From Wikipedia, the free encyclopedia
Драголсав Михаиловиќ (Михајловиќ) (српски: Драгослав Михаиловић, 17 ноември 1930, Ќуприја, Кралство Југославија — 12 март 2023, Белград, Србија) — српски писател и академик.
Драгослав Михаиловиќ | ||
Роден | 17 ноември 1930 Ќуприја, Кралство Југославија | |
---|---|---|
Починал | 12 март 2023 Белград, Србија | |
Занимање | писател |
Михаиловиќ завршил гимназија во родниот град, а во 1949 година се запишал на Филолошкиот факултет во Белград, каде студирал на групата за југословенска книжевност и српско-хрватски јазик. Дипломирал во 1957 година. Во 1981 година, Михаиловиќ бил избран за дописен член на Српската академија на науките и уметностите.[1]
Во 1967 година, Михаиловиќ ја објавил својата прва книга, збирката раскази „Фред, добра ноќ“, во издание на Матица српска. За неа, тој ја добил Октомвриската награда што ја доделува градот Белград. Следната година, повторно во издание на Матица српска, се појавил романот „Кога цветаа тиквите“, кој постигнал голем успех и до 1980 година доживеал пет изданија во Србија, а бил преведен и на неколку други јазици. По мотивите на овој роман, подоцна Михаиловиќ ја напишал и истоимената драма. Во 1975 година го објавил својот втор роман „Венецот на Петрија“ за кој следната година ја добил Андриќевата награда, а подоцна биле снимени и истоимениот филм и телевизиска серија. Исто така, Михаиловиќ напишал и поголем број раскази кои биле објавени во разни списанија и дневни весници, а многу од нив се преведени и на други јазици. Притоа, неговите раскази биле дел од девет избори и антологии, објавени во Југославија, Полска, Бугарија, Чехословачка, Советскиот Сојуз и Велика Британија. Во продолжение, Миахиловиќ пишувал и радио-драми, изведувани на повеќе радио-станици во Србија и во странство. Во 1981 година била изведена телевизиската драма „Аквизитери“, а потоа била прикажана и монодрамата „Патник“. Најпосле, тој е автор и на драмата „Скитниците пијат чај“, која се прикажувала на сцените на „Ателје 212“ во Белград и на Народниот театар во Прилеп.[1]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.