Жван
село во Општина Демир Хисар From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Демир Хисар From Wikipedia, the free encyclopedia
Жван — село во Општина Демир Хисар, во областа Железник, во околината на градот Демир Хисар.
Жван | |
Поглед на селото Жван | |
Координати 41°17′10″N 21°07′07″E | |
Регион | Пелагониски |
Општина | Демир Хисар |
Област | Железник |
Население | 242 жит. (поп. 2021)[1] |
Пошт. бр. | 7244 |
Повик. бр. | 047 |
Шифра на КО | 10013 |
Надм. вис. | 643 м |
Слава | Митровден, Св. Петка, Петковден и Илинден[2] |
Жван на општинската карта Атарот на Жван во рамките на општината | |
Жван на Ризницата |
Меѓу селата Слоештица и Жван е сместен Топличкиот манастир.
Во минатото селото Жван преживеало многубројни војни, па поради тие војни е поделено на два дела, односно селото Жван и подмесноста Отрап. Според една легенда, името Жван е добиено според анот што се наоѓал во месноста Отрап. Кога тој ан станал познат луѓето често се прашувале каде ќе одиш и тие често одговарале ан, со што анот станал живан и со текот на времето селото го нарекле Жван.
Сместено е на десниот брег на реката Црна, која лежи на самиот пат помеѓу Кичево и Битола. Претставува развиен рурален центар. Селото е рамничарско, на надморска височина од 690 метри.[3]
Селото Жван се наоѓа северно од градот Демир Хисар. Сместено е под планината Бигла, непосредно под пасивниот рудник за железна руда. Земјиштето на Жван зафаќа површина од 9,1 км2, од кои обработлива земја е 248,9 ха, пасиштата заземаат 154,2 ха, а горите 456,4 ха.[3] Соседни села на Жван: Слоештица и Мренога од југозапад и југ, Бабино од северозапад, Доленци од север, и Сопотница од исток.
Во XIX век, Жван било христијанско село во рамките на Битолската каза (нахија Демир Хисар), на Отоманското Царство.
Според истражувањата на Пане Перуновски селото во пописните турски дефтери е запишано како Џван-хане. Во текот на петнаесеттиот век населбата броела шеесет и едно семејство, а во почетокот на седумнаесеттиот век биле регистрирани дваесет и една куќа. Селото првин се наоѓало на потегот на црквите „Света Петка“ и „Свети Димитрија“ кои се на левата страна на Црна Река. Со оглед на денешната распространетост на селото од двете страни на реката се забележува одредено проширување.
Вкупно 3 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[4]
Стопанството во ова село не е развиено. Под овој поим може да се каже само дека, жителите сами одгледуваат земјоделски производи и чуваат домашни животни. Сето тоа што го произведуваат е за свои потреби, и многу мал дел е за продажба. Најпознат производ е жванскиот грав, кој се смета за втор по квалитет во Општина Демир Хисар, веднаш после гравот произведен во село Обедник. Се сади заедно со пченка, која исто така е доста застапена. Од други земјоделски култури се одгледува пченица, компир. Друга стопанска гранка е и печуркарството. Во шумите на ова село може да се најде печурка од видовите на: врган, лисичарка, кукмарец, срњак. Во ливадите од ова село исто така може да се најде и печурката ливадарка. Постојат две сезони за собирање на печурка и тоа во пролет и есен. Собраниот производ се откупува преку посредувачи кои се сопственици на продавниците во ова село, а откупот го вршат фирми од општина Демир Хисар кој овој производ го обработуваат и го пласираат во земјата, но и на странски пазари.
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Жван имало 340 жители, сите Македонци христијани.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Жван имало 360 жители.[6]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Жван се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 41 куќа.[7]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 550 Македонци.[8]
Во текот на втората половина на XX век, од Жван се иселил значителен број од населението. Во 1961 година селото имало 904 жители, а во 1994 година 506 жители, македонско население.[3]
Според пописот од 2002 година, во селото живееле 428 жители, сите Македонци.[9]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 242 жители, од кои 220 Македонци и 22 лица без податоци.[10]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 340 | 360 | 779 | 907 | 904 | 786 | 699 | 531 | 506 | 428 | 242 |
Жван е македонско село.
Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1951 година родови во селото:[15]
Селото влегува во рамките на проширената Општина Демир Хисар, на која ѝ била додадена поранешната Општина Сопотница по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на некогашната Општина Сопотница.
Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Демир Хисар.
Во периодот 1952-1955, селото било седиште на тогашната Општина Жван, во која покрај селото Жван, се наоѓале и селата Вирово, Мренога, Радово, Слоештица, Сопотница, Суво Грло и Церово. Општината Жван постоела и во периодот 1950-1952, кога влегувале селата Жван, Мренога, Слојштица, Сопотница и Суво Грло.
Во селото постои избирачкото место бр. 648 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[17]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 268 гласачи.[18]
Жван во минатото имал многу успеси во спортот. Воглавно во фудбалот. Најпрво се натпреварувал во општинска лига и го освоил пехарот во шеесеттите години. Потоа со квалификациите во Македонски Брод, Жван се пласира во Регион. Спортот во Жван се распаднал во 1995-1996. Денес после 15 години Жван повторно формира екипа, која очекува да започне Општинска лига за да може да се натпреваруваат.
До 1951 година иселеници од селото има во Битола (2 семејства), Аргентина (1 семејство), САД (1 семејство), Бугарија (1 семејство) и во Демир Хисар (3 семејства).[15]
Иселеништвото продолжило и потоа што може да се забележи и по големиот пад на население во пописите.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.