Зимон Гешке (германски: Simon Geschke; р. 13 мај 1986 во Берлин) — германски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Кофидис.[1][2]

Кратки факти Лични податоци, Цело име ...
Зимон Гешке
Thumb
Зимон Гешке на Гран при д’Исберг 2014
Лични податоци
Цело имеЗимон Гешке
Роден13 март 1986(1986-03-13)(38 г.)
Берлин,  Германија
Висина1,71 м
Маса64 кг
Податоци за клубот
Мом. клубКофидис
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогавозач
Вид на возачуниверзален возач
Аматерски клубови
2006
2008
КЕД Бјанки Тим Берлин
Тим Милрам (стажант)
Професионални клубови
2009–2018
2019-2020
2021-
Скил-Шимано
Ванти-Гобер
Кофидис
Значајни победи
Големи трки
Тур де Франс
1 поединечна етапа (2015)

Еднодневни трки и класици

ГП Кантон Аргау (2014)
Последна промена
19 декември 2022
Затвори

Биографија

Тој е син на поранешниот велодромски велосипедист Јирген Гешке. На Тур де Франс 2015, Гешке освоил планинска етапа кога бил дел од бегство и сам стигнал до целта во Пра-Луп.[3]

На Тур де Франс 2022, Гешке настапил по десетти пат во неговата кариера. За првпат во неговата кариера носел маичка од некој од пласманите по деветтата етапа и заработил доволни бодови за да го преземе водството во планинскиот пласман. Првично, неговата намера била да ја освои етапата место маичката од пласманот.[4][5] Одлучил да нападне за планинските бодови на деветтата етапа бидејќи чувствувал дека не е реално да нападне на претстојните високопланински етапи, кои вклучувале пет искачувања од екстра категорија со Кол ди Гранон и Алп д’Ез, меѓутоа успеал да ја одбрани маичката на овие искачувања на Алпите и да ја носи до третата седмица на трката. Ја изгубил маичката на завршното искачување од екстра категорија на Тур де Франс кога Јонас Вингегор ја освоил трката.[6] Поставил рекорд за германските велосипедисти со девет дена како „крал на планините“.

Гешке е веган од 2016 година.[7]

Достигнувања

2006
7. Краен пласман Тур де Гваделуп
9. Краен пласман Синтурон а Мајорка
2007
7. Краен пласман Ронд де л’Изар
1. Етапа 1
2008
4. Краен пласман Џиро деле Реџони
6. Краен пласман Гран при ди Португал
8. Краен пласман Ронд де л’Изар
2009
9. Краен пласман Трка околу Баварија
10. Трка околу Франкфурт
2010
3. Краен пласман Тур де Сеул
4. Хел ван хет Мергеланд
4. Краен пласман Трка околу Баварија
6. Краен пласман Сиркут де Лорена
10. Трка околу Франкфурт
2011
1. Етапа 2 Критериум Интернасионал
4. Хел ван хет Мергеланд
8. Трка околу Франкфурт
10. Брабант Пејл
2012
2. Класик Волта Лимбург
2013
5. Краен пласман Трка околу Баварија
5. Брабант Пејл
8. Рома Максима
9. Гран при Квебек
2014
1. ГП Кантон Аргау
4. Брабант Пејл
6. Амстел Голд Рејс
9. Рома Максима
10. Страде Бјанке
2015
1. РабоРонде Херлен
Тур де Франс
1. Етапа 17
Награда за борбеност на етапа 17
1. Спринтерски пласман Вуелта а Андалусија
2019
1. Планински пласман Трка околу Полска
2020
3. Краен пласман Тур Даун Андер
5. Гран Пиемонт
6. Краен пласман Волта ао Алгарве
10. Флеш Валон
2021
7. Полинорманд
2022
3. Краен пласман Тур де Романди
3. Национално друмско првенство
10. Трофео Поленка-Порт д’Андрат
Тур де Франс
Награда за борбеност на етапа 7

Распоред на резултатите на етапните трки

Повеќе информации Голема трка, Џиро ...
Голема трка 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019 2020 2021 2022
Џиро 69 89 54
Тур 113 75 38 66 64 25 63 48 62 45
Вуелта 115 71 СО СО
Распоред на резултатите на поважните етапни трки
Етапна трка 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019 2020 2021 2022
Париз-Ница 51 71 23 53 24 СО
Тирено-Адријатико 39 35 СО СО
Волта а Каталуња СО НСО
Трка околу Баскија СО 64 СО СО СО 27
Тур де Романди 76 3
Критериум ди Дофине СО СО 49
Тур де Свис 37 32 40 41
Затвори

СО = се откажал; — = не учествувал; НСО = не се одржала

Наводи

Надворешни врски

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.