Радово (Демирхисарско)
село во Општина Демир Хисар From Wikipedia, the free encyclopedia
Радово — село во Општина Демир Хисар, во областа Железник, во околината на градот Демир Хисар.
Радово | |
Координати 41°19′19″N 21°10′6″E | |
Општина | Демир Хисар |
Население | 13 жит. (поп. 2021)[1] |
Шифра на КО | 10026 |
Слава | Арангел[2] |
Радово на Ризницата |
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во областа Железник, на падините на планината Лубен. Оддалечено е 13 километри северно од Демир Хисар. Околни села се: Брезово и Кочиште од северозапад и север, Растојца и Ракитница од исток, и Суво грло и Сопотница од југ.
Историја
Само 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.[3]
Стопанство
Население
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Радово живееле 250 жители, сите Македонци.[4] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Радово имало 216 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[5]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Радово се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 51 куќа.[6]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.[7]
Според пописот од 2002 година, во селото Радово живеат 13 жители, сите Македонци.[8]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 13 жители, од кои 12 Македонци и 1 лице без податоци.[9]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 250 | 216 | 218 | 222 | 179 | 141 | 98 | 26 | 28 | 13 | 13 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]
Родови
Радово е македонско село.
Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1951 година родови во селото:[14]
- Староседелци: Ѓоревци (4 к.), Велевци (4 к.), Петревци (2 к.), Цветановци (4 к.), Митановци (5 к.), Дупчевци (3 к.) од овој род потекнува Алексо Стефанов, и Анѓелевци (6 к.).
- Доселеници: Мијаковци (4 к.) основачот на родот дошол како домазет од некое село во мијачкиот крај, го знаат следното родословие: Толе (жив на 65 г. во 1951 година) Блаже-Јанкула, дошол некој дедо негов.
Општествени установи
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 653 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[15]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 8 гласачи.[16]
Културни и природни знаменитости
- Археолошки наоѓалишта[17]
- Грамаѓе — населба, некропола и рудник од римско време;
- Клаинец — некропола од средниот век;
- Краста — некропола од средниот век;
- Манастириште — црква од средниот век;
Редовни настани
Личности
- Алексо Стефанов - Војвода
- Наумче Стојков Велевски — македонски револуционер од ВМОРО.[18]
- Алексо Настов Наумоски — македонски револуционер од ВМОРО.[19]
- Ристе Неделков Илијоски — македонски револуционер од ВМОРО.[20]
Култура и спорт
Иселеништво
Постари иселеници до 1951 година има во Србија (4 семејства, Крагуевац, Јабука, Парачин, Качарево), Бугарија (2 семејства), Романија (1 семејство), САД (2 семејства), Битола (7 семејства).[14]
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.