From Wikipedia, the free encyclopedia
Фудбалската лига на Англија (англиски: English Football League или скратено EFL) претставува лигашко фудбалско натпреварување во кое учествуваат клубови од Англија и Велс. Основана уште во далечната 1888 година, Фудбалската лига на Англија е најстарото фудбалско лигашко натпреварување на светот.
Земја | Англија Велс |
---|---|
Конфедерација | УЕФА |
Основана | 1888 |
Дивизии | Чемпионшип Лига Еден Лига Два |
Број на клубови | 72 (24 во секоја лига) |
Нивоа на пирамида | 2, 3 и 4 |
Промоција во | Премиер лига |
Испаѓање во | Национална лига |
Домашен куп | ФА Куп Лига куп Трофеј на фудбалската лига |
Тековен првак | Лидс Јунајтед (2019-2020) |
ТВ партнери | Скај Спортс BBC |
Мрежно место | Мрежно место |
Во лигата се натпреваруваат 72 клуба кои се рамномерно распоредени во три дивизии:
Главна цел на лигата е позиционирање на клубовите меѓу овие три дивизии, и нивно напредување (промоција), односно назадување (ипаѓање) на табелата. Така, на крајот од секоја сезона три екипи од највисоката дивизија на Фудбалската лига, Чемпионшип, добиваат можност да се пласираат во Премиер лигата, каде ќе ги заменат трите најслабо рангирани клубови од таа лига од претходната сезона. Исто така, двете најслабо рангирани клубови од Лига Два ја напуштаат фудбалската лига и испаѓаат во аматерската Национална лига од каде влегуваат двете првопласирани екипи. На тој начин е постигнато интегрирање на Фудбалската лига со останатите лиги во фудбалскиот систем.
Football League исто така е име на владејачкото тело на лигата кое организира две посебни натпреварувања:
Од спонзорски причини лигата е позната и како Скај Бет Фудбалска лига.[1]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.