Оружје

секој предмет кој служи за повредување, убивање или онеспособување на човечки или други живи суштества From Wikipedia, the free encyclopedia

Оружје претставува секој предмет кој служи за повредување, убивање или онеспособување на човечки или други живи суштества, односно за уништување и онеспособување други предмети или материјални добра поврзани со одредени луѓе или општества. Оружјето служи како за напад така и за одбрана, односно во случај на закани и заштити. Во поширока смисла, секое средство (па и психолошко) со кое некому намерно се нанесува повреда или штета се нарекува оружје.

Thumb
Пруски бајонет

Поделба на оружјата

За поделба на оружјата постојат различни критериуми, кои варираат од различни дефиниции или воени доктрини. Најпознато е она спрема намената, изворот на енергија или принципот на делување според кое оружјето се дели во десет главни групи:

Оружјето спрема потребниот број на луѓе се дели на поединечно и колективно оружје, а според начинот на борба и употреба на нападно и одбранбено оружје.

Производство и трговија со оружје

Според податоците на весникот „Њујорк тајмс“, во 2014 година, вкупната вредност на продажбата на оружје во светот изнесувала 71,8 милијарди долари, т.е. малку повеќе во споредба со 2013 година (70,1 милијарди). Притоа, најголем извозник на оружје во светот биле САД, кои оствариле вкупен извоз во вредност од 36,2 милијарди долари во споредба со 26,7 милијарди во 2013 година. На тој начин, САД учествувале со над 50% од светската трговија со оружје. На второто место била Русија, која успеала да продаде оружје во вредност од 10,2 милијарди долари (10,3 во 2013 година), на третото место била Шведска со извоз на оружје вреден 5,5 милијарди долари, по што следувале Франција (4,4 милијарди) и Кина (2,2 милијарди). На страната на побарувачката, најголем купувач на оружје во 2014 година била Јужна Кореја, со увоз вреден 7,8 милијарди долари, додека Ирак склучил договори за набавка на оружје во вредност од 7,3 милијарди долари, а Бразил бил третиот најголем купувач на оружје (6,5 милијарди).[1]

Оружјето како тема во уметноста и во популарната култура

Оружјето како тема во книжевноста

  • „Роман за оружјето“ - книга на македонскиот писател Ермис Лафазановски.[2]
  • „Малихери пукаа“ - македонска народна песна.[3]
  • „Пушки ми пукнаја, мамо“ - македонска народна песна.[4]
  • „Белокосиот револвер“ - поетска збирка на францускиот писател Андре Бретон од 1932 година.[5]
  • „Пушка“- песна на српскиот поет Лаза Костиќ.[6]
  • „Збогум на оружјето“ - роман од американскиот писател Ернест Хемингвеј од 1929 година.

Оружјето како тема во музиката

  • Смртоносно оружје (англиски: Deadly Weapons) — американска панк-рок група.[7]
  • „Ладно оружје“ — песна на македонската рок-група Архангел од 1991 година.[8]
  • Револвер“ (англиски: Revolver) — музички албум на британската поп-рок група Битлси (The Beatles) од 1966 година.[9]
  • „Домет на пушката“ (англиски: Riffle range) — песна на американската рок-група Блонди (Blondie) од 1976 година.[10]
  • „Смртоносно оружје“ (англиски: Deadly Weapons) — песна од истоимениот музички албум на израелската рок-група Минимал компакт (Minimal Compact) од 1984 година.[11]
  • „Така е кога ќе посегнам по мојот револвер“ (англиски: That's When I Reach For My Revolver) — песна на американската рок-група Мишн оф Бурма (Mission of Burma) од 1981 година.[12]
  • „М-16“ — песна на американската Хардкор панк група Дисендентс (Descendents) од 1982 година.[13]
  • „Мојот узи тежи еден тон“ (англиски: Miuzi Weighs A Ton) — песна на американската рап-група Паблик енеми (Public Enemy) од 1987 година.[14]

Оружјето како тема во филмот

Наводи

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.