АФК Свонзи Сити

From Wikipedia, the free encyclopedia

АФК Свонзи Сити

АФК Свонзи Сити (англиски: Swansea City Association Football Club) е велшки фудбалски клуб од градот Свонзи. Моментално се натпреварува во Чемпионшип, второто ниво на англискиот фудбал.

Кратки факти Свонзи Сити, Целосно име ...
Свонзи Сити
Thumb
Целосно имеАсоциешн фудбал клуб Свонзи Сити
Држава Велс
ПрекарЛебеди
Основан1912; пред 113 години (1912)
ЛокацијаСвонзи, Велс
Бои          бела и црна
СтадионЛиберти
Сместивост21,088
СопственикЏејсон Левин & Стив Каплан
Претседател Џулијан Винтер
Менаџер Стив Купер
ЛигаЧемпионшип Чемпионшип
2019–20Чемпионшип лига, 6-ти
Мреж. местоСлужбено мрежно место
Thumb
Thumb
Thumb
Thumb
Домашни бои
Thumb
Thumb
Thumb
Thumb
Гостински бои
Thumb
Thumb
Thumb
Thumb
Резервни бои
Тековна сезона
Затвори

Клубот е основан 1912 како Свонзи Таун , a во фудбалската лига се придружил во 1921 година. Во 1969 година клубот го променил своето име од Свонзи Таун во Свонзи Сити, бидејќи Свонзи добил статус на град.[1] Откако најголемиот дел од своето постоење го поминале играјќи во пониските англиски дивизии, својата прва промоција во Првата дивизија ја избориле во 1981 година. Во текот на нивната дебитантска сезона во елитата тие биле близу до освојување на титулата во лигата, но падот забележан при крајот на сезоната, ги довел до тоа да завршат на шестото место, што сепак до денес е клупски рекорд. Клубот претрпел испаѓање веќе во следната сезона, и послдователно паднал сè до Четвртата дивизија до 1986 година, а потоа за малку избегнале испаѓање во Конференција во 2003 година. Од тој момент започнало искачувањето на клубот од Четвртата дивизија до највисоката дивизија на англискиот фудбал кое подоцна било прикажано во филмот од 2014 година, со наслов Jack to a King – The Swansea Story. Во 2011 година, Свонзи повторно се вратил во елитата по речиси 30 години, изборувајќи промоција во Премиер лигата. Во февруари 2013, клубот го освоил својот прв позначаен трофеј - Лига купот - совладувајќи го нисколигашот Брадфорд Сити во финалето со 5-0; со овој успех се квалификувале за УЕФА Лига Европа, каде стигнале до шеснаесттинафиналето каде биле елиминирани од Наполи. Клубот испаднал од Премиер лигата на крајот од сезоната 2017-2018, завршувајќи на 18-тото место.

Својте домашни натпревари Свонзи Сити ги играле на стадионот Веч Филд до 2005 година, а потоа се преселиле на Либерти, стадион кој го делат со рагби екипата Оспрејс. Капацитетот на Либерти во моментов е преку 21,000 седечки места. Навивачите на Свонзи се познати под името "Џекс", а едно од објаснувањата за нивното име доаѓа од 17 век кога морнарите од Свонзи биле познати како "Swansea Jack" па во градот имале репутција на добри морепловци. Меѓутоа, постојат и други претпоставки за нивното име. Денес навивачите, па и фудбалерите на овој клуб најчесто се нарекуваат Лебеди (заради амблемот на клубот).

Играчи

Моментален состав

Повеќе информации Бр., Позиција ...
Бр. Позиција Играч
1 Англија ГМ Фреди Вудман
2 Англија ОД Рајан Бенет
3 Ирска ОД Рајан Менинг
5 Англија ОД Марк Геи
6 Шкотска СР Џеј Фултон
7 Англија СР Кори Смит
8 Англија СР Мат Грајмс
9 Англија НП Џамал Лоу
10 Гана НП Андре Ају
13 Германија ГМ Стевен Бенда
14 Ирска СР Конор Хурихејн
15 Англија СР Вејн Ратлиџ
Бр. Позиција Играч
17 Англија НП Морган Витакер
18 Англија ГМ Бен Хамер
19 САД СР Пол Ариола
20 Велс НП Лијам Кулен
21 Англија СР Ијан Данда
22 Англија ОД Џоел Латибодиер
23 Англија ОД Конор Робертс
24 Англија ОД Џејк Бидвел
26 Англија СР Кајн Ноутон
34 Велс ОД Киерон Фриман
44 Велс ОД Бен Кабанго
Затвори

Менаџери

Менаџери на АФК Свонзи Сити
Thumb
Џон Тошак, го водел Свонзи Сити во периодот 1978-1984.
Thumb
Брендан Роџерс, менаџерот кој го внел Свонзи во Премиер лигата, за првпат во историјата на клубот.
Thumb
Михаел Лаудруп, го одвел Свонзи до првата голема титула, освојувајќи го Лига купот.

Титули

  • Лига Еден : 3
1924–1925, 1948–1949, 2007–2008
  • Четврта Дивизија : 1
1999-2000
2012-2013
  • Трофеј на Фудбалската лига : 2
1993–1994, 2005–2006
  • Куп на Велс : 10
1912–1913, 1931–1932, 1949–1950, 1960–1961, 1965–1966, 1980–1981, 1981–1982, 1982–1983, 1988–1989, 1990–1991

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.