американски цртан From Wikipedia, the free encyclopedia
Самурај Џек (англиски: Samurai Jack) — американска анимирана серија во производство на „Картун нетворк“, и во режија на Генди Тартаковски, која се прикажувала на овој канал од 2001 до 2004 година, а потоа — 13 години подоцна — серијата се продолжила, додавајќи како продолжение петта сезона, составена од десет епизоди. Серијата првично била прикажана на 10 август 2001 година, а последно прикажана на 20 мај 2017 година. Се издвојува од низа слични проекти што се со високодетална анимација и со кинематографски стил. Цртаниот филм е нацртан со помош на флеш-анимација.
Самурај Џек | |
---|---|
Жанр | |
Создадена од | Генди Тартаковски |
Напишана од |
|
Режирана од |
|
Гласови на |
|
Тематски композитор |
|
Воведна тема | „Самурај Џек“ (сезони 1–4) |
Завршна тема | „Самурај Џек“ |
Композитор(и) |
|
Земја на потекло | САД |
Првичен јазик |
|
Бр. на сезони | 5 |
Бр. на епизоди | 62 (список на епизоди) |
Производство | |
Извршен продуцент(и) |
|
Продуцент(и) |
|
Времетраење | 22 минути[5] |
Продукциска куќа |
|
Дистрибутер | Варнер брос |
Прикажување | |
Првична мрежа |
|
Сликов формат |
|
Првично прикажување | 10 август 2001 – 20 мај 2017 |
Надворешни врски | |
Мрежна страница | adultswim.com/videos/samurai-jack |
„Самурај Џек“ им бил ставен на располагање на жителите на САД преку мрежното место „Toonami Jetstream“. Серијата била прекината во 2004 година, но серијата не била официјално откажана. Тартаковски наумил да режира игран филм, но последователно на 2 декември 2015 година, тој го објавил продолжението на анимираната серија во вид петта сезона на „Adult Swim“.[6]
Насловниот лик „Џек“ е неименуван јапонски самурајски принц што поседува мистична катана способна да пресече буквално сè. Тој тргнува да ја ослободи својата империја откако неа ќе ја заземе злобниот демон познат како Аку. Во битката што ја следи Џек со Аку, токму кога Џек е пред справување со последниот удар, Аку го испраќа самурајот напред со времето во дистописката иднина управувана од злобниот демон. Џек бара да се врати во своето време и да го победи Аку пред да може да го заземе светот. Потрагата на Џек за начин на враќање во сопствениот временски период го надминува владеењето на Аку, но напорите на Џек се во голема мерка залудни, поради тоа што патот назад кон неговиот дом завршува надвор од неговиот дофат.
Ретроидниот свет е населен со разни жители како што се роботи, вонземјани, животни што зборуваат, чудовишта, волшебни суштества, богови, па дури и Шкотланѓанец што поседува маѓепсан меч. Областите може да имаат напредна технологија како летачки автомобили, додека други личат на древно време или место на индустриски услови. Уште повеќе, Аку донел вонземјани од други планети за да ја населуваат Земјата, истовремено уништувајќи им ја можноста за живеење на другите планети. Злосторниците и бегалците од сите видови и/или облици се многу чести на земјата на Аку. Митолошките и натприродните суштества редовно се појавуваат и соопстојуваат меѓу технолошки напредните жители.
Планетата е тешко развиена, но сепак има голем број епизоди што се случуваат во ненаселени области во светот, како што се шумите, џунглите и планините, кои останале во голема мерка недопрени дури и кога Аку го започнал своето освојување и владеење над секое чувствително суштество.[7][8][9] Постојат дури и неколку заедници што не биле погодени од надмоќта на Аку, како што се шаолинските монаси, кои успеале да го сокријат и задржат својот број на тајно место надвор од опсегот на навидум сезнајниот поглед на Аку.[10]
Одамна, во некоја далечна земја, јас, Аку, моќниот Господар на темнината, испуштив неискажливо зло. Но еден глупав самурај, кој поседува волшебен меч, проба да ми се спротивстави! Пред да успее да го зададе последниот удар, успеав да отворам временски портал и да го испратам во иднината, каде што моето зло е закон! Сега будалата бара начин да се врати во минатото, и да ја поправи иднината што е Аку!
XVI век, Јапонија. Злобниот демон по име Аку го напаѓа главниот град на Јапонија, уништувајќи сè што му се наоѓа на патот. Императорот моли три бога (Ра, Один и Рама) со мистичен дар да направат волшебна катана, обдарена со моќ на доброто. Императорот се бори со Аку, кој може да се преобрази во различни животни, и како последица на тоа, силите на доброто го победуваат злото. Аку оди на планина и таму се претвора во камен, а младиот император станува водач на сите самураи.[11]
По осум години, за време на затемнувањето на Сонцето, Аку повторно се издига од каменот. Во тоа време, императорот е стар, тој има мал син, исто така ветувачки самурај, кој ќе стане познат како Самурај Џек. Аку повторно ја напаѓа нивната татковина, заробувајќи го императорот на самураите. Меѓутоа, неговата сопруга и синот се спасени. Момчето плови далеку на брод од неговата мајка, која го држи волшебниот мистичен меч.[12]
Наследникот патува низ целиот свет, запознавајќи вешти занаетчии и староседелци. Со нив, тој ја учи уметноста на коњаницата, употребата на оружје, џудо, грчко-римско борење, кунг-фу и други воени вештини. И така, новиот самурај се враќа во својата татковина, која е во моќта на Аку. Таму се сретнува со неговата мајка, која е сега стара, и таа му го дава волшебниот меч. Тој го ослободува својот татко и другите поробени луѓе. Потоа храбро се бори против Аку. Самиот демон се обидува да се претвори во разни суштества, но не може да му одолее на силен воин. И така, кога младиот самурај ќе го крене мечот за смртоносен удар, Аку отвора временски портал и го праќа својот непријател во иднината — 25.000 години напред. Сега самурајот, кој мештаните го нарекуваат Џек, треба да најде начин наназад за да ја поправи иднината, и да го уништи Аку.[13][14]
Поминаа педесет години. Но... не стареам. Времето повеќе нема дејство врз мене. Сепак, страдањата продолжуваат. Зафатот на Аку го задушува минатото, сегашноста и иднината. Повеќе нема надеж. Морам да се вратам назад. Назад во минатото. Самурај Џек!
Поминуваат педесет години од настаните во изворната серија, за време на кој патува Џек во иднината. Изгубена надеж и мачен од привиденијата на неговите родители, неговата империја и таинствената личност на самурај на коњ — тој е на работ на лудило. Во исто време, во една планинска пештера во која живеат жени што го обожаваат Аку, растат седум сестри, кои жестоко се воспитувани и подготвени за борба со самурајот.
Една од ќерките на демонот, Аши, единствената што ја преживува битката со Џек, последователно станува негов сојузник, а потоа и негова девојка. Самурајот си го враќа мечот и првоначалниот изглед, и повеќе не го мачат халуцинации. Заедно со неговата девојка, тој се соочува со Аку, но открива дека Аши е месо и крв на Аку, таа е обземена од темнината и се обидува да го убие Џек. За да ја спасат ситуацијата, секој што некогаш бил спасен од Џек му доаѓа на помош во борбата против злото. Како последица на тоа, Аши може да се соочи со нејзиниот мрачен дел, таа патува со Џек назад во времето до денот кога Аку го праќа во иднината, и тогаш самурајот конечно го убива Аку, ослободувајќи го светот од него засекогаш. Но дури и откако целта е остварена и добро освоена, нешто се случува.
На крајот на краиштата, ако нема демон, нема ни Аши. На брачната церемонија таа исчезнува засекогаш како временски парадокс, а самурајот, како што се плашел, го губи она што го сака. На крајот, Џек седи до едно дрво, на него слетува бубамара, која според јапонското верување ја симболизира среќата. Откако ја пушта да летне, Самурај Џек е конечно спокоен. Конечната победа е дека Џек повторно ја наоѓа среќата. Надежта преживува низ сите превирања и бескрајно страдање, а Џек откривајќи дека надежта и среќата преживеале е конечната победа. Во овие последни мигови од серијата, додека пејзажот се осветлува, темнината што ја отелотворувал Аку буквално исчезнува, а среќата на Самурај Џек допрво доаѓа.[15]
Сезона | Епизоди | Датуми на објавување | Канал | |||
---|---|---|---|---|---|---|
Почнала | Завршила | |||||
1 | 13 | 10 август 2001 | 3 декември 2001 | Картун нетворк | ||
2 | 13 | 1 март 2002 | 11 октомври 2002 | |||
3 | 13 | 18 октомври 2002 | 26 август 2003 | |||
4 | 13 | 14 јуни 2003 | 25 септември 2004 | |||
5 | 10 | 11 март 2017 | 20 мај 2017 | Адалт свим |
Самурај Џек — главниот лик на цртаниот филм, принцот и престолонаследникот. Учел со наставници од целиот свет. Тој поседува волшебен меч наследен од неговиот татко. Во петтата сезона, тој го изгубил, а подоцна го вратил волшебниот меч назад. И покрај неговиот изглед, создаден од „аголна“ анимација, самиот Џек е привлечен, праведен, умен, љубезен, како и неговите родители, а тивките епизоди со него се беспрекорни. Понекогаш не му требаат зборови. Џек секогаш постапува како што му вели срцето и секогаш им помага на сите. Во финалето на серијата, тој се враќа на денот кога Аку го испратил во иднината и целосно го искоренува демонот. Понатамошната судбина на Самурај Џек е непозната, но се верува дека ја нашол среќата. Озвучен од Фил Ламар.
Аку (†, јапонски: 悪 „Зло“) — главниот антагонист во цртаниот филм, но не лишен од шарм. Искористувајќи го фактот дека Џек исчезнал, тој го поробил светот, станувајќи божество на некои што живеат во Вселената, со цел потоа да ги пороби сите светови и галаксии. Злобен демон што претходно бил поразен од таткото на Самурај Џек. Аку е силен во вештерството: тој знае како да се претвори во различни животни, антропоморфни суштества, па дури и луѓе (сепак, ова е само една од многуте суперсили на ликот). Аку е интересен и за гледачот затоа што тој, за разлика од некои злобници, станува помудар со текот на годините. Ако последен пат бил поразен со волшебен меч, вториот пат нема да го дозволи тоа. По педесет години, Аку ги уништува сите постојни портали, така што самурајот никогаш нема да се врати во минатото, чекајќи го мигот кога Џек ќе умре од старост. Но сфаќајќи дека неговиот непријател Џек повеќе не старее и нивните судири ќе станат вечни, Аку општи со неговиот колега — психотерапевт. Иако пораснал помек за педесет години, тој не е одбивен во справувањето со бунтовниците со цел да излезе од својата депресија, во епизодата пет од петтата сезона. Во епизода девет, тој потврдил дека е биолошки татко на Аши и нејзините сестри. Во финалето на серијата, тој ја дочекува својата судбина во рацете на Џек, кој се враќа од иднината и го уништува демонот еднаш засекогаш. Озвучен од Мако (сезони 1–4) и Грег Болдвин (5-та сезона).
Шкотланѓанецот (†) — најдобриот пријател на Џек. Голем, висок, црвенокос човек со непропорционално мали нозе, од кои едната била заменета со мал митралез. Тој првпат го сретнал Џек на многу долг висечки мост, каде што ги бркале платеници. Отпрвин тие биле непријатели, но по повеќедневни борби, сфатиле дека имаат исти цели — да преживеат и да го уништат Аку. По педесет години, се чини дека тој значително се променил (за разлика од Џек) по изглед. Тој има бела коса со бела брада, каде што две мали плетенки се плетени во долната област и, во средината, долга плетенка. Тој ја сменил белата кошула за сива и носи карирана лепенка на десното око. Што се однесува до неговиот арсенал, Шкотланѓанецот го зачувал својот магичен меч, и го заменил митралезот со еден мал топ, во улога на понов митралез со големи куршуми на левата нога во инвалидската количка што служи за поддршка на ногата. Во текот на изминатите педесет години, тој не губел време. Тој има многу ќерки (околу сто), роднини и посвоени, кои ги воспитува како воини за идната битка со Аку. Во петтата епизода од петтата сезона, тој е убиен од зраците од очите на Аку, но воскреснува како дух поради келтската магија во неговиот волшебен меч. Во следните епизоди од петтата сезона, тој и неговите ќерки ќе соберат нова војска и ќе го пронајдат Џек со цел конечно да стават крај на „големото дете“ — Аку. Во финалето на серијата, тој учествува во спасувачкиот зафат за Џек со неговите ќерки. Озвучен од Џон Димаџо.
Императорот — татко на Самурај Џек. Тој е првоначалниот сопственик на волшебната катана што ја благословиле трите бога — Один, Ра и Рама. Императорот е шармантна, интелигентна, љубезна, милостива и весела личност. Неговиот живот е поделен на три периоди: прво — кога бил млад и го поразил Аку; вториот — кога го добил синот Џек и кога Аку повторно ги нападнал; и третиот — кога Аку владее со светот, и тој понизно се покорува за да го чека Џек. На финалето, тој е горд на својот син и е присутен на неговата венчавка. Озвучен од Саб Шимоно.
Императорката — сопруга на Императорот и мајка на Самурај Џек. Таа го одвела Џек од нивниот роден град кога Аку го уништил откако избегал од планината. Кога Џек се вратил по патувањето низ светот, таа му го дала мечот, знаејќи дека сега е подготвен да го уништи демонот. Императорката е кревка и љубезна, но и храбра и мудра на свој начин. Токму таа го спасила својот син од Аку. На финалето со нејзиниот сопруг, таа е горда на својот син и присуствува на неговата венчавка. Озвучена од Лорен Том.
Првосвештеничката (†) — мајка на ќерките на Аку, како и водач на женски култ за обожавање на Аку за време на настаните од 5-та сезона. Во епизода 7, таа била убиена од фрлена стрела од Аши. Во епизода 9 било потврдено дека Аку е биолошкиот татко на Аши и 6 други ќерки. За време на обредот на поклонение, во храмот се појавил Аку и ја оставил својата суштина во чашата како поттик. Свештеничката веднаш го испила и на Аку му се родиле 7 ќерки. Озвучена од Греј Делајл.
Ќерките на Аку — група од седум женски хибриди што се родени и израснати од страна на Првосвештеничката (нивната мајка) со единствена цел да го убијат Самурај Џек. Тие биле дел од Акуевата секта и се појавиле целосно во првите три епизоди од сезона пет. Во епизода шест се покажало дека тие не биле во одела, туку всушност биле голи. Од детството, нивната кожа станала темна поради, веројатно, јаглен или катран. Во епизода пет, било потврдено дека тие навистина се ќерки на Аку; нивната мајка ја испила суштината на Аку што ја оставил тој во чашата, и родила седум ќерки:
Аши (†) — една од главните хероини на петтата сезона, поранешниот водач на Акуевите ќерки, најстарата ќерка на Првосвештеничката и самиот Аку. Таа паднала во бездна кога Џек го ослободил ланецот што го држела на крајот од епизода три. Била спасена од Џек. Одбила да го убие на крајот од епизода четири поради нејзините спротивставени чувства за Џек и неговата цел да го направи светот подобро место. Во понатамошните епизоди од 5-та сезона, таа ќе стане добар сојузник и помагател на Џек. Во епизода шест, таа го мие црнилото на кожата, ја менува својата фризура и создава костум од зеленило, станувајќи убава девојка. На крајот од епизода осум, таа ги покажува своите чувства кон Џек и се вљубува во него. Во епизода девет, таа била управувана од внатрешниот глас на Аку, со што повторно станала непријател на Џек. Во финалето на серијата, му помага на Џек да патува низ времето, така што конечно ќе го уништи Аку. Но поради привремен парадокс за време на нејзината венчавка, таа паѓа, се збогува со Џек и исчезнува засекогаш (во видеоиграта „Самурај Џек: Битка низ времето“, откако Џек ја пушта бубамарата, Аши се враќа, но не и во серијата). Озвучена од Тара Стронг.
Ами (†) — една од ќерките на Аку, која била вооружена со катана. Таа била убиена од Џек, сечејќи ѝ го грлото со нејзината сопствена катана во епизода два од сезона пет. Озвучена од Кери Валгрен.
Аки (†) — една од ќерките на Аку, која била вооружена со ланец. Таа била убиена за време на изненадувачкиот напад на Џек со копје во епизода три. Озвучена од Кери Валгрен.
Ари (†) — една од ќерките на Аку, која била вооружена со две саиси. Таа била убиена кога Џек ја заковал со копје што првично било фрлено кон Аши во епизода три.
Ани (†) — една од ќерките на Аку, која била вооружена со канабo (самурајско копје). Таа е убиена за време на борба со Џек, кој ја фрлил и ја забодел со кама во епизода три.
Ави (†) — една од ќерките на Аку, која била вооружена со две ками. Таа била онеспособена со еден удар на Џек и паднала во бездна, за време на нападот врз трупецот. Озвучена од Тара Стронг.
Али (†) — една од ќерките на Аку, која била вооружена со нагината. Таа била убиена кога Џек го избегнал нејзиниот напад, ја фатил за рамената и ја исфрлил од трупецот во бездната.[16]
Серијата освоила 4 Еми-награди:
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.