Јена
From Wikipedia, the free encyclopedia
From Wikipedia, the free encyclopedia
Јена (германски: Jena) — универзитетски град во средишна Германија на реката Зале. Има население од околу 103.000 жители и е вториот најголем град во сојузната покраина Тирингија, по Ерфурт.
Јена
Jena | |
Панорама на Јена | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Тирингија |
Округ | Урбан округ |
Градски единици | 41 градски округ, 24 места |
Градоначалник | Албрехт Шретер (СДП) |
Основни податоци | |
Површина | 114 км2 |
Надм. височина | 145−425 м |
Население | 111.191 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 975 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | J |
Пошт. бр. | 07701–07751 |
Повик. бр. | 03641, 036425 (Крипендорф, Лицерода, Исерштет) |
Портал | www.jena.de |
Местоположба на градот Јена во Тирингија | |
Координати | 50°55′38″N 11°35′10″E |
Јена била првпат спомената во документ од 1182 година. Во XI век било во посед на грофовите од Лобдебург, но во следниот век се развил како слободен пазарен град со закони. Локалната економија главно се потпирала на производството на вино. Во 1286, доминиканците се населиле во градот, следени од цистерцијанците во 1301.
Грофовите од Мајсен ја наметнала својата власт над Јена во 1331. Од 1423, припаѓал на изборното кнежевство Саксонија на династијата Ветин, која го наследила Мајсен и останал под нивна власт до поделбата на земјите на Ветин во 1485.
Реформацијата дошла во градот во 1523. Во следните години, доминиканските и кармелитските манастир биле напаѓани од граѓаните. Во 1558, универзитетот (сега наречен Универзитет Фридрих Шилер Јена) бил основан од изборниот кнез Јохан Фридрих Велокодушен.
За краток период (1672–1690), Јена била главен град на независното војводство (Саксо-Јена). Во 1692, било припоено од Саксо-Ајзенах, а во 1741, на Војводството (подоцна Големо Војводство) Саксо-Вајмар, на кое припаѓала до 1918.
На крајот на XVIII век, универзитетот станал најголем и најпознат во германските држави и ја направил Јена центар на идеалистичката филозофија (со професори како Јохан Готлиб Фихте, Георг Вилхелм Фридрих Хегел, Фридрих Шилер и Фридрих Вилхелм Јозеф Шелинг) и на раниот романтизам (со писатели како Новалис, браќата Шлегел и Лудвиг Тик). Во 1794, писателите Гете и Шилер се сретнале на универзитетот и го започнале своето долгогодишно пријателство.
На 14 октомври 1806, Наполеон се борел и ја поразил пруската армија овде во Битката кај Јена-Ауерштет. Отпорот против француската окупација бил силен, особено помеѓу студентите од градор, многу од нив се бореле во слободните сили Лицов во 1813. Две години подоцна, братството Urburschenschaft било основано во градот.
На крајот на XIX век, со изградбата на железничката линија Зал (Saalbahn) долж реката Зале од Хале/Лајпциг до Нирнберг, Јена станала центар на прецизното инженерство, оптика и правењето на стакло, со основањето на светски познатите компании Carl Zeiss AG и Schott Jenaer Glaswerk, од Карл Цајс, Ернст Абе и Ото Шот.
Во 1945, кон крајот на Втората светска војна, Јена бил силно бомбардирана од американските и британските сили. 153 луѓе загинале и поголемиот дел од средновековниот центар на градот бил уништен (иако обновен по крајот на војната).
Дел од Државата Тирингија од нејзиното основање во 1920, бил припоен кон Германската Демократска Република во 1949, а нејзиниот округ Гера во 1952. Од 1990, градот Јена припаѓа на Слободната Држава Тирингија во обединетата Сојузна Република Германија.
Денес, Јена е производствен град, специјализирана во прецизното инженерство, фармацевството, оптиката и фотографската опрема и е дом на познатата фабрика за оптика Цајс. Во 1926, првиот современ планетариум бил изграден од компанијата Цајс во округот Даменфиртел во градот.
Денес, економијата на градот е сочинета од биоинформатиката, биотехнологијата, програмската опрема и фотониката. Областа околу Јена е помеѓу 50. најбрзо растечки региони во Германија, со многубројни меѓународно познати научно-истражувачки институции и компании, значително мала невработеност и многу млади луѓе. На Јена ѝ била доделена титулата „Stadt der Wissenschaft“ (град на науката) од Stifterverband für die Deutsche Wissenschaft, германското здружение за наука, во 2008.
Во близина на градот се замоците во Дорнбург и замокот во Капелендорф.
Јена е збратимена со:
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.