From Wikipedia, the free encyclopedia
Тикви се едногодишни растенија од фамилијата Cucurbitaceae. Потекнуваат од Средна Америка. Познати се повеќе видови, а позначајни се:[1]
Тиква | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Plantae |
Оддел: | Magnoliophyta |
Класа: | Magnoliopsida |
Ред: | Cucurbitales |
Семејство: | Cucurbitaceae |
Потсемејство: | Cucurbitoideae |
Племе: | Cucurbiteae |
Род: | Cucurbita |
Тиквите се одгледуваат заради плодовите кои содржат сува материја (8-16%), а во неа има: шеќери (3–8%), пектини (0,3–0,8%), азотни материи (0,3-1,2%), каротин (20%). Се консумираат варени, пржени или печени. Мускатната се користи и како додаток во сокови и за детска храна. Семето е богато со масло, кое се користи во индустријата. Се одгледуваат на отворено. Тие се топлољубиви, оптималната температура за интензивен раст и развој е 25-30 степени Целзиусови.[1]
Тиквата има добро развиен коренов систем кој достигнува длабочина преку еден метар. Главната коренова маса е развиена на длабочина од 50 см.
Стеблото на тиквата е зелјесто, разгрането, обраснато со мов. На стеблото може да има боцки. Должината на главното стебло достигнува од 3-4 метри. Обичната и мускатната тиква имаат цилиндрично стебло, додека бундевата има петоаголно стебло. Интернодиите кај тиквичката се многу кратки и таа формира жбунесто стебло. На коленцата на стеблата можат да се формираат адвентивни корења.[1]
Листот на тиквата е крупен со долга дршка.
Тиквата развива машки и женски цветови. Машките цветови се формираат на долги тенки дршки, додека женските се формираат на куси дршки и изгледаат како да се насадени на дршката.[1]
Плодот на тиквата е бобинка со сферична, елипсовидна, цилиндрична, сплескана крушковидна и др. Бојата на плодот е сортна особина и може да биде различна портокалова, жолта, бела. Плодот може да достигне тежина над 50 кг.[1]
Семето на тиквата е елипсовидно, сплескано со различна големина. Семето на тиквата ‘ртливоста ја задржува 3-4 години.
Крушовидните тикви се идеални за крем-супа. Во студените есенски денови крем-супата одлично загрева, хранлива е, се препорачува за доенчиња што почнуваат да јадат тврда храна. Возрасните можат да си додадат јогурт или кисело млеко, а мене ми е највкусна со потпечени лепчиња во рерна. Тиквата, компирот и морковот измиени и излупени се сечат на поголеми парчиња. Кромидот, лукот, целерот и пашканатот се ставаат цели во лонец со вода. Се варат заедно 30-40 минути. Потоа сите состојки се дробат, додека не станат како каша. На крај се додава водата во која се варел зеленчукот. За вкус се додава малку маслиново масло, сол, црн пипер и морско оревче[2].
Големите тикви се идеални за печење. Тиквата треба да се измие убаво, да се пресече на парчиња, да се наредеат во тава, да се стави малку вода на дното од тавата и да се покрие со фолија за готвење. При крајот од печењето, само треба да се тргне од фолијата, колку да фатат коричка. Исто така семките од тиквата никако не се за фрлање. Тие требаат само да се исчистат убаво од конците од тиквата, да се посолат и да се стават право во рерна. По некое време се добиваат семки за грицкање.
Тикварникот е десерт кој се подготвува од тиква со млеко и јајца. Вообичаен е во есенските и зимските месеци.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.