Растојца

село во Општина Демир Хисар From Wikipedia, the free encyclopedia

Растојцаmap

Растојца — село во Општина Демир Хисар, во областа Железник, во околината на градот Демир Хисар.

Кратки факти
Растојца
Thumb

Поглед на селото Растојца

Thumb
Растојца
Местоположба на Растојца во Македонија
Растојца на карта

Thumb

Координати 41°19′43″N 21°11′38″E
Регион Пелагониски
Општина Демир Хисар
ОбластЖелезник
Население10 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр.7244
Повик. бр.047
Шифра на КО16020
Надм. вис.720 м
СлаваЃурѓовден[2]
Растојца на општинската карта
Thumb

Атарот на Растојца во рамките на општината
Растојца на Ризницата
Затвори

Географија и местоположба

Thumb
Улицата која води кон селото

Селото се наоѓа во крајниот северен дел на територијата на Општина Демир Хисар, недалеку од патот Демир Хисар-Крушево. Селото е ридско, сместено на надморска височина од 720 метри.[3]

Атарот на селото зафаќа простор од 8 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 540 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 125 хектари, а на пасиштата 116 хектари.[3]

Селото е мало, населено со македонско население. До 2004 година селото припаѓало на Општина Крушево, кој и физички е поблиску до селото, но сепак поради подобрата патна поврзаност било припоено кон Општина Демир Хисар. Најблиски соседни села се Кочиште и Ракитница.

Околни села се: Острилци од исток, Кочиште од север, Ракитница од југ, и Радово од запад. А исто така граничи и со градот Крушево од североисток.

Историја

Thumb
Споменик за загинатите мештани за време на НОБ

Во XIX век, Растојца било христијанско село во рамките на Битолската каза (нахија Демир Хисар), на Отоманското Царство.

Легенда

Старото село, кое исто го викале Растојца, се наогало на друга местоположба, 6-7 километри југоисточно од сегашната, односно меѓу селата Прибилци и Ново Село на место викано „Стара Растојца“. За време на турското ропство, во близината на селото Прибилци бил разместен турски гарнизон. Аскерот, башибузукот често правеле зулуми. Населението давало отпор. Еден ден, биле убиени неколку турски војници. Аскерот се вратил во Прибилци, се прегрупирал имал за цел да го запали селото и сурово да го казни населението. Растојчани очекувале одмазда и штом забележале движење на аскерот кон нивното село, веднаш избегале од селото оставајќи го празно. Селото било опожарено, разурнато до темел. Мештаните заминале во различни правци, само со најнеопходното. Двајца браќа заминале во правец на север за да се скријат во густата шума. Тука оформиле живеалиште, а новото живеалиште го нарекле Растојца.

Стопанство

Селото во основа има полјоделско-шумарска функција.[3]

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948268    
1953286+6.7%
1961238−16.8%
1971138−42.0%
198181−41.3%
ГодинаНас.±%
199138−53.1%
199423−39.5%
200219−17.4%
202110−47.4%
Затвори

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Растојца имало 170 жители, сите Македонци христијани.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Растојца имало 200 жители.[5]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Растовица се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 32 куќи.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.[7]

Растојца е мало село, населено со македонско население. Така, во 1961 година броело 238 жители, а во 1994 година бројот се намалил само на 23 жители македонско население.[3]

Според последниот попис од 2002 година, во селото живееле 19 жители, сите Македонци.[8]

Зимно време има само неколкумина жители, не повеќе од 10. А летно време бројката се зголемува, до дваесетина жители.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 10 жители, сите Македонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 170 200 268 286 238 138 81 38 23 19 10
Затвори
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Родови

Растојца е македонско село.

Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1951 година родови во селото:[13]

  • Староседелци: Жулевци (18 к.), Торневци (15 к.) и Црнтеловци или Домазетовци (11 к.), порано живееле во Стара Растојца.

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на проширената Општина Демир Хисар, на која ѝ била додадена поранешната Општина Сопотница по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на Општина Демир Хисар.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Демир Хисар.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Демир Хисар, во која покрај селото Растојца, се наоѓале и селата Бараково, Вардино, Белче, Граиште, Единаковци, Журче, Кутретино, Мургашево, Ново Село, Лесково, Прибилци, Ракитница, Сладуево, Слепче, Стругово и Суви Дол. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната Општина Растојца, во која влегувале селата Зашле, Кочиште, Ново Село, Растојца, Радово и Ракитница.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 640 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[14]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 5 гласачи.[15]

Културни и природни знаменитости

Thumb
Камбанаријата на главната селска црква
Thumb
Стариот даб во дворот на селската црква
Археолошки наоѓалишта[16]
Цркви[17]
Споменици
Природни реткости
  • Стар даб во дворот на селската црква, едно од најстарите дрвја во Македонија
  • Каменот
  • Цуцулот
  • Понорната река Жаба

Редовни настани

  • Илинденски срцекази — традиционална мултимедијална манифестација[18]

Личности

  • Трајко Мирчевски (1940-2010) — македонски новинар[19]
  • Тале Сотировски (р. 1948) — новинар, уредник на Вечер Недела
  • Андреа Андрески (1949-2004) — истакнат правник, во ЖТП Македонија, член на Државната Изборна Комисија во периодот 1995-1999
  • Наќе Стојановски (р. 1950) — македонски политичар и пратеник во 3 мандата[20]
  • Живко Андревски (р. 1955) — декан и професор на Факултетот за политички науки на Европскиот Универзитет[21]
  • Петар Мирчевски (p. 1956) — глумец
  • Миле Кузмановски (p. 1971) — естраден уметник
  • Гоце Петрески — академик, професор на Економскиот факултет на Скопскиот универзитет
  • Христо Петрески — новинар, писател, издавач, член на Друштвото на писатели на Република Македонија
  • Живко Маминко — воен пилот, подоцна капетан во цивилно воздухопловство
  • Ристо Вељанов Димоски — македонски револуционер од ВМОРО.[22]
  • Степан Андрев Богојески — македонски револуционер од ВМОРО.[23]
  • Манојло Вељановски — македонски партизан.
  • Трајан Деспотовски — македонски партизан.
  • Крсте Сотировски — македонски партизан.

Иселеништво

Од родовите поединечно се знае за следните иселеници до 1951 година:

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.