Ракитница

село во Општина Демир Хисар From Wikipedia, the free encyclopedia

Ракитницаmap

Ракитница — село во Општина Демир Хисар, во областа Железник, во околината на градот Демир Хисар.

Кратки факти
Ракитница
Thumb

Поглед на селото Ракитница

Thumb
Ракитница
Местоположба на Ракитница во Македонија
Ракитница на карта

Thumb

Координати 41°18′57″N 21°11′23″E
Регион Пелагониски
Општина Демир Хисар
ОбластЖелезник
Население11 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр.7244
Повик. бр.047
Шифра на КО10027
Надм. вис.690 м
СлаваМитровден[2]
Ракитница на општинската карта
Thumb

Атарот на Ракитница во рамките на општината
Ракитница на Ризницата
Затвори

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во крајниот северен дел на територијата на Општина Демир Хисар, недалеку од патот Демир Хисар-Крушево. Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 690 метри.[3]

Атарот на селото зафаќа простор од 17,6 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 850 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 427 хектари, а на пасиштата 289 хектари.[3] Околни села се: Растојца од север, Радово од запад, Суво Грло и Ново Село од југ, Острилци од североисток, и Журче од југоисток.

Историја

Во XIX век, Ракитница било христијанско село во рамките на Битолската каза (нахија Демир Хисар), на Отоманското Царство.

На 23 јули 1902 година (нов стил) кај селото Ракитница дошло до битка помеѓу четата на војводата Веле Марков и турската војска. Во Битката загинува војводата Веле Марков, заедно со шест негови четници, додека Ѓурчин Наумов - Пљакот и уште тројца четници успеале да ја пробијат турската заседа.

Вкупно 4 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[4]

Стопанство

Селото во основа има полјоделско-шумарска функција.[3]

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948351    
1953364+3.7%
1961305−16.2%
1971171−43.9%
198183−51.5%
ГодинаНас.±%
199143−48.2%
199440−7.0%
200237−7.5%
202111−70.3%
Затвори

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Ракитница имало 255 жители.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Ракитница имало 240 жители.[6]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Ракитница се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 48 куќи.[7]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Македонци.[8]

Ракитница е мало село, населено со македонско население. Така, во 1961 година селото имало 305 жители, а во 1994 година бројот се намалил само на 40 жители македонско население.[3]

Според пописот од 2002 година, во селото живееле 37 жители, сите Македонци.[9]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 11 жители, сите Македонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 255 240 351 364 305 171 83 43 40 37 11
Затвори
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]

Родови

Ракитница е македонско село.

Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1951 година родови во селото:[14]

  • Староседелци: Блажевци (5 к.), Черговци (5 к.), Степановци (4 к.), Момировци (2 к.), Кичевци (2 к.), Пејковци (3 к.), Гусковци (3 к.), Чоклевци (4 к.), Коркаровци (1 к.), Солевци (3 к.), Стојчевци (2 к.), Трпчевци (7 к.), Никовци (6 к.), Тошевци (2 к.), Тушловци (2 к.), Сирковци (5 к.), Љушевци (2 к.) и Костевци (5 к.).
  • Доселеници: Кузевци (Кузман се доселил со семејството од Растојца во Ракитница во првата половина на XX век. Од Растојца како староседелци потекнуваат од семејството Жулевци).

Самоуправа и политика

Thumb
Главната селска црква заедно со селото и селските гробишта

Селото влегува во рамките на проширената Општина Демир Хисар, на која ѝ била додадена поранешната Општина Сопотница по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на Општина Демир Хисар.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Демир Хисар.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Демир Хисар, во која покрај селото Ракитница, се наоѓале и селата Бараково, Вардино, Белче, Граиште, Единаковци, Журче, Кутретино, Мургашево, Ново Село, Лесково, Прибилци, Растојца, Сладуево, Слепче, Стругово и Суви Дол. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната Општина Растојца, во која влегувале селата Зашле, Кочиште, Ново Село, Растојца, Радово и Ракитница.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 632 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на задружен дом.[15]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 10 гласачи.[16]

Културни и природни знаменитости

Цркви[17]
Споменици

Личности

Родени

Починати

Иселеништво

Постари иселеници до 1951 година од селото има во Романија (1 семејство), Бугарија (1 семејство, во Софија), Битола (1 семејство) и во Србија (1 семејство, во Вршац).[14]


Галерија

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.