Remove ads
From Wikipedia, the free encyclopedia
Патрик Бамфорд (роден на 5 септември 1993 во Грантам) — англиски фудбалер, напаѓач на Лидс Јунајтед.
Патрик Бамфорд | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 5 септември 1993 | ||
Роден во | Грантам, Англија | ||
Држава | {{#if:|<span style="margin:0px px 0px {{{lati| Англија | ||
Висина | м | 1,85||
Позиција | напаѓач | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Лидс Јунајтед | ||
Број | 9 | ||
Младинска кариера | |||
Нотингем Форест | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2011–2012 | Нотингем Форест | 2 | (0) |
2012–2017 | Челси | 0 | (0) |
2012–2013 | → МК Донс | 37 | (18) |
2014 | → Дарби Каунти | 21 | (8) |
2014-2015 | → Мидлсбро | 38 | (17) |
2015 | → Кристал Палас | 6 | (0) |
2016 | → Норич Сити | 7 | (0) |
2016-2017 | → Барнли | 7 | (0) |
2017-2018 | Мидлсбро | 47 | (12) |
2018- | Лидс Јунајтед | 72 | (31) |
Репрезентација ‡ | |||
2010 | {{#if:|<span style="margin:0px px 0px {{{lati| Ирска 18 | 1 | (0) |
2010-2011 | {{#if:|<span style="margin:0px px 0px {{{lati| Англија 18 | 2 | (0) |
2012 | {{#if:|<span style="margin:0px px 0px {{{lati| Англија 19 | 2 | (1) |
2013-2014 | {{#if:|<span style="margin:0px px 0px {{{lati| Англија 21 | 2 | (0) |
* Ажурирано на: 6 јануари 2011 ** Ажурирано на: 17 ноември 2010 |
Бамфорд е разноврсен напаѓач, кој може да игра како осамен шпиц (начин на кој исклучиво бил користен од Биелса од неговото доаѓање во Лидс) или во пар со уште еден напаѓач, а во текот на својата кариера бил користен и како офанзивен играч од средниот ред или како крило на двете страни од теренот. Неговите најголеми квалитети се добрата техника и способноста да игра со топката, како и силата во играта во воздухот.[1][2]
Својата кариера Бамфорд ја започнал во екипата на Нотингем Форест, приклучувајќи се на академијата на овој клуб на возраст од 8 години. Откако ги поминал сите младински категории во клубот, на 21 септември 2011, тој за првпат бил повикан во првиот тим на Форест за време на натпреварот од третото коло на Лига купот против Њукасл Јунајтед на Сити Граунд, но во истиот останал неискористена замена.[3] Своето деби сепак го направил против Кардиф Сити во поразот на домашен терен со 0-1 на 31 декември, влегувајќи како замена за Мат Дербишир на 12 минути пред крајот.[4] Тој се појавил во игра и во следниот натпревар на Форест на 2 јануари 2012, повторно влегувајќи како замена овојпат на местото на Енди Рид, кога Нотингем на гости го победил Ипсвич Таун со 3-1 на Портман Роуд.[5]
На 31 јануари 2012 година, Бамфорд потпишал петгодишен договор со Челси, кој му исплатил на Нотингем Форест надомест од 1,5 милиони фунти.[6][7] Сепак, периодот во Челси тој го поминал играјќи за резервниот тим пред да биде проследен на разни позајмици и никогаш не забележал ниту еден настап за првиот тим на сините.
На 22 ноември 2012 година, тој бил позајмен на Милтон Кинс Донс до 7 јануари 2013.[8] Тој дебитирал три дена подоцна против Колчестер Јунајтед, и го завршил натпреварот со три асистенции. По импресивното деби менаџерот на МК Донс Карл Робинсон изјавил дека се надева дека Бамфорд ќе остане во клубот до крајот на сезоната.
На 31 јануари 2013 година, заемот на Бамфорд бил продолжен до 20 мај,[9] импресинорајќи доволно пред да се здобие со повреда на тетивата. На 19 март, тој го постигнал првиот гол во својата професионална кариера против Кру на Грести Роуд.[10]
На 1 јули, Бамфорд бил позајмен уште еднаш од Челси на МК Донс до 5 јануари 2014 година.[11] Бамфорд одиграл одлично и постигнал 14 првенствени голови на 23 настапи за МК Донс во овој шестмесечен период, со што се појавиле шпекулации дека ќе биде испратен на позајмица во клуб од повисоко ниво. На 31 декември, Робинсон потврдил дека Бамфорд нема да се врати во МК Донс по истекот на неговиот договор за заем.[12] Последниот настап за Милтон Кинс го имал на 4 јануари 2014 година, каде го постигнал својот 17-ти гол во сезоната во ремито 3-3 во третото коло од ФА Купот против бранителот на титулата Виган Атлетик.[13]
На 3 јануари 2014, било потвреден од Дарби Каунти дека Бамфорд ќе му се приклучи на овој клуб на заем до крајот на сезоната.[14] Бамфорд дебитирал за Дарби влегувајќи како замена на 10 јануари 2014 година, во поразот со 4-1 на гостувањето кај Лестер Сити.[15] Својот прв погодок за овните тој го постигнал во неговиот следен натпревар, на домашен терен против Брајтон и Хоув Албион, отворајќи го резултатот во 76-та минута откако претходно се појавил во игра како замена на местото на Сајмон Докинс во 59-тата минута. На 25 јануари, тој го постигнал својот веќе 19-ти гол за сезоната 2013-2014 (сметајќи ги и оние 17 за МК Донс) во ремито 1-1 против Блекбурн Роверс.[16] Бамфорд ја продолжил својата одлична форма - откако постигнал гол и на следните два натпревари, против Јовил Таун на 28 јануари[17] и против Бирмингем Сити на 1 февруари.[18] На 18 февруари, со својот гол единствен во натпреварот тој му донел победа на Дарби од 1-0 на гостувањето на Хилсборо против Шефилд Венздеј.[19] По период на суша во кој Бамфорд не успеал да се запише во списокот на стрелците на следните шест натпревари за Дарби, тој сепак го сторил тоа на 25 март, во поразот со 2-1 од Ипсвич.[20] Веќе во следниот натпревар на 29 март против Чарлтон Атлетик, тој погодил уште еднаш реализирајќи го вториот од трите гола на својот клуб, искористувајќи ја грешката на противничкиот капитен Џони Џексон во 38-мата минута.[21] Својот 25-ти и последен гол за сезоната 2013-2014, воедно 8-ми за Деаби Каунти, Бамфорд го постигнал на гостувањето кај Блекпул во победата со 3-1 на 8 април 2014.[22]
Отако позајмицата во Дерби му завршила, Бамфорд во летото 2014 се вратил на кратко во Челси, меѓутоа само за да биде проследен на нова позајмица. На 29 август 2014 година, Бамфорд му се приклучил на Мидлсбро на заем до 1 јануари.[23][24] Своето деби за „Боро“ го напрвил влегувајќи како замена на 30 август 2014 година, во поразот со 0-1 на домашен терен од Рединг.[25] На 20 септември, тој го постигнал својот прв гол за новиот клуб во неговиот прв старт во почетниот состав на Мидлсбро, при победата со 4–0 на домашен терен над Брентфорд.[26]
На 23 септември, Бамфорд го заменил Грант Лидбитер за последните осум минути од продолженијата на натпреварот од третото коло на Лига купот против Ливерпул на 23 септември. Во надополнетото време на второто продолжение, тој бил фаулиран од Коло Туре за пенал кој самиот тој го извел и го претворил во гол за да израмни на 2–2, со што го пратил натпреварот во изведување пенали. Иако неговиот пенал во серијата бил одбранет од Симон Мињоле, сепак откако натпреварот не бил решен кругот се вратил повторно до него и овојпат тој бил прецизен, но Мидлсбро на крајот загубил со 14-13 во пенал-серијата.[27]
По натпреварот против Ливерпул, тој минал низ период од четири одиграни натпревари без да постигне гол. Неговата суша била прекината на 1 ноември, кога Бамфорд го постигнал првиот гол за Мидлсбро во победата со 3-0 над Ротерам Јунајтед. Три дена подоцна, тој постигнал уште еден гол во победата со 4-0 против Норич Сити. На 22 ноември, Бамфорд влегол од клупата во 55-тата минута против Виган Атлетик и три минути подоцна го изедначил резултатот; натпреварот завршил нерешено 1-1.[28] Бамфорд ја продолжил одличната голгетерска форма, постигнувајќи гол на 29 ноември против Блекбурн Роверс и на 6 декември против Милвол; стигајќи до четири гола на пет натпревари.
На 31 декември, позајмицата на Бамфорд во Мидлсбро била продолжена до крајот на сезоната.[29] На 24 јануари 2015 година, во четвртото коло од ФА Купот, Бамфорд ја искористил грешката на Фернандо за да го отвори резултатот, во натпревар во кој Мидлсбро го победил актуелниот шампион на Премиер лигата, Манчестер Сити, со 2-0 на гости.[30]
На 3 април, со својот 17-ти гол за сезоната Бамфорд го одвел Мидлсбро на врвот на табелата во Чемпионшип лигата, по победата со минимални 1-0 против Виган Атлетик.[31] На 11 април, Бамфорд го постигнал својот 18-ти гол во сезоната против Ротерам Јунајтед, но промашил пенал во судиското продолжение од натпреварот за чије изведување претходно дошло до караница меѓу него и неговиот тимски-колега напаѓачот Кике кој го изборил пеналот. Подоцна, Бамфорд открил дека е назначен за изведувач на пеналите и му се извинил јавно на својот соиграч за промашувањето на пеналот.[32] Истиот месец, тој бил номиниран за награди на фудбалската лига за Играч на годината во Чемпионшип и Млад играч на годината;[33] Бамфорд ја освоил првата награда, а втората му припаднала на Деле Али од Милтон Кинс Донс.[34]
Бамфорд ја завршил сезоната 2014-2015 со вкупно 19 погодоци, од кои 17 постигнати во лигата, што го направило најдобар стрелец на Боро за сезоната.[35]
По одличната сезона во Чемпионшип во дресот на Мидлсбро, на 21 јули 2015 година, Бамфорд бил проследен на нова позајмица овојпат во Кристал Палас, клуб кој се натпреварувал во англиската елитна дивизија - Премиер лигата.[36] Бамфорд останал неискористена замена за воведниот натпревар на Палас против Норич Сити на 8 август, а своето деби го направил осум дена подоцна во поразот со 1-2 од Арсенал на Селхрст Парк, влегувајќи како замена за последните 10 минути на местото на Џејмс МекАртр.[37]
Откако одиграл само 9 натпревари во првиот дел од сезоната, на 28 декември, Бамфорд ја прекинал својата позајмицата во Кристал Палас и се вратил во Челси, непосредно откако се појавил како замена во ремито 0-0 против Свонзи Сити. Како обрзаложение за неговото заминување Бамфорд го навел недостатокот на минути поминати на теренот.[38]
На 30 јануари 2016 година, откако ја прекинал позајмицата во Кристал Палас, Бамфорд му се приклучил на Норич Сити како позајмен играч до крајот на сезоната.[39] 159/5000 На 6 февруари 2016 година, Бамфорд го имал своето деби со канаринците во поразот со 2-0 на гостувањето кај Астон Вила влегувајќи на местото на Вес Хулахан во 56-тата минута од натпреварот.[40] На 12 март 2016 година, Бамфорд го забележил својот прв старт во почетниот тим во еден натпревар од Премиер лигата, во ремито 0-0 против Манчестер Сити, во натпревар во кој ја имал најдобрата можност да постигне погодок кога со удар од близу 23 метри ја погодил пречката.[41]
Откако направил седум настапи за Норич во вториот дел од сезоната 2015-2016, неговиот престој таму бил завршен поради испаѓањето на клубот од Премиер лигата. На 30 август 2016 година, Бамфорд му се приклучил на Барнли на заем до крајот на сезоната.[42] Десет дена подоцна, тој дебитирал за клубот влегувајќи како замена на местото на Андре Греј во 80-тата минута од натпреварот против Хал Сити, кој завршил нерешено 1-1.[43] После шест настапи во Премиер лигата, неговиот заем бил прекинат откако бил повлечен од Челси на 14 јануари 2017 година,[44] откако Бамфорд имал несогласувања со менаџерот на Барнли Шон Дајч за време на неговиот престој во клубот.[45]
На 18 јануари 2017 година, Бамфорд се вратил во Мидлсборо, сега во Премиер лигата, со договор на четири и пол години за надомест од 5,5 милиони фунти. Така, тој повторно се обединил со менаџерот Аитор Каранка.[46] Три дена подоцна, тој дебитирал на клупата во поразот со 3-1 против Вест Хем Јунајтед.[47] На 8 мај 2017 година, прв пат по напуштањето на клубот со кој бил под договор сè до јануари 2017, Бамфорд се соочил со својот поранешен клуб Челси во поразот од 3-0 на Стемфорд Бриџ, што резултирал со испаѓање на Мидлсбро.[48] На 13 мај, Бамфорд го направил својот прв старт за сезоната и го постигнал својот прв гол во Премиер лигата во поразот со 1-2 од Саутхемптон.[49]
Следната сезона во Чемпионшип Бамфорд најчесто играл како крило за Мидлсбро. Сепак, по повредата на напаѓачот Руди Гестед во февруари 2018 година,[50] Бамфорд бил преместен од крило во улога на осамен напаѓач под раководството на менаџерот Тони Пјулис, каде што процветал.[51] На 2 март 2018 година, Бамфорд го постигнал својот прв хет-трик во кариерата против Лидс Јунајтед во победата со 3-0.[52] Сезоната 2017-2018 ја завршил со 13 гола во 44 настапи во сите натпреварувања,[53] помагајќи му на Мидлсбро да стигне до полуфиналето на плејофот во Чемпионшип, каде биле елиминирани од Астон Вила.[54]
На 31 јули 2018 година, Бамфорд му се приклучил на Лидс Јунајтед потпишувајќи четиригодишен договор со клубот.[55] Се верува дека надоместот изнесувал 7 милиони фунти (во зависност од бонусите може да достигне до 10 милиони фунти),[56] правејќи го Бамфорд најскапото засилување на Лидс за околу 17 години по Роби Фаулер кој му се приклучил на клубот од Западен Јоркшир во 2001 година.[57][58] Тој дебитирал на 11 август во победата со 4-1 на гостувањето кај неговиот поранешен клуб Дерби Каунти.[59][60] На 14 август, Бамфорд го имал својот прв старт за Лидс во натпревар од Лига купот против Болтон Вондерерс, во кој го постигнал и неговиот прв гол за клубот во победата со 2-1.[61] На почетокот на месец септември 2018, играјќи за тимот под 23 години Бамфорд се здобил со сериозна повреда на коленото.[62] Следната недела, од Лидс објавиле дека напаѓачот претрпел повреда на задниот вкрстен лигамент и се соочува со пауза од четири месеци.[63] На 15 декември, Бамфорд се вратил во акција по повредата влегувајќи како замена во второто полувреме против Болтон, отворајќи го резултатот со неговиот прв лигашки погодок за клубот воедно носејќи му победа на Лидс од 1-0.[64] Сепак, тој заработил уште една повреда на лигаментите на коленото на тренингот пред следниот натпревар против Астон Вила и повторно бил исклучен од акција неколку недели.[65] Враќајќи се на теренот на 2 февруари 2019 година, тој постигнал гол во поразот со 3-1 од Норич Сити.[66] На 1 март, тој постигнал два гола во победата со 4-0 над конкурентот за промоција, Вест Бромвич Албион.[67]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.