From Wikipedia, the free encyclopedia
Оро (грчки: χορός, бугарски: хоро, српски: коло, хрватски: kolo) – народен танц во кој играчите најчесто фатени за раце се движат во круг.[1] Орото потекнува од Балканот, но се среќава и во други земји.
Името (со различен изговор и правопис во различни земји) се поврзува со грчкиот збор χορός. Оригиналното значење на овој збор може да е „круг“. Зборовите оро, хоро се наоѓаат во некои словенски јазици и имаат значење на танц во круг. Глаголот „се ори“, „орити се“ значи да се „зборува, пее“, а претходно значел да се „слави“.
Македонските ора се бројни и разновидни. Нивните имиња се изведени од имиња на места, лични имиња, занаети, животни, инструменти, видот на орото, начинот на држење и обичаите.
Ората обично се играат за време на верски празници (Божиќ, Водици, Велигден, Ѓурѓовден, Спасовден, Петровден), државни празници, венчавки, обично на сретсело, пред црквите, училиштата и куќите.
Ората може да бидат отворени и затворени, а играчите се држат за раце, или за рамења, или за појасите, или под рака или со рацете свртени надолу. Сите играчи играат на ист начин, освен ороводецот и последниот играч, кои може да изведуваат додатни чекори и движења. Ората се вијат обично на десно, но има и ора што се вијат на лево.
Ората се придружувани од народни инструменти: гајда, зурла, тапан, кавал, тарабука, ут, дајре.
Македонските ора обилуваат со кореографски движења како: полусвртување, клекнување, потскокнување, подрипнување, трусање, вкрстен чекор, страничен чекор, играње на колена и многу други.
Промената на ритамот се јавува кај повеќе ора, и тоа обично од бавно кон брзо.
Најчести ритми се: 2/4 и 7/6 (3,2,2), (3/4, 3/8, 4/4, 6/8, 5/16 (2,3), 7/16 (2,2,3), 8/16 (3,2,3), 9/16 (3,2,2,2), (2,3,2,2), 11/16 (2,2,3,2,2) и (3,2,2,2,2), 122/16 (3,2,2,2,3), 13/16 (3,2,3,2,3), 18/16 (2,2,3,2,2,2,3) и 22/16(2,2,3,2,2,3,2,2,2).
Како и за другите балкански народи орото (хоро) е одлика на бугарскиот фолклор. Играорците се редат и танцуваат во круг, линија или други формации.
Ритамот на играорците се менува од бавен кон брз.
Бугарските се бројни и разновидни.
Орото (хора) е традиционален романски фолклорен танц, каде што играорците меѓусебно се држат за раце и кругот се врти, обично спротивно на стрелките на часовникот, бидејќи секој учесник следи низа од три чекори напред и еден чекор назад. Орото обично е придружувано од музички инструменти како што се цимбал, хармоника, виолина, виола, контрабас, саксофон, труба или гајда.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.