Remove ads
From Wikipedia, the free encyclopedia
Револвераш (англиски: The Shootist) - американски филм од 1976 година, во режија на Дон Сигел. Главните улоги ги играат: Џон Вејн, Лорен Бекол, Џејмс Стјуарт, Рон Хауард и Ричард Бун. Во овој филм, Џон Вејн ја одиграл својата последна филмска улога.[1]
Славните денови на Дивиот запад се веќе минато; градовите имаат трамваи, а цивилизацијата е присутна на секој чекор. Поранешниот славен револвераш Ј. Б. Букс (го игра Вејн), сега веќе стар и болен, доаѓа во Карсон Сити кај неговиот пријател-лекар д-р Хостетлер (го игра Стјуарт), кој му ја потврдува дијагнозата којашто Брукс веќе ја знае - тумор. Притоа, лекарот му соопштува дека му се ближи крајот и го советува да ја избегне мачната смрт придружена со тешките болки што го очекуваат. Помирен со крајот, Букс изнајмува стан кај вдовицата Бонд Роџерс (ја игра Бекол) при што не го открива својот вистински идентитет. Сепак, во градот веднаш сите дознаваат дека пристигнал славниот Букс. Притоа, синот на госпоѓата Роџерс, Гијом (го игра Хауард) е воодушевен од славниот револвераш кој убил над 30 луѓе, додека госпоѓата Роџерс не го сака неговото присуство во куќата. Набргу, Букс го посетува локалниот новинар, со понуда да напише книга за неговите јуначки дела, но Букс го исфрла од куќата. Потоа, непознати луѓе се обидуваат да го убијат Букс и тогаш другите станари ја напуштаат куќата на госпоѓата Роџерс. Сепак, таа постепено согледува дека Букс воопшто не е безмилосен убиец и насилник, така што се спријателува со него. На денот на својот роденден, Букс оди во градот, каде во една кафеана го чекаат тројца злосторници, со намера да го убијат. Сепак, Букс успева да ги убие тројцата, но по завршувањето на престрелката него ненадејно го убива сопственикот на барот. Во тој миг доаѓа Гијом и го убива сопственикот.[2]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.