Журче
село во Општина Демир Хисар From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Демир Хисар From Wikipedia, the free encyclopedia
Журче — село во Општина Демир Хисар, во областа Железник, во околината на градот Демир Хисар.
Журче | |
Поглед на селото | |
Координати 41°17′03″N 21°14′11″E | |
Регион | Пелагониски |
Општина | Демир Хисар |
Област | Железник |
Население | 150 жит. (поп. 2021)[1] |
Пошт. бр. | 7240 |
Повик. бр. | 047 |
Шифра на КО | 10015 |
Надм. вис. | 917 м |
Слава | Голема Богородица Св. Атанасиј[2] |
Журче на општинската карта Атарот на Журче во рамките на општината | |
Журче на Ризницата |
Името на селото се верува дека потекнува од личното име Журо или Журан, некој овчар доселен тука. Можно е и да е изведено од личното име Добрижил, што во превод означува „добро да живее“ или „да живее вечно“. Се верува дека ова лично име било името на првиот жител, кој тука се доселил со своето семејство.[2]
Бидејќи селото било основано во подрачје со диви коприви, една теорија за името е дека потекнува од билката жур.[2]
Ова село се наоѓа во областа Железник, во североисточниот дел на територијата на Општина Демир Хисар, чиј атар нашироко се допира со подрачјето на Општина Крушево.[3] Селото е ридско, на надморска височина од 700 метри.[3]
Атарот на селото Журче се граничи со 11 села и тоа: Сладуево, Граиште и Бараково на југ, Единаковци, Света, Пресил и Бирино (двете последни се крушевски села) на исток, Острилци (крушевско село) и Ракитница на север, Ново Село и Прибилци на запад. Селото е оддалечено 10 километри од градот Демир Хисар, а од најблискиот поголем град, Битола, е оддалечено 40 километри на север. Селото се наоѓа во непосредна близина на регионалниот пат Демир Хисар-Крушево.[2][4]
Селото е ридско-планинско, сместено во блага долина.[2]
Куќите во селото се оддалечени една од друга и се одликуваат со простран двор, на чии рабови се наоѓаат разни помошни простории. Секоја куќа поседува свој бунар.[2]
Создавањето на селото е околу 1200 година, кога ова место било обраснато со диви коприви.[2]
Селото е споменато во Душановата грамота за манастирот Трескавец кај Прилеп од 1334/35 година, каде е запишано како Жоурче.[2]
Журче се смета за стара населба, која е спомената во 1468 година во пописниот турски дефтер. Во селото имало 55 христијански семејства, од кои 3 неженети и 16 вдовици, со вкупно 342 жители. Годишно плаќале по 5.224 акчиња данок. Во 1568 година имало 151 жител.[2]
Журче е заведено и во Слепченскиот кодик од XVI век.[2]
Во отоманските документи, селото се споменува во 1636 година (помеѓу 15 јули и 3 септември) во еден спор за заем. Во документот е запишано дека поп Стојко од село Журче позајмил од вакафот на Махмуд-ага 1.000 акчиња со лихва од 150 акчиња. Бидејќи лихвата не ја платил, тој е уапсен.[5]
Во XIX век, Журче било село во Битолската каза, нахија Демир Хисар, на Отоманското Царство.
Само 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.[6]
Атарот зафаќа простор од 22,6 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 1.693,7 хектари, на пасиштата отпаѓаат 129,6 хектари, а на обработливото земјиште 291,5 хектари.[3]
Селото, во основа, има полјоделско-шумарска функција.[3]
Во отоманскиот период, мештаните се занимавале со сточарство, особено одгледување на овци и кози. Исто така, голем број од машкото население одел на печалба низ Балканот.[2]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Журче имало 350 жители, сите Македонци христијани.[7] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Журче имало 400 жители.[8]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Журче се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 58 куќи.[9]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 500 Македонци.[10]
Селото е средно по големина. Во 1961 година броело 704 жители, а во 1994 година 285 жители, македонско население.[3]
Според пописот од 2002 година, во селото живееле 255 жители, од кои 254 Македонци и 1 Влав.[11]
Денес, Журче бележи намалување и според неофицијални податоци има 150 жители, чиј број во текот на летото привремено се зголемува.[2]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 150 жители, од кои 145 Македонци, 2 останати и 3 лица без податоци.[12]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 350 | 400 | 739 | 766 | 704 | 595 | 527 | 336 | 285 | 255 | 150 |
Журче е македонско село.
Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1952 година родови во селото:[17]
Селото влегува во рамките на проширената Општина Демир Хисар, на која ѝ била додадена поранешната Општина Сопотница по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на некогашната Општина Демир Хисар.
Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Демир Хисар.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Демир Хисар, во која покрај селото Журче, се наоѓале и селата Бараково, Белче, Вардино, Граиште, Единаковци, Кутретино, Мургашево, Ново Село, Лесково, Прибилци, Ракитница, Растојца, Сладуево, Слепче, Стругово и Суви Дол. Во периодот 1950-1952, селото се наоѓало во некогашната Општина Прибилци, во која влегувале селата Журче, Прибилци и Спадуево.
Во селото постои избирачкото место бр. 0626 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[19]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 189 гласачи.[20]
До 1952 година иселеници од селото имало во САД (5 семејства), Србија (4 семејства), Аргентина (1 семејство), Бугарија (1 семејство), Битола (2 семејства), и во Куманово (1 семејство).[17]
Иселеништвото продолжило и понатаму, и најмногу иселеници од селото има во градовите Битола, Скопје, Прилеп и Демир Хисар, но има иселеници и во европските и во прекуокеанските држави.[2]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.