Remove ads
From Wikipedia, the free encyclopedia
ФК Лидс Јунајтед — англиски фудбалски клуб со седиште во Лидс, Западен Јоркшир. Клубот во моментов се натпреварува во Премиер лигата, највисокото ниво на англискиот фудбал, откако избориле промоција во Чемпионшип за време на сезоната 2019-2020.
Лидс Јунајтед | ||||
---|---|---|---|---|
Целосно име | Фудбал клуб Лидс Јунајтед | |||
Држава | {{#if:|<span style="margin:0px px 0px {{{lati| Англија | |||
Прекар | бели | |||
Основан | 17 октомври 1919 | |||
Локација | Лидс, Англија | |||
Бои | бела, сина и жолта | |||
Стадион | Еланд Роуд | |||
Капацитет | 37,792[1] | |||
Сопственик | Aser Group Holding (90%) 49ers Enterprises (10%)[2] | |||
Претседател | {{#if:|<span style="margin:0px px 0px {{{lati| Андреја Радрицани | |||
Менаџер | {{#if:|<span style="margin:0px px 0px {{{lati| Џеси Марш | |||
Лига | Премиер лига | |||
2021–22 | Премиер лига, 17-ти | |||
Мреж. место | Официјално мрежно место | |||
| ||||
Тековна сезона |
Клубот е основан во 1919 година, по распуштањето на Лидс Сити од Фудбалската лига, по што го презеле нивниот стадион Еланд Роуд. Поголемиот дел од својата историја Лидс Јунајтед го поминале натпреварувајќи се во првото ниво на англискиот фудбал. Нивниот најдолг континуиран престој во рамките на првото ниво бил период од 18 години помеѓу 1964 и 1982 година, додека нивниот најдолг период надвор од првото ниво траел 16 години помеѓу 2004 и 2020 година.
Лидс трипати бил шампион на Англија, а покрај тоа во својата историја имаат освоено и еден ФА куп, еден Лига куп, два Черити/Комјунити шилда и два Купа на саемските градови. Клубот, исто така, играл финале на Купот на шампионите, во кое загубиле од Бајерн Минхен, и полуфинале во Лигата на шампионите во сезоната 2000-2001.[3] Меѓу другите меѓународни успеси се вбројува и финалето на Купот на победниците на куповите во 1973. Најголемите успеси клубот ги остварил под раководството на менаџерот Дон Реви во 60-тите и 70-тите години на минатиот век.
Својте домашни натпревари клубот ги игра на Еланд Роуд уште од 1919 година, и до денес, тој е единствениот стадион кој клубот го користел низ целата своја историја. Првата комбинација на клубот вклучува комплетно бела опрема (бели дресови и бели шорцеви), па оттаму и прекарот бели. Лидс има големо соперништво со Манчестер Јунајтед и Челси, како и со локалните клубови како Хадерсфилд Таун, Брадфорд Сити, Шефилд Јунајтед и Шефилд Венздеј.
Пред формирањето на Лидс Јунајтед, англискиот град Лидс во фудбалската лига го претставувала друга формација, Лидс Сити, основан во 1904 година и разрешен од фудбалската лига во 1919 година поради некои незаконски плаќања направени за купување на некои играчи за време на Првата светска војна.
Затоа било одлучено да се формира нов клуб кој ќе го претставува градот, Лидс Јунајтед, кој започнал да игра во Мидленд лигата, англиска лига од второлигашко друштво во која често играле младинските тимови од прволигашките формации: на почетокот Лид Јунајтед го зазел слободното место оставено од резервната формација на стариот Лидс Сити.
Во 1920 година, Лидс Јунајтед бил признат од англиската фудбалска федерација и на тој начин бил во можност да учествува на домашните натпреварувања. Во истата година, клубот бил купен од Хилтон Кроутер, претседател на Хадерсфилд Таун.
На 31 мај 1920 година, Лидс Јунајтед бил избран во Фудбалската лига, започнувајќи ја сезоната 1920-1921 во Втората дивизија. Таму се натпреварувале до 1924 година, кога ја освоиле титулата во дивизијата и избориле промоција во Првата дивизија. Тие не успеале да се етаблираат таму и испаднале во сезоната 1926–1927. Во годините до почетокот на Втората светска војна, Лидс уште двапати претрпел испаѓање; во двата наврати тие повторно успевале да изборат промоција веќе во следната сезона. Во 1947 година, непосредно по војната, „белите“ испаднале и по трет пат, во најлошата сезона во нивната историја.
Лидс останал во Втората дивизија сè до сезоната 1955-1956, кога уште еднаш освоиле промоција во Првата дивизија, овојпат инспирирани од одличниот велшанец Џон Чарлс. Чарлс бил гладен за успех на највисоко ниво, а менаџерот Раих Картер не бил во можност да го убеди дека Лидс може да ги задоволи неговите амбиции. Како резултат на тоа, Чарлс бил продаден на Јувентус за тогашен светски рекорд од 65,000 фунти. Загубата на Чарлс резултирала со испаѓање на Лидс во Втората дивизија во сезоната 1959-1960.
Во март 1961, клубот го ангажирал еден од најважните тренери во својата историја: Дон Реви. Во својата прва сезона тој наишол на многу потешкотии, бидејќи клубот бил во многу лоша финансиска состојба. На крајот на сезоната 1961-1962, Лидс успеал да избегне испаѓање во Третата дивизија буквално во последните кола од сезоната. Сепак, само две години подоцна во сезоната 1963-1964, Реви успеал да го врати тимот во врвната дивизија во англиската лига. Од 1965 до 1974 година, Лидс на Реви никогаш не завршил една сезона под првите четири на табелата и постигнал низа успеси што го однеле клубот до врвот во Англија и Европа.
Белите во овој златен период за нив освоиле две шампионски титули во сезоната 1968-1969 и 1973-1974, потоа го освоиле ФА Купот во сезоната 1971-1972 и Лига купот во 1967-1968. Во истите години, тимот исто така успеал да најде потврда за својот добар момент на континентално ниво со освојување на Купот на саемските градови двапати, во 1968 и во последното издание на турнирот во 1971; на 22 септември истата година англичаните го одиграле суперфиналето што УЕФА го организирала за дефинитивно доделување на трофејот, против Барселона, клуб кој неколку пати претходно успеал да го освои купот. Сепак, Лидс не успеале да ги совладаат каталонците предавајќи им го трофејот по поразот со 2-1.
Во текот на годините на Реви, Лидс пет пати бил втор во поредокот; клубот исто така стигнал до неколку финалиња во кои не го освоиле трофејот, како ФА Купот (во 1965, 1970 и 1973), Купот на саемските градови во 1967 и Купот на победниците на куповите 1973 година, последниот го загубиле многу контроверзно. Последната сезона на кормилото на белите на Реви била сезоната 1973-1974, кога Лидс ја освоил својата втора титула во лигата, а веќе следната година менаџерот седнал на клупата на англиската репрезентација којашто штотуку не успеала да се квалификува за Светското првенство.
На 20 јули 1974 година, Брајан Клaф, кој го напуштил Брајтон по само 8 месеци, ја презел клупата на Лидс од Дон Реви, кој бил назначен за селектор на Англија. Неговото доаѓање било остро критикувано од навивачите кои со години биле поврзани со тактичкиот пристап на стариот тренер. Под раководство на Клаф, Лидс започнал лошо со пораз во Черити Шилд од Ливерпул и тимот никогаш не успеал да покаже добра игра, обезбедувајќи перформанси на многу ниско ниво. Во биографскиот филм „Проклетиот Јунајтед“, авторот Дејвид Мир ги опишува Дон Реви и Брајан Клаф како лути соперници. Поради тоа, играчите на Лидс останале приврзани за Реви и никогаш не го прифатиле Клаф, обвинувајќи го дека тој отсекогаш го мразел нивниот тим и се обидува да го деградира, со просечни тренинзи и избирање на најлошите играчи да ги започнуваат натпреварите. Главните промотори на бунтот биле Џо Џордан и Гордон Меквин. Така, Брајан Клаф не успеал да најде договор со околината и конечно, по четириесет и четири дена неуспех, тој бил отпуштен од фунцијата. На негово место бил ангажиран Џими Армфилд, поранешен капитен на англиската репрезентација.
Со доаѓањето на новиот менаџер, тимот добил воочлив полет особено во Купот на шампиони каде што Лидс триумфално стигнал до финалето на 28 мај 1975 каде на Паркот на принцовите во Париз ги одмериле силите со Бајерн Минхен: натпреварот завршил со резултат 2-0 во корист на германскиот тим по доста контроверзни околности.[4] Инцидентите предизвикани од приврзаниците на двата тима довеле до тоа УЕФА да му забрани на Лидс да игра натпревари од кое било натпреварување управувано од конфедерацијата за четири сезони до 1980 година,[4] кои последователно биле сведени на две, сепак, означувајќи го крајот на континенталниот циклус на белите, кој започнал кон крајот на 1960-тите.[5]
Во следните години Армфилд пробал да ги повтори претходните успеси на клубот потпирајќи се на истиот тим кој бил изграден од Реви, но иако повеќе не доминирале во англискиот фудбал, Лидс останал во првите десет на табелата и во следните сезони. Сепак, управниот одбор станал нестрплив за успех и го отпуштил Армфилд во 1978 година, заменувајќи го со Џок Штајн, кој исто како и Клаф претходно траел само 44 дена пред да замине за да ја преземе функцијата во шкотската репрезентација. Џими Адамсон го зазел неговото место на клупата, но неговиот придонес не успеал да го запре падот што започнал по финалето во Купот на шампионите. Во 1980 година, Адамсон бил заменет од поранешниот играч на клубот Алан Кларк. И покрај тоа што трошел слободно на играчи, тој не успеал да ја запре "водата која течела од браната" и клубот на крајот испаднал во понизок ранг на крајот од сезоната 1981–1982.
Веднаш по испаѓањето, Кларк бил заменет од својот некогашен соиграч Еди Греј. Со малку финанисиски средства на располагање, Греј се концентрирал на давање шанса на млади фудбалери од академијата на клубот, но во крајна линија оваа политика не му се исплатила на менаџерот и откако не успеал да освои промоција, во 1985 година тој бил отпуштен.[6]
По заминувањето на Греј, клубот за нов менаџер го назначил Били Бремнер, поранешен капитен и една од најголемите играчки ѕвезди на Лидс Јунајтед во периодот под водството на Реви. Во 1987 година, Бремнер успеал да го однесе тимот до плејофот за промоција каде белите биле поразени со 3-2 од Чарлтон Атлетик по продолженијата.
Во октомври 1988 година, кога Лидс се нашол на 21-вата позиција на табелата, Бремнер добил отказ и на негово место дошол Хауард Вилкинсон; откако го спасил клубот од испаѓање во уште понизок ранг во неговата прва сезона, токму Вилкинсон станал човекот кој по осум години пауза го вратил Лидс во Првата Дивизија во следната сезона 1989-1990. Големи заслуги за овој успех имало и новото засилување на клубот Гордон Страхан, кој дошол од Манчестер Јунајтед во март 1989 година и постигнал 16 гола за белите во сезоната на промоцијата. Покрај Страхан како архитекти на овој успех се сметаат уште неколку играчи коишто го засилиле Лидс по доаѓањето на Вилкинсон како Вини Џонс, Мел Стерланд, Ли Чапман и Крис Ферклаф. Овие важни засилувања додале дополнителен квалитет на тимот полн со таленти одгледувани во расадникот од кои пред сè се истакнале Дејвид Бати и Гари Спид.
Откако избориле промоција, Вилкинсон ја продолжил својата работа на консолидација на тимот, отфрлајќи ги играчите кои според него биле несоодветни за нивото на Првата Дивизија и на нивно место купил други од повисока класа, како што биле голманот Џон Лукиќ, едно од најскапите засилувања во историјата на белите, дефанзивецот Крис Вајт и шкотскиот играч за врска Гари МекАлистер. Во првата сезона по враќањето во највисокото фудбалско друштво во Англија, Лидс завршил на четвртото место. Одличната сезона го поттикнала раководството на клубот да му угоди на Вилкинсон и следната сезона биле купени дефанзивецот Тони Дориго, играчот за врска Стив Хоџ и талентираниот француски напаѓач Ерик Кантона, кој заедно со Род Валас формирале страшен напаѓачки тандем. Благодарение на овие важни засилувања, клубот успеал да ја освои својата трета титула во својата историја во 1992 година, а истата година триумфирале и во Черити Шилд, англискиот Суперкуп, совладувајќи го Ливерпул со 4-3. Интересно, сезоната 1991-1992 во која Лидс станал шампион воедно била и последната сезона во која Првата Дивизија била најсилната фудбалска лига во Англија, пред да биде заменета од Премиер лигата веќе во следната сезона.
Следната сезона, во дебито во Премиер лигата, Лидс завршил седумнаесетти, три места погоре од зоната за испаѓање. Тимот на Вилкинсон во следните години никако не успеал да се замеша посериозно во борбата за нова првенствена титула, но во 1996 година стигнале до финалето во Лига купот, каде сепак загубиле од Астон Вила. Откако сезоната 1995-1996 ја завршиле на 13-тото место, по убедливиот пораз од Манчестер Јунајтед на почетокот на следната сезона Вилкинсон бил отпуштен. Едно од големите наследства кое го оставил Вилкинсон и тренерот на младинските категории Пол Харт бил развојот на младинската академија на Лидс Јунајтед, која произвела бројни талентирани фудбалери низ текот на годините.
Во 1996 година Џорџ Греам го заменил Вилкинсон на клупата; неговото доаѓање било причина за неколку полемики од медиумите и навивачите. Греам претходно претрпел долга дисквалификација од федерацијата, поради некои незаконски плаќања направени на агенти на некои играчи. Новиот менаџер направил неколку остроумни засилувања, благодарение на што Лидс успеал да се пласира во Купот на УЕФА. Во октомври 1998 година, Греам ја напуштил функцијата и го преземал Тотенхем, а неговото место го заземал неговиот дотогашен асистент Дејвид О'Лири. Заедно со О'Лири во клубот се вратил и Еди Греј како негов помошник. Благодарение на оваа двојка, која вовела многу млади таленти во светот на англискиот фудбал какви што биле дефанзивецот Џонатан Вудгејт, напаѓачот Алан Смит и играчот за врска Стивен МекФејл, нивниот талент му помогнал на тимот да стигне до полуфиналето на Купот на УЕФА и до третото место во поредокот во Премиер лигата, благодарение на што Лидс се квалификувал во УЕФА Лигата на шампионите.
Заедно со Мајкл Џонс, Смит до денес е најдобар стрелец (со 14 гола) на Лидс во европските фудбалски натпреварувања. Во истата сезона, клубот стигнал до полуфиналето на Купот на УЕФА, каде англичаните се соочиле со турскиот Галатасарај. Пред почетокот на првиот натпревар одигран во Турција, двајца навивачи на Лидс, Кристофер Лофтус и Кевин Спејт, ги загубиле своите животи, откако биле жртви на насилството на некои екстремни навивачи на турскиот тим.[7][8] На реваншот било забележано едноминутно молчење, кое оттогаш се повторува секогаш кога Лидс игра натпревар близу до датумот на трагедијата, 9 април 2000 година.
Во јануари 2000, имиџот на Лидс бил нарушен од инцидент во кој учествувале двајца играчи, Џонатан Вудгејт и Ли Бојер, кои нападнале индиски студент во центарот на градот.[9]
По важната европска сезона, Питер Ридсдејл, претседателот на клубот, решил да побара финансиски средства преку бројни позајмици кои ги искористиле во трансфер кампањата, со можност за враќање на готовината со средствата добиени од ТВ-правата и наградите од квалификациите во Лигата на шампионите. Во сезоната 2000-2001, О'Лири го водел Лидс до полуфиналето во Лигата на шампионите, против Валенсија на Ектор Купер: во првиот натпревар одигран на Еланд Роуд белите ремизирале со шпанците играјќи 0-0, но на реваншот во Валенсија биле тешко поразени со 3-0. Сепак, и покрај добрата европска сезона, во лигата Лидс не успеал да стигне до зоната за влез во најсилното континентално натпреварување, завршувајќи 4-ти во Премиер лигата. Неуспехот клубот да се квалификува во Лигата на шампионите ги расипал плановите на претседателот, па клубот не можел да добие доволно пари за да ги исплати своите долгови тонејќи во финансиска криза.
Финансиската криза го принудила раководството да продаде некои од најрепрезентативните играчи, како Рио Фердинанд, кој бил продаден на Манчестер Јунајтед за 30 милиони фунти. О’Лири, за разлика од претседателот, се повлекол од функцијата во 2002 година и бил заменет со Тери Венеблс. Со новиот менаџер, клубот не успеал да постигне добро разбирање, откако биле продадени и други играчи со цел да се затворат долговите, како Џонатан Вудгејт, за кого Ридсдејл му ветил на Венеблс дека нема да биде продаден. Под водството на Венеблс Лидс се претставувал многу под своето вообичаено ниво од претходните сезони, што кулминирале со отпуштање на менаџерот во март 2003. На неговото место дошол Питер Рид,[10][11] а неколку дена подоцна и претседателот Ридсдејл поднел оставка и бил заменет на функцијата од професорот по економија на универзитетот во Лидс, Џон Мекензи. Во тоа време Лидс се наоѓал во опасната зона за испаѓање, но под водството на Рид резултатите се стабилизирале и во конечниот пласман успеале да избегнат испаѓање во претпоследниот натпревар во сезоната, совладувајќи го Арсенал со 2-3 на Хајбери благодарение на доцниот гол на Марк Видука.
На Рид му бил доделен перманентен договор во летото 2003, но лошиот почеток на сезоната 2003-2004 го принудила клубот на нова промена на клупата, улога што повторно му била доверена на Еди Греј, додека во истата година дојде и до нова промена на претседателството, каде Џералд Краснер ја презел функцијата. Сезоната завршила со испаѓање на Лидс, по четиринаесет години во елита, откако клубот завршил на претпоследното место на првенствената табела.
По испаѓањето во Чемпионшип, помошникот на Греј, Кевин Блеквел, бил назначен за нов менаџер. Повеќето од преостанатите играчи биле продадени или ослободени со бесплатни трансфери за понатамошно намалување на буџетот за високи плати; Блеквел бил принуден да го обнови скоро целиот состав преку бесплатни трансфери.[12][13] Лидс, исто така, биле принудени да ги продадат своите корпоративни недвижнини и имотот Еланд Роуд, нивниот стадион, за 4,2 милиони фунти во есента 2004 година. Одборот конечно го продал клубот на Кен Бејтс за 10 милиони фунти.[14] Под водство на Блеквел, Лидс стигнал до финалето на плејофот на Чемпионшип, во кое загубиле од Вотфорд. Сепак, следната сезона била многу поразлична за клубот и Лидс се нашол близу до дното од табелата, по што Блеквел бил отпуштен, а со неговата замена Денис Вајс, работите станале уште полоши, па Лидс претрпел ново испаѓање во понизок ранг.
Хронологија на ФК Лидс Јунајтед | |
---|---|
|
За време на првите петнаесет години од основањето на клубот, опремата на Лидс се состоела од сино-бел пругаст дрес со вертикални ленти - сличен на дресот на екипата на Хадерсфилд Таун -, со бели шорцеви и темносини чорапи. Во 1934 Лидс се префрлил во сини и жолти дресови, бели шорцеви и сини чорапи со жолти врвови. Оваа опрема за првпат ја носеле на 22 септември 1934 година; истата година клубот го усвоил својот прв амблем, истиот кој го имал и нивниот претходник Лидс Сити. Во 1950 клубот се префрлил на жолти дресови со сини ракави и јаки, црно-бели шорцеви и сини и златни чорапи. Во 1955 година Лидс повторно се променил: сега носеле сини дресови со златни јаки, бели шорцеви и сини и жолти чорапи со кругови, со што ја повториле опремата на оригиналниот Лидс Сити. Во 1961 година, под водството на легендарниот Дон Реви бил претставен целосно белиот дрес во кој клубот игра и денес.
Амблемот на Лидс Јунајтед се одликува со нивните дресови уште од 1964. Кон крајот на 60-тите и раните 70-ти, Лидс ја користел скратеницата „LUFC“, која сè уште е присутна на логото, но ова било повеќе претставено дијагонално отколку вертикално. Во 1977 година амблемот бил опкружен со жолто и сино, а следната година тој повторно бил жолт, но затворен во круг со зборовите Лидс Јунајтед АФК кои го опкружувале. Во 1978-79 година, било украсено ново лого, кое било слично на претходното, но имало дизајн на паун. Во 1984, бил воведен нов беџ, кој траел до 1998, што го прави најдолговечен во модерната ера. На овој амблем биле присутна карактеристичната роза со топка на неа, во традиционалните сина, златна и бела боја, и тој претставува инкорпорирање на Белата роза од Јорк заедно со името на клубот. Во сезоната 1998-1999 година, сегашното лого било официјално усвоено, со некои модификации на последното, како на пример Белата роза од Јорк била во сина, златна и бела боја, а натписот „LUFC“ бил поставен вертикално по центарот.
Химната на Лидс Јунајтед ги вклучува следниве стихови во спомен на историскиот играч Били Бремнер.
Таа гласи:
Little Billy Bremner is the captain of the crew
For the sake of Leeds United he would break himself in two
His hair is red and fuzzy and his body's black and blue
As Leeds go marching on.
Лидс ги игра своите домашни натпревари на Еланд Роуд (Old Peacock Ground). Изграден во 1897 година и реновиран во 1994 година, тој е домаќин на домашните натпревари на белите од 1919 година.
Плацот на кој е изгаден стадионот се наоѓа во областа Бестон. Еланд Роуд е најголемиот стадион во Јоркшир и 11-ти по големина во Англија. Тој е вечен дом на Лидс Јунајтед почнувајќи уште од 1919 година, а за кратко време пред тоа тој бил домот и на нивните претходници: Лидс Сити.
Има капацитет од над 39.000 места, а теренот е со димензии 105 х 68 метри. Еланд Роуд бил домаќин на полуфинале од ФА купот неколку пати како неутрален терен, а исто така, бил избран како еден од стадионите на кои се играло на Европското првенство 1996, што се одржало во Англија.
Надвор од стадионот има статуи на две лица кои се наоѓаат во историјата на белите: Били Бремнер, историски капитен (а подоцна и тренер) на Лидс кој играл 17 години во клубот, и Дон Реви најтрофејниот тренер (меѓу другите и на самиот Бремнер) во историјата на клубот, кон крајот на 60-тите и 70-тите години.
|
|
Најмногу настапи |
Најдобри стрелци
|
Подолу е списокот на стотте најдобри играчи на клубот составен во 2000 година и објавен на официјалното мрежно место на клубот.[15].
|
|
|
|
|
Домашни натпреварувања
Регионални натпреварувања
Меѓународни натпреварувања
Младински натпреварувања
|
Останати пласмани
|
|
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.