 јуни 2023)
Затвори

Историја на македонската репрезентација

Почетоците на фудбалот во Македонија датираат уште од почетокот на XX век. Македонскиот фудбалски сојуз бил формиран 14 август 1949 во Скопје, како дел од Фудбалскиот сојуз на Југославија. Најпознати играчи од Македонија кои играле во репрезентацијата на Југославија се: Кирил Симоновски - Џина, Благоја Видиниќ, Методија Спасовски, Андон Дончевски, Дарко Панчев, Илија Најдоски и други.

Првиот свој натпревар, фудбалската репрезентација на Македонија го одиграла на 13 октомври 1993 година, во Крањ, против репрезентацијата на Словенија која ја победила со резултат 4:1. Притоа, Македонија настапила со следниов состав: Зоран Мицевски, Кире Грозданов (од 63. минута, Неџмедин Мемеди), Зоран Јовановски, Драган Канатларовски, Илија Најдоски, Чеде Јаневски, Зоран Бошковски (од 86. минута, Ванчо Мицевски), Љупчо Марковски, Дарко Панчев, Бобан Бабунски (од 12. минута, Горан Георгиевски, а од 73. минута, Саше Милошевски) и Тони Мицевски. Селектор на репрезентацијата бил Андон Дончевски. Уште во третата минута, Зоран Бошковски - Чоко го постигнал првиот гол во историјата на македонската репрезентација, во 37. минута Дарко Панчев зголемил на 2:0, а три минути подоцна, Словенија намалила на 1:2, со голот на Пате. Потоа, во 48. минута, Чеде Јаневски зголемил на 3:1, а конечниот резултат го постигнал Драган Канатларовски, во 51 минута.[2]

Во 1994 година, Македонија станала членка на ФИФА, на УЕФА и на Балканската Фудбалска Федерација. Националната репрезентација со официјални активности започнала во 1994 година, во квалификациите за ЕП 1996, кога Македонија била во групата со: Ерменија, Белгија, Кипар, Данска и Шпанија. Оттогаш наваму, Македонија учествува во сите натпревари на УЕФА и ФИФА.

Стадион

Националната арена Филип II Македонски во Скопје е стадионот на кој македонската фудбалска репрезентација ги игра натпреварите на домашен терен. Поранешното име на стадионот е "Градски стадион". Стадионот е изграден во 1947 годинаа, денешнната форма започнал да ја добива во 1978 година, кога започнала изградба на јужната трибина, која била завршена за две години. Во 2009 година, завршила реконструкцијата на северната трибина.

Thumb
Национална Арена „Филип II Македонски

На 12 август 2009 година, по повод 100-годишнината од фудбалот во Македонија, пред 30.000 гледачи, фудбалската репрезентација на Македонија одиграла пријателски натпревар на реновираниот стадион, против тогашниот европски шампион Шпанија. Натпреварот завршил со пораз на Македонија од 2:3, иако македонската репрезентација на полувремето водела со 2-0, со двата гола на Горан Пандев. На 24 април 2011 година, во употреба биле пуштени источната и западната трибина, со што комплетно завршила првата фаза од реконструкцијата. Максималниот капацитет на стадионот изнесува 36.400 гледачи.

Асови на македонскиот фудбал

Македонската репрезентација на ранг-списокот на ФИФА

1994 година

На 17 мај 1994 година, репрезентацијата на Македонија за прв пат се нашла на рангирањето на ФИФА и тоа на 147. место, со само 3 одиграни натпревари. Потоа, на декемвриската ранг-листа, Македонија се искачи на ФИФА ранг листа и се нашла на 90 место со 15 бода.

1995 година

Во декемвриската ранг - листа репрезентацијата на Македонија се нашла на рангирањето на ФИФА и тоа на 94. место со 22 бода, што е за 4 места послабо од 1994 година.

1996 година

Во декемвриската ранг - листа репрезентацијата на Македонија се нашла на рангирањето на ФИФА и тоа на 86. место со 29 бода, што е за 4 места подобар пласман од 1995 година.

1997 година

Во декемвриската ранг - листа репрезентацијата на Македонија се нашла на рангирањето на ФИФА и тоа на 86. место со 29 бода, што е за 4 места подобар пласман од 1995 година.

2014 година

По завршувањето на квалификациите за СП во Бразил, репрезентацијата на Македонија паднала за 11 места на ранг-списокот на ФИФА, објавена во октомври 2013 година, заземајќи го 86. место со 430 бодови.[6]

Истовремено, на првото рангирање на фудбалските репрезентации за 2014 година, спроведено од страна на ФИФА, македонската фудбалска репрезентација го зазела 84. место, со вкупно 425 бодови.[7]

Во март 2014 година, фудбалската репрезентација на Македонија се искачила на 82. место на ранг-списокот на ФИФА, со вкупно 421 бод, што претставувало подобрување за едно место во споредба со претходното рангирање.[8]

На ранг-списокот на ФИФА од август 2014 година, Македонија била на 76. место, со 407 бодови, со што паднала за две места во споредба со рангирањето од јули.[9]

На ранг-списокот на ФИФА, објавен на 18 септември 2014 година, репрезентацијата на Македонија забележала пад од дури 36 места. Притоа, на ова рангирање, Македонија го зазела 112. место во светот, со 286 бодови. Тоа претставувало најголем пад на списокот на ФИФА во историјата на македонската репрезентација. Истовремено, тоа било најлошото рангирање на репрезентацијата од 1994 година, кога била пласирана на 117. место.[10]

Еден месец подоцна, во рангирањето на ФИФА, објавено во октомври 2014 година, Македонија повторно се вратила меѓу првите 100 репрезентации во светот. Имено, по победата над Луксембург од 3:2 и поразот од Украина од 0:1 во рамките на квалификациите за ЕП 2016, Македонија собрала 340 бода и напредувала за 13 места на ранг-листата, пласирајќи се на 99. место.[11]

Во ноември 2014, по поразот на домашен терен од Словачка, македонската репрезентација паднала за четири места на ранг-списокот на ФИФА, заземајќи го 103. место, со 324 бодови. На тој начин, за вторпат по 1994 година, Македонија завршила на трицифрено место во рангирањето на ФИФА, откако на крајот од 2011 година го зазела 103. место.[12]

Најпосле, во последното рангирање на ФИФА за 2014 година, објавено на 18 декември, македонската репрезентација напредувала за три места во споредба со претходниот месец и го зазела 100. место, со 324 бода.[13]

2015 година

Во февруари 2015 година, репрезентацијата на Македонија се нашла на 104. место на списокот на ФИФА, со освоени 320 бодови.[14] Потоа, на мартовската ранг-листа, Македонија паднала за четири места и се нашла на 108. место со 308 бода, при што влегла во групата на десетте најслаби европски репрезентации.[15] Во јуни 2015 година, Македонија направила скок од пет места и се нашла на 100. место на ранг-списокот на ФИФА, со 321 бод.[16] На ранг-списокот на ФИФА од август 2015 година, со освоени 311 бода, репрезентацијата на Македонија била пласирана на 103. место во светот.[17]

2016 година

Во рангирањето на ФИФА во ноември 2016 година, македонската репрезентација назадувала за седум места, заземајќи го 162. место, со 138 бода. Од појавувањето на меѓународната фудбалска сцена, тоа бил најлошиот пласман на македонската репрезентација.[18]

Настапи на квалификации за светски првенства

Како дел од Кралството Југославија и СФРЈ, Македонија учествувала на следниве светски првенства во фудбал:

Откако Македонија е самостојна држава, македонската фудбалска репрезентација сè уште се нема квалификуванo на завршницата на некое светско првенство во фудбал:

  • 1998 - не се квалификувала
  • 2002 - не се квалификувала
  • 2006 - не се квалификувала
  • 2010 - не се квалификувала
  • 2014 - не се квалификувала
  • 2018 - не се квалификувала

Квалификации за СП во фудбал 1998

Група 8

Tабела

Повеќе информации Бр, Тим ...
Бр Тим Pts Pld W D L GF GA GD
1  Романија 281091037433
2  Ирска 181053222814
3  Литванија 17105231183
4  Македонија 131041522184
5  Исланд 9102351116-5
6  Лихтенштајн 0100010352-49
Затвори

Квалификации за СП во фудбал 2002

Група 4

Tабела

Повеќе информации Тим, Pld ...
Тим Pld W D L GF GA GD Pts
 Шведска 108202031726
 Турција 106311881021
 Словачка 10523169717
 Македонија 101451118-77
 Молдавија 10136620-146
 Азербејџан 10127417-135
Затвори

Квалификации за СП во фудбал 2006

Група 1

Tабела

Повеќе информации Tим, Pld ...
Tим Pld W D L GF GA GD Pts
 Холандија 121020273+2432
 Чешка 129033512+2327
 Романија 128132010+1025
 Финска 125162119+216
 Македонија 122371124139
 Ерменија 12219925167
 Андора 12129434305
Затвори

Квалификации за СП во фудбал 2010

Група 9

Tабела

Повеќе информации Tим, Pld ...
Tим Pld W D L GF GA GD Pts
 Холандија 8800172+1524
 Норвешка 824297+210
 Шкотска 8314611510
 Македонија 821551167
 Исланд 812571365
Затвори

Квалификации за СП во фудбал 2014

Квалификациските натпревари за пласман на светското првенство во Бразил 2014 година, Македонија ги завршила на последното место, што претставува најслаб пласман на квалификациските циклуси за европските и светските првенства во историјата на репрезентацијата. Притоа, од вкупно 10 одиграни натпревари, таа остварила две победи (против Велс во Скопје 2:1 и против Србија во Скопје 1:0), еднаш играла нерешено, а претрпила дури седум порази. Во рамките на квалификацискиот циклус, репрезентацијата постигнала 7 голови, а примила 16. На две средби пред крајот на квалификациите, селекторот Чеде Јаневски ненадејно се повлекол од својата функција и бил заменет со Зоран Стратев. По завршувањето на квалификациите, репрезентацијата паднала за 11 места на ранг-списокот на ФИФА, заземајќи го 86. место со 430 бодови.[6][19]

На последниот натпревар, одигран во Јагодина, Македонија била поразена од Србија дури со 5:1, што предизвикало расправии помеѓу играчите и негодување на македонската спорстка јавност. Уште за време на натпреварот, на теренот започнале расправии помеѓу голманот Томе Пачовски и напаѓачот Агим Ибраими, кои продолжиле на полувремето во соблекувалната, кога играчите се навредувале и расправале, а Ибраими го соблекол дресот и барал да биде заменет. Како потврда за нарушените односи, по натпреварот, капитенот Николче Новески изјавил: „Ова веќе не личи на ништо“; напаѓачот Дарко Тасевски на својот фејсбук-профил напишал „Приватна репрезентација“; селекторот Стратев изјавил дека „...од овој избор на играчи, некои не заслужуваат да го облечат државниот дрес“; а Горан Пандев, во интервјуто за „Македонски спорт“ порачал: „Не можам повеќе да молчам и да гледам како тонеме. Ова што се случува со репрезентацијата е една голема срамота... Како резултат на сето ова се повлекувам од понатамошните настапи во дресот со државниот грб...“. Покрај Пандев, како последица на нарушените односи, и неколку играчи најавиле дека повеќе нема да настапуваат за репрезентацијата.[19][20][21]

По неуспехот на квалификациите за СП во Бразил, на 12 декември 2013 година бил ангажиран нов селектор на репрезентацијата - Бошко Ѓуровски, кој потпишал двегодишен договор, со примена од 1 јануари 2014 година.[22]

Група А

Tабела[23]

Повеќе информации Tим, Pld ...
Tим Pld W D L GF GA GD Pts
 Белгија 10820184+1426
 Хрватска 10523129+317
 Србија 104241811714
 Шкотска 10325812411
 Велс 103169201110
 Македонија 1021771697
Затвори

Настапи на европски првенства

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.