Цапари
село во Општина Битола From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Битола From Wikipedia, the free encyclopedia
Цапари — село во Општина Битола, сместено на падините на Баба Планина и седиште на поранешната истоимена општина. Цапари е планинско и се наоѓа на надморска височина од 1.010 метри, а од градот Битола е оддалечено околу 15 километри.
Цапари | |
Координати 41°3′21″N 21°10′41″E | |
Општина | Битола |
Население | 307 жит. (поп. 2021)[1] |
Пошт. бр. | 7313 |
Шифра на КО | 02120, 02620 |
Надм. вис. | 1010 м |
Мреж. место | Цапари |
Цапари на општинската карта Атарот на Цапари во рамките на општината | |
Цапари на Ризницата |
Цапари се споменува уште од 1622-1623 г. Во сите записи се именува со „Цапари“. За потеклото на името Цапари постојат две претпоставки:
Тоа значи името на с. Цапари доаѓа од личното име Цапар - име на старешина на, односно таткото Цапар, а подоцна го добило значењето „место каде што живеат луѓето кои потекнуваат од Цапар“ т.е. каде што живее неговото семејство.
Антропонимот Цапар може да биде образуван од прекарот цап 'јарец' со антропонимиска наставка –ар - значи козар. Лексемата (зборот) цапар како апелатив повеќе не се употребува, истисната е од лексемата козар.Поимот цап има иранско потекло, а други претпоставуваат дека има албанско потекло. Научникот Петар Скок смета дека апелативот цап е е секако претсловенски балканизам (со употреба на балканот), a ce смета дека е илирско-тракиски лексички реликт се употребува лексемата цап во: романскиот јазик, во албанскиот, унгарскиот, во баварско-австриското говорно подрачје, во старомакедонското лексичко подрачје, кое подоцна било преземено и од словените. Лексемата "цап", заедно со балканизмите: бач, бигор, карпа, урда, чука се вборјува во лексичкиот слој на балканскиот јазичен супстрат.
Од Цапари потекнува една од првите жени-ајдути од Македонија, па така во 1636 година се споменува ајдутката Кира од Цапари, која била во дружината на Петре Дундар. Била ајдутка заедно со нејзиниот брат Јоле.[2]
Селото се спомнува во XIX век, како дел од Битолската каза на Отоманското Царство.
Жителите на Цапари активно се вклучиле во вооружените борби против турските власти за време на Илинденското востание. Ова село, заедно со селата Ѓавато и Смилево претставувало јадрото на востанието во битолско. Над Цапари се водела и последната битка во околијата. Селото во востанието дало 96 убиени востаници.
Вкупно 17 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[3]
На само петнаесеттина километри северозападно од Битола и под врвот Пелистер, од три страни опкружено со борова шума, на 1005 м.н.в., сместено е планинското село Цапари и има население од околу 495 жители сите од македонска националност по вероисповед православни христијани, сместени во околу 155 домаќинства и 223 станови, претежно градби од понов период. Атарот на селото има планински карактер и зафаќа простор од 33,6 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 1.612,1 ха, потоа следи обработливото земјиште со 892,5 ха и на пасиштата со 669,3 ха. Селото има мешовита земјоделска функција. Атарот му се граничи: од исток со с. Ротино, од запад со атарот на с. Кажани и Маловиште, од север со атарите на с. Рамна и с. Доленци.
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов (Македонија, Етнографија и статистика) во 1900 година во Цапари има 1.420 жители, сите Македонци христијани.[4] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, во 1905 година во Цапари имало 1.904 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[5]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Цапари се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 250 куќи.[6]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 1.550 Македонци.[7]
Во 1961 година во Цапари живееле 1.618 жители, додека во 1991 година во Цапари има 861 жител.
Според пописот од 2002 година, Цапари има 493 жители, сите Македонци.[8]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 307 жители, од кои 284 Македонци, 1 Влав, 1 Бошњак и 21 лице без податоци.[9]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 1.420 | 1.904 | 1.807 | 1.809 | 1.618 | 1.468 | 1.871 | 861 | 565 | 493 | 307 |
Цапари бележи константен пад на населението поради масовното иселување во прекуокеанските земји, најмногу во Австралија. Во минатото било едно од најголемите села во Битолско, но и едно од најпрвите печалбарски места во регионот.
Цапари е македонско православно село, селото е многу старо по постанок, па во селото има староседелски родови, како и многу стари родови со непознато потекло, родовите во селото се:
Староседелци: Малини (11 куќи), Мучеј (8 куќи), Илинкини (2 куќи), Менкини (1 куќа), Трајковци (11 куќи), Станини (8 куќи), Китини (4 куќи), Љуманковци (3 куќи), Тонковци (11 куќи), Еленини (6 куќи), Калинини (3 куќи).
Доселенички родови со непозната старина се: Велевци (16 куќи), Карафиловци (9 куќи), Котевци (8 куќи), Тончевци (7 куќи), Чкоровци (6 куќи), Црцовци (6 куќи), Пашовци (5 куќи), Штатевци (5 куќи), Даневци (5 куќи), Вутичовци (5 куќи), Ќеремелевци (4 куќи), Зајковци (3 куќи), Чулевци (3 куќи), Саздовци (3 куќи), Порковци (2 куќи), Блажевци (2 куќи), Ќесковци (2 куќи), Блажевци (2 куќи), Чонинци (2 куќи), Анчевци (2 куќи), Наумчевци (2 куќи), Анѓелковци (1 куќа), Обетковци (1 куќа), Ѓиневци (1 куќа), Солевци (1 куќа), Гологановци (1 куќа), Сорче (1 куќа), Анаѓијовци (1 куќа), Чанковци (1 куќа), Дуртановци (7 куќи), Стевановци (7 куќи), Капинковци (6 куќи), Мешковци (6 куќи), Шикановци (6 куќи), Љасковци (6 куќи), Дилевци (5 куќи), Баваровци (5 куќи), Дупешовци (5 куќи), Шопевци (5 куќи), Урдаревци (5 куќи), Врчковци (4 куќи), Грашаровци (4 куќи), Марковци (3 куќи), Доневци (2 куќи), Скепатовци (2 куќи), Џарџевци (2 куќи), Мишевци (6 куќи), Кукловци (5 куќи), Гаштевци (5 куќи), Дерделии (4 куќи), Кочановци (2 куќи), Иванини (1 куќа), Булевци (6 куќи), Зенговци (3 куќи), Талковци (3 куќи), Аврамовци (1 куќа), Нечаковци (6 куќи), Јовевци (1 куќа), Ѓечевци (5 куќи), Чорбевци (4 куќи), Љаковци (4 куќи), Лушини (3 куќи), Крушановци (3 куќи), Старшовци (2 куќи), Петкојчини (2 куќи), Бабушкини (1 куќа), Динкини (1 куќа), Грујовци (1 куќа), Чурлевци (1 куќа), Буњаровци (1 куќа), Калинини (1 куќа), Грешовци (1 куќа), и Манастирци (1 куќа).
Доселени родови со позната старина се: Роштанковци (4 куќи) доселени се од соседното село Ротино, каде припаѓале на родот Унчевци; Нашовци (5 куќи) потекнуваат од предок Влав, кој дошол како слуга од соседното село Маловиште, овде се оженил и основал род, подалечно потекло од Москополе; Аргировци (1 куќа) и они потекнуваат од предок кој бил Влав, кој дошол од селото Долна Белица, струшко.[14]
Според истражувањата на Бранислав Русиќ од 1951 година, родови во селото се:
Во селото се наоѓаат повеќе општествено-стопански објекти како: осумгодишното основно училиште, фабрички погон, амбуланта, пошта, дом на културата, продавници и ресторан.
Цапари е населба која има богата историја, разновиден потенцијал на ресурси, голема дијаспора, вредни и креативни жители, кои досега воопшто не се туристички валоризирани.
Преглед на елементи, фактори и мотиви погодни за развој на туризам во Цапари Природни елементи, фактори и мотиви рб Наоѓалиште Опис 1. Планина и врв Пелистер 2601 m. Искачивање од Село Цапари до врвот Пелистер е можно во три варијанти (1. Цапари 1005 м. - Цапарска Река - Ловечка куќа 1960 м. – Широка – Пелистер 2601 м.; 2. Цапари 1005 м. - Манастирска Река - Козји Камен 2180 м. – Широка – Пелистер 2601 м.; 3. Цапари 1005 м. – Пресека (Цапарски преслап) 1590 м. – Кунина Стена 1850 м. – Болници или Вирои 2220 м. – Пелистер 2601 м, просечното време на споменатите маршрути изнесува 5-6 часа.). Наведените маршрути во поголемиот дел од дистанцата се маркирани, но на моменти треба да се внимава бидејќи маркацијата е слаба. Патеките поминуваат низ шумски комплекси, како и до делови со папрат и планинска вегетација, од каде се откриваат одлични погледи кон околниот и подалечниот простор. Врвот Пелистер 2601 м. има одличен дијапазон на видокруг. Поглед кон сите околни врвови на планината Баба, Цапарско поле, како и кон Пелагониската и Преспанската Котлина, потоа поглед кон планините Бигла, Илинска, Плакенска, Галичица, Ниџе, како и кон највисоките врвови на Бистра, Шар Планина, Јакупица, Томори (во Албанија, оддалечен над 60 км воздушна линија), а во одредени услови и поглед кон Егејско Море (оддаленено над 130 км воздушна линија), потоа кон Пирин (200 км оддалеченост) и Рила (230 км. и двата во Бугарија).
2. Познати месности Св. Петка (1100м.), Кале (1615м.), Леска, Чаула 1678 м., Кунина Стена (1850м.), Широка, Козји Камен (2135 м., 2180м) и др.
3. Цапарска Река Извира на кота 2185 м. Влив 740 м. Должина 13,8 км, Висинска разлика 1445 м., просечен пад 104.7 ‰. Десна притока на Шемница. Шемница десна на Црна Река.
4. Манастирска Река Извира на 1700 м., влив 905 м. должина 6 км. Висинска разлика од 795 м.
5. Извори и чешми Котарска чешма – 1880 м., 1.5л/сек., 7ºС, пукнатински извор (геолошка условеност), пристапност – пешки, пошуменост, РН 6.5, вкупна тврдост ДН 3 Костов клајнец, и уште десетина чешми и над 20 извори.
6. Камени фигури Во просторот на Кунина Стена и Козји Камен се забележуваат интересни камени фигури.
7. Водопади и вирови По течението на Цапарска Манистирска Река се среќаваат мали водопади, каскади и вирови. Голем вир на Цапарска Река, оддалечен над 1 км над селото. Димензии 20 метри должина, 10 широчина и 1.5 длабочина.
8. Флора и фауна Атарот е богат со шума, букова, борова – моликова, планинска вегетација, ливади и сл. Од фауна, мечки, зајаци, лисици, куни, птици итн. Можности за одгледување на градинарски културни – компири, грав, ореви, јаболка, шумски плодови, костени, како и за пчеларење, одгледување кози, овци, говеда, коњи, магариња и др.
Антропогени елементи, фактори и мотиви
рб Објекти Опис
1. Население Бројот на жители низ историјата се движел од 191 жител во 1519 година, преку 1809 жители во 1953 г. до 493 жители во 2002 година. Во период од 1996-2004 година селото било седиште на Општина Цапари.
2. Архитектура Селото има над 200 куќи. Повеќето куќи се изградени пред 50 до 80 години, а има и куќи стари и до 100 години. Градбата на постари-те куќи е од камен, поплочени со плочи и герамиди. По течението на Цапарска Река се среќават воденици, а во селските дворови и надвор од нив се среќаваат плевни, фурни, трла и други придружни објекти. Секако во селото има и нови куќи кои можат да примат одреден број на гости.
3. Цркви: 5 цркви: Во рамките на Соборниот Храм “Свети Велико Маченик Герогиј” спаѓаат и: Манастир Св. Преп. Параскева – Петка, Параклис Св. Мач. Петка, Параклис Св. Атанасиј Велики, Храм Вознесение Христово (Св.Спас) и Параклис Св. Вмч. Георгиј, и параклис Св. Петар и Павле.
4. Манастири Манастир Св. Преп. Параскева–Петка (1724 г.), Параклис Св. Мач. Петка. Манастирските конаци можат да примат и до 50-тина гости.
5. Народна традиција и обичаи Божик, Коледе, Василица - Цапарски карневал под маски или „Василичари“. Водици, Велигден Ѓурѓовден, Илинден и др. Етнографска и фолкоорна ризница на орудија, носии, игри, песни, обичаи, традиционални гастрономски јадења и сл.
6. Верски празнувања Св. Петка, Ѓурѓовден, Св. Атанасиј и други
7. Спомен обележја Меморијален парк - Споменик на илинденското востание, првата и втората светска војна. Споменик на загинати бугарски војнци од Првата светска војна. Пожелно е изградба или поставувањ на обележје за печалбарстовото, коледарите, василичарите и сл.
8. Планинска куќа Извидничка куќа на околу 1100 м.н.в. изградена од дрво и од страна на учениците и наставниците во 1978 г.
9. Училиште Работи подрачно осумгодишно училиште со над 60-тина ученици. Подрачното училиште е работна единица на ОУ „Елпида Караманди“ – Битола. До 2005 години работеше самостојно основно училиште ЦОУ „Трајан Белев“ – Цапари, а од 1944 до 1977 г. училиштето го носело името ОУ „Кирил и Методиј“ – Цапари.
10. Дом на култура Домот е запоставен и недоволно се користи.
11. Музејски поставки Во повеќе куќи се среќаваат разни колекци-онерски збирки. Најпозната е збирката на препараторот Ристо Веловски, кој има препарирано 50-тина диви животни и птици.
12. Културни и спортски и други манифестации Цапарски карневал под маски или „Василичари“. Одбележување на повеќе верски празници: Св.Петка, Св.Атанасиј, Св.Богојавление-Водици и сл. Спортски фудбалски и други натпревари. Во селото има повеќе регистрирани ловџии. До пред 22 години се одржуваа извиднички средби и натпревари. Во селото активно работело Културно- спортско друштво и извиднички одред „Пелистерски очи“ формиран во 1974 г. Се одржувале разни културни и спортски манифестации.
13. Стопански објекти Текстилен фабрички погон, неколку фарми на кози, овци и говеда, рибник, амбуланта, пошта, дом на културата, 4 продавници, фурна и ресторан.
Комуникативни елементи, фактори и мотиви
рб Објекти Опис
1. Сообраќајна поврзаност Приклуок на магистрален пат Е65 или М5 Сообраќајно населбата е поврзана со магистралниот пат Е65 односно М5, Битола – Охрид, со два асфалтни приклучоци и тоа, еден од страна на Битола во должина од 4 км, и еден приклучок од страна на Ресен, кој поминува низ селото Кажани, во должина од 4,5 км. Додека пак поврзаноста на Цапари со поранешниот, денес алтернативен регионален пат Битола – Ресен, е во должина од 1,6 км. Овој заобиколен пат кој ги поврзува речиси сите села на Цапарско Поле од месното население именуван е како кружен пат.
2. Други комуникациски потреби Можности за изградба на пократок сообраќаен приклучок кон с. Кажани во должина од 2,5 км. Потоа жичарница кон Широка, како и повеќе ски-лифтови. Маркирање на сите привлечни патеки, сигналистика, градба на Видиковци, места за одмор и рекреација. Фудбалското игралиште да се реновира, да се изгради терени за голф, јавање на коњи и сл.
Рецептивни елементи, фактори и мотиви рб Објекти Опис
1. Куќи за прием на гости Објективно земено во селото можат да се адаптираат над 20-30 куќи за прием на гости. Оптималниот број на сместувачки капаци-тети би бил над 100 гости. Пријатната клима дава можности селото да се користи и како воздуѓна бања.
2. Манастирски конак Можност за прием и до 50-тина гости
3. Училиште Основното училиште го користи само приземниот дел, односно помалку од половина капацитет. Адаптација на горниот спрат од училиштето, во соби за спиење. Можност за прием на околу 50-тина гости. Препораката е тоа да бидат ученици кои би реализирале и настава во природа.
4. Ресторански објекти Денес во селото има 3 продавници, 2 кафеани од која едата е поголема со капацитет 40 до 50 гости.
5. Други објекти Адаптација на Домот на култура, во објект за забава и разонода, диско, видео и интернет клуб и сл. Изработка на сувенири, и други производи.
Во селото постои избирачкото место бр. 212 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на дом на културата.[16]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 385 гласачи.[17]
Саздановци (1 к.), Мишевци (1 к.) и Живко (1 к.) иселени се во селото Лера, Цапарци (1 к.) иселени се во селото Маловиште, Менкини (1 к.) иселени се во селото Рибарци. Цапарковци (1 к.) иселени се во селото Долна Чарлија.[14] Многу население е иселено во Битола, САД, Канада, Австралија и многу места на Европа.
Само до 1951 година се иселиле во САД (63 семејства), Австралија (19 семејства), Канада (2 семејства) или вкупно 84 семејства, други во Битола (21 семејство), Белгија (2 семејства), Бугарија (6 семејства), Аргентина (5 семејства) и во Србија (1 семејство).[15]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.