Кажани
село во Општина Битола From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Битола From Wikipedia, the free encyclopedia
Кажани — село во Општина Битола, во околината на градот Битола.
Кажани | |
Координати 41°3′55″N 21°8′49″E | |
Општина | Битола |
Население | 31 жит. (поп. 2021)[1] |
Пошт. бр. | 7314 |
Шифра на КО | 02059 |
Надм. вис. | 903 м |
Кажани на општинската карта Атарот на Кажани во рамките на општината | |
Кажани на Ризницата |
Во подножјето на Баба Планина помеѓу котлините Пелагонија на исток и Преспа на запад, поточно помеѓу Битолското Поле на исток и превојот Ѓавато (1.169 м), кој ја одвојува Баба Планина од Бигла планина и Ресенското Поле со Преспанското Езеро на запад, се наоѓа мала но коса висорамнина наречена Цапарско Поле(за време на турското ропство Ѓават-кол), која се издига кон планинскиот масив со највисокиот врв Пелистер, (2.601 м) сместени се десетина планински населби меѓу кои и селото Кажани кое доаѓа на запад на оваа висорамнина. Ова село се наоѓа на половина на патниот правец Битола-Ресен Р-106. Релјефот на околината на селото Кажани е претежно ридско-планински со оглед на надморската височина од 900 мнв и затвореноста на котлината од влијанијата на топли морски струења, владее умерено континентална клима која во одредени периоди се модифицира и преминува во планинско-континентална клима, а се одликува со свежи зими и пријатни лета. Кажани е село со висока концентрација на кислород во воздухот со оглед на тоа што неговата околина која практично е прекриена со букови и дабови шуми и голем дел на планински пасишта и мал дел на рамнински терени кои ги има околу речното корито на реката Шемница чии води доаѓаат од високите делови на Баба Планина носејќи со себе пријатна свежина на чист и свеж планински воздух.
На ова место прво се доселиле двајца браќа христијани по име Миле и Соколе, а дошле од Дебарско. Оттаму со себе донеле многу овци (200-300 глави). За подобро да живеат тргувале со кожи и оттука местото Кожани. Подоцна, некој Албанец од Тирана се добрал ноќта до овчарите и ги прашал каде живеат. Откако разбрал дека добро живеат ги помолил браќата и тој со своето семејство да се досели таму. Добрите браќа му дозволиле. По некое време, од една албанска куќа се намножиле повеќе и станале 300, а христијаните биле помалубројни.
Според местоположбата ова село имало централно место и значење и улога како административно место за населбите во висорамнината Цапарска котлина како значаен показател од римскиот период е податокот дека на 1 км северно од селото Кажани врвел познатиот пат Вија Егнација (Via Egnatia) а како остатоци во денешно време се ѕидините на археолошкото наоѓалиште Кале кое се наоѓа меѓу селото Кажани и соседното село Доленци (Битолско).
Nicea. Statio (mutatio) сместена според Ит. Ант. (318,4) а спорет Појтигеровата карта на 11 m.p од Хераклеја. Kiepert пресметал дека Nicea. треба да се бара во близината на сегашното село Кажани, односно би требало да се совпаѓа врз растојанието и со името на станицата за промени на запреги (mutation) парамболе, се мисли дека би можела да биде сместена во близина на с. Кажани поточно помеѓу селата Кажани и Доленци, каде Вилиќ во 1928 година ја открил старата античка населба Кале една римска тврдина од доцно-античкиот период.
За време на османлиското ропство село Кажани се зголемило со куќи, но претежно било населено со османлиско население од кои дел служеле за османлиската војска на Отоманското Царство – башибозук станало едно воено-административно место во потпелистерскиот дел бидејќи тука на само 200 до 300 метри јужно од селото Кажани врвел пазарџискиот пат од Битола кон Охрид или кон Корча, но исто така претставувало и крстопат за другите патни локални правци помеѓу населението на населените места од овој крај, за што покрај поголем број на занаетчии, во селото имало и анови за преноќевање за големите каравани со трговци во Отоманското Царство, но и место за трговска размена на стоки. Според статитички податоци ова село броело над 70 куќи со близу 550 жители,(65 христијани),(480 муслимани).
Според местоположбата покрај крстопатот на патиштата кон другите населени места ова село имало и стратегиско значење за турската војска. Од височинката Јашарова кула се гледа и има видик целосно на сите патишта и другите населени места на висорамнината Цапарско поле. Непосредно со повлекувањето на османлиската власт голем број на населението од с. Кажани претежно турско население заминуваат во Турција, голем дел во регионот на Измир.
Периодот после балканските војни и Првата светска војна до Втората светска војна во село Кажани се стационира српска жандармерија и административен апарат, бидејќи голем дел од турското население заминало, одреден број на занаети претежно од угостителство, анови, меана-крчма (ресторан), мелничката индустрија -воденици-млин особено се развил и бил познат млинот во с. Кажани. Користејќи ја водата на реката Шемница, но и услужни занаети како колари, самарџии, дел од населението од с. Ѓавато се населуваат во с. Кажани.
Во периодот меѓу Првата и Втората светска војна била изградена и пуштена во сообраќај железничка линија со тесен колосек (теснолинејка) на патниот правец : Градско–Прилеп–Битола, на 07.04.1931 година. Пред Втората светска војна изградена е и железничка линија како крак на оваа пруга со тесен колосек (теснолинејка) Прилеп-Алинци-Боротино–Бучим-Демир Хисар-с. Свињиште-с. Кажани. Во војната голем дел од пругите, железничките мостови и тунелите биле целосно или делумно уништени од непријателот при нивното повлекување.
1938 година Штрајк на млинските работнициво Кажани На самиот пат меѓу Битола и Ресен, во село Кажани се наоѓал млин во кого работеле седум работници под неповолни услови за работа, без социјално осигурување и мала надница. Работниците, поучени од Драги Тозија се зачлениле во ЈРС-овите синдикати. Кога работниците побарале нивниот раководител да склучи со нив работен договор, тој откажал. Тоа било повод работниците да стапат во штрајк, кој траел 20 дена. Штрајкот успеал. Надниците од 8 динари на ден им биле зголемини на 20 динари, а работниците добиле и социјално осиурување. За време на Втората светска војна во селото се сместува административен апарат на бугарската војска и полиција (Бугарски полициски подучасток)
Штабот на Битолско-преспански НОПО „Даме Груев“ за да му помогне на прилепскиот партизански одред „Димитар Влахов“ и ги одвлече окупаторските сили, кои се сконцентрирале за да го рзбијат, во координација со партиските ќелии од Први реон подготвил акција за напад. Цел на нападот бил IV пограничен подучасток засилен со воени единици. Времето на нападот било одредено да биде 0 часот помеѓу 18 и 19 Август.Одредот се поделил на три групи со строго определени задачи. Водачи на групите биле Ѓаваштаните Лазе Ласовски, Мијал Грбевски и Стојан Бендев. Покрај Ѓаваштани во акцијата зеле учество партијци, скоевци и симпатизери од селата Братиндол, Ротино, Доленци и Лера со тоа што ги исекле телефонските жици меѓу Битола и Кажани и Кажани и Ресен. Поради непредвиден настан акцијата започнала нешто порано, т.е. 18 Август 1942 година и траела 2-3 саати. Партизаните немале мртви. Окупаторот бил изненаден и дал неколку жртви. Напорите што ги вложиле војниците и полициските сили да го откријат Одредот не им успеале.
Во селото најзастапено е градинарство, полјоделство, овоштарство, и мал дел сточарство, со зајакнување на помошта која ја добиваат земјоделците од државата во последните две децении се градат современи мини фарми за млекопроизводство, како и живинарство.
Интересно е да се напомене дека посебно во текот на пролетните, летните и есенските месеци добрите климатски услови во село Кажани овозможуваат развој на пчеларство и билкарството односно собирањето на лековити билки и растенија, чај, шумски и други споредни производи.
Заради местоположбата на самото село, кое претставува крстосница на патишта за с. Ѓавато, за с. Доленци-Лера и Гопеш и патот за с. Маловиште, односно самото поминување на стариот Регионален пат Битола - Ресен Р-106, некогаш опстојуваа 3-три Ресторани и секако надалеку познатата Фурна Кажани која произведуваше леб печен на дрва по 5 до 6 фурни на ден, и сите пролазници застануваа да земат од лебот, ден денес фурната работи повремено, односно послем големата миграција со почетокот на 21-ви Век, сè уште е задржана традицијата на услужни дејности во село Кажани посебно во текот на пролетните и летните месеци кога има поголема раздвиженост има еден ресторан и две продавници за колонијална стока.
Погон во село Кажани за Откуп, преработка и извоз на шумски печурки. На оддалеченост од 15 киллометри од Битола.
Ова друштво -Компанија покрај вработување на луѓе од с. Кажани и околните села ја потикнува и чува старата традиција на собирање на шумски плодови и други споредни производи донесени директно од природата, на најтрадиционален начин она што е вистинскиот вкус и хранливост. Голем број на љубители на природата, Искусни луѓе, со семејната традиција за разбирање и собирање печурки, далеку од било која индустрија, урбаниот живот и загадување, длабоко од шумските предели на поднебјето на планините Баба, Бигла и други планини низ Македонија, се носат во откуп центри каде се цени квалитетот, и грижливо се одбираат само најубави шумски печурки, како што се Boletus edulis ВргањCantharellius Cibarius ЛисичаркаAmanita caesarea, (Јајчарка)Lactarius(Рујница) итн. По преработката и класирање во главниот производствен објект во село Кажани се одобрува и испорака на товар преку специјални камиони да се задржи свежината на производот се извезуваат главно низ Европските пазарии. Покрај свежа печурка вработените внимателно го испитуваат видот,квалитетот на храната (според меѓународни микологија стандарди) со цел да се продолжи со понатамошни процеси, чување на одредени производи откако ќе ги спакуваат како свежа, сува или тегла нив, вкусни печурки, испорачани за секого како вкусна и вистинска храна од природата.
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Кажани живееле 515 жители, од кои 450 Албанци и 65 Македонци.[2]
Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Кажани имало 545 жители, од кои 480 Албанци и 65 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци и 50 Албанци.[4]
Според пописот од 2002 година, селото имало население од 75 жители, од кои 59 Македонци, 13 Албанци, 2 Турци и 1 останат.[5]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 31 жител, од кои 21 Македонец, 8 Албанци и 2 Турци.
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[6]
Година | Македонци | Албанци | Турци | Роми | Власи | Срби | Бошњаци | Ост. | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1948 | — | — | — | — | — | — | — | — | 138 |
1953 | 130 | — | 45 | — | — | 1 | ... | 2 | 178 |
1961 | 98 | — | 34 | ... | ... | 2 | ... | — | 134 |
1971 | 143 | 26 | 10 | — | ... | — | ... | 1 | 180 |
1981 | 132 | 23 | 1 | — | — | — | ... | 9 | 165 |
1991 | 102 | 30 | 3 | — | — | — | ... | 10 | 145 |
1994 | 73 | 26 | 5 | — | — | — | ... | — | 104 |
2002 | 59 | 13 | 2 | — | — | — | — | 1 | 75 |
2002 | 21 | 8 | 2 | — | — | — | — | 0 | 31 |
Кажани во почетокот на XX век и по повлекувањето на Османлиското Царство е зафатено од поголем бран на миграции, па така денес граѓани на Кажани и нивни потомци имаат мигрирано низ цел свет, а поголеми миграции се забележуваат во екот на Балканските војни и миграцијата на турското население кое било многубројно во с. Кажани тече кон Турција, но има семејства кои имаат мигрирано во Австралија, САД. Втор бран на миграција се случува по Втората светска војна вонглавно кон Австралија, Канада, САД,Белгија и други земји низ Европа Во последните две децени исто така Кажани е зафатено од голема миграција кон внатрешноста на Македонија пред сè Ресен и Битола вонглавно од економски причини.
Кажани е мешано македонско-албанско село, родови во селото Кажани се.
Според истражувањата на Бранислав Русиќ од 1951 година, родови во селото се:
Македонски
Албански
Полициска Канцеларија во с. Кажани на Полициската станица Битола, Канцеларија за матична евиденција на Министерството за правда, Пошта Кажани., Шумска куќа на ЈП Македонски Шуми РЕ Кајмакчалан Битола
Месна заедница с. Кажани
Во селото постои избирачкото место бр. 205 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на шумарска куќа.[9]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 77 гласачи.[10]
Студена Чешма – Јашарова Кула, населба од римското време. На околу 2 км западно од селото, на височинка карактеристична по белата земја, при обработувањето на нивите се откриени остатоци од населба (фрагменти од керамички садови, питоси и градежен материјал).
Просторот, Студена Чешма,Јашарова Кула, Арнаутско гумно, Лозја, Зли дол е поширок простор кај месното население познат и под името Кажанска корија се наоѓа во склоп на Националниот парк Пелистер, изобилува со планински ливади, и прекриен е со дабави и букови шуми. Богат е со голем број на флора, лековити растенија и билки, Преку целиот период на пролет и лето, Свежиот и чист планински воздух со идеална надморска височина од 1000 до 1100 метри н.в, го прави овој простор идеален за пријатни рекративни прошетки во природа и одмор, но сепак треба да се внимава при престојот во природа особено во текот на летните месеци,бидеки е прекриен со висока трева, да се почитуваат предупредувањата на ЈУ Национален парк и режимот за движење низ шума, престои опасност од пожри, Исто така потребно е носење на високи чевли заради змии, панталони со долги ногавици, кошула со долги ракави и капа заради пајаци и друг вид на инсекти. Вашиот престој ќе го разубават големиот број на птици и нивната песна, но сепак потребна е внимателност бидејќи На овој простор може да се сретнат пелистерскиот рис, лисица, срна, дива свиња, волк и кафеава мечка.
Доколку се одлучите за собирање на лековити билки, ќе биде потребно претходна најава во ЈУ Национален парк Пелистер, и добивање на посебна дозвола за која треба да платите годишна чланарина да се регистрирате како билкособирач и да ги почитувате инструкциите и Упатствата на надлежните стручни лица или чувари во националниот парк Пелистер - Битола.
18.Август ден на нападот на полицискиот участок во с. Кажани, Боречката организација од Битола, секоја година, доаѓа со свои членови на боречката организација, и на споменикот во с. Кажани полагаат свежо цвеќе во спомен на сите загинати од НОБ,
Наим е роден во 1908 година во село Кажани. По занимање бил колар, а во време на окупацијата одржувал врски со прогресивните сили и активно ја помагал Народната револуција. Во познатата акција на Одредот „Даме Груев“ 1942 година на подучастокот во село Кажани, Наим дал свој скромен придонес. Во 1943 година и пристапил на единиците на НОВЈ. Наскоро бил заробен, а фашистичките бугарска полиција по физичкото и психичкото измачување го стрелала во селато Штрбово-Преспа.
Македонија поседува непроценливо природно богатство. Таа е облагородена со извонредни предели во кои чистиот воздух предизвикува вистинско уживање. Придобивките се во различни области. Меѓу нив туристичкиот развој заслужува посебно внимание. Алтернативниот туризам претставува можност за користење на заштитените подрачја на одржлив начин. Тоа е во исто време начин да се користи, штити и унапредува животната средина, богата со инзвонредни природни и внесени (од човекот) содржини и елементи. Развојот на алтернативните форми на туризам е посебно значаен во подрачјата во кои постои автентична природа и културно наследство сврзани со можности за рекреација, културни доживувања и забава.
Планинарската патека Панџуров мост-Св.Спас е оддалечена на еден километар јужно од с. Кажани движејќи се по асфалтниот пат с. Кажани - с. Маловиште, од 960 м.н.в југозападно се искачува од источната страна по сртот до најзападниот врв на "Баба" планина Вртешка висок 2010 м.н.в. Висинската разлика на почетната точка и крајната точка е 1050 м.н.в која се совладува за приближно 2 часа и половина движејќи се по коса стрмнина со повеќе лакови на патеката, попатно ви се отворат пејсжи на цапарска котлина со 8 населени места (с. Кажани, с. Цапари, с. Ротино, преслапта Превалец, с. Г.Српци, с. Рамна, с. Лера, с. Доленци, с. Ѓавато како и вливот на река Шемница во вештачката акумулација Стрежево) гледајќи на исток а на југ се забележува единственото планинско село во самиот национален парк Пелистер с. Маловиште. Пред самиот врв на само 50 метри испод врвот Вртешка се наоѓа една од петте цекви на с. Маловиште црквата Свето Вознесение Господово или народот ја нарекува Св. Спас, исто како и православниот празник кој е со променлив датум зависно од датумот на празникот Велигден, а Св. Спас доаѓа секогаш во четврток во шестата недела по Велигден, обично е втората половина на месец мај или првата полиовина на месец јуни во една прекрасна природна реткост обвиена во зеленило и со многубројни пролетни цветови во разни бои. Покрај самата црква месното население во последните години изгради и засолниште за 10 до 15 лица за престој во неповолни временски услови. На овој празник вообичаено се собираат граѓани на месното население од с. Маловиште во поголем број од 100 до 150 граѓани од самото село или кои мигрирале во Битола или соседните градови на РМ, овој празник претставува планинарска атракција каде редовно покрај месното население во текот на денот се искачуваат планинари од Битола, Ресен и други делови во бројка од 300 до 500 планинари. Вртешка 2010 м.н.в Од самата црква Св.Спас на само 10 минути ќе се искачите на самиот врв Вртешка од каде се отвораат прекрасни глетки кон преслапот Ѓавато, планината Бигла, Стрежевското Езеро, Цапарската Котлина од исток на запад кон Ресен, Ресенското Поле, Преспанското Езеро, а на југ врвот Пелистер кој високо се издига пред вас, врвовите Голема Чука, Мала Чука и висорамнината Кодро.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.