Remove ads
From Wikipedia, the free encyclopedia
Дикотиледоните (латински: Dicotylédones) или магнолиопсидите (лат. Magnoliópsida) се класа на скриеносемени (цветни) растенија.
Дикотиледоните се одликуваат по присуството на два зародишни листови (котиледони) во ембрионот (оттука и името). Кај нив, за разлика од монокотиледоните, спроводните снопчиња се распоредени во прстен, а меѓу дрвесината (ксилемот) и флоемот се наоѓа посебно творно ткиво — камбиум, кој го дава секундарниот раст; листовите, по правило, се со мрежеста нерватура; бројот на цветните составни делови е 4 или 5-кратен. Односно, цветот е 4- или 5-член. Коренчето на ембрионот обично станува главен корен способен за долготраен опстанок; лиската е најчесто расчленета, а нејзините рабови испапчени или назабени. Меѓу дикотиледоните се среќаваат растенија со нетипични одлики, а понекогаш и со некои признаци кои се покарактеристични за монокотиледоните.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.