Лисица (латински : Vulpes ) — род составен од 27 видови животни од семејството кучиња Canidae .
Лисицата е висока од 40 до 50 см, а должината и изнесува околу 110 см, додека само опашката е околу 40 см. Таа обично тежи од 8 до 10 кг. Што се однесува до староста на лисицата, тие можат да доживеат до 15 години, но во просек нивниот животен век изнесува околу 12 години. Нејзината трага може да се помеша со трагата на помало куче , но се разликува по тоа што нејзината трага е потесна од онаа на кучето. Територијата која ја покрива лисицата обично изнесува околу 4 квадратни километри, а живее во јами што се во главно концентрирани на работ на шумата . Лисиците живеат главно сами, а само за време на парењето доаѓа до зближување на мажјакот и женката. Лисицата го носи младенчето од 50 до 56 дена. Кога ќе се роди, младенчето во просек има маса околу 80 грама, а на врвот на опашката и на градите има бели праменчиња.
Машка индиска лисица
Vulpes alopecoides — (Major, 1873, крајот плиоцен , Европа)
Vulpes angustidens — (Thenius, 1954, почетокот плеистоцен , Европа)
Vulpes chikushanensis — (Young, 1930, крајот плиоцен , Европа)
Vulpes galaticus — (Ginsburg, 1998, плиоцен , Европа)
Vulpes praecorsac — (Kormos, 1932, просечната плеистоцен , Европа)
Vulpes praeglacialis — (Kormos, 1932, почетокот-просечната плеистоцен , Европа)
Vulpes riffautae — (Bonis et al., 2007, крајот миоцен Африка)
Vulpes stenognathus — (Savage, 1942, крајот миоцен , Северна Америка)
Лисиците како тема во книжевноста
„Лисицата лекар“ - кавкаска народна приказна.[1]
„Како лисицата го оженила сиромавиот“ - кавкаска народна приказна.[2]
„Лисицата и волкот“ - унгарска народна приказна.[3]
„Лисицата, мечката и сиромавиот“ - унгарска народна приказна.[4]
„Лисицата и волкот“ - македонска народна приказна.[5]
„Лисицата му се одмаздила на волкот“ (српски: Лисица се осветила вуку ) - српска народна приказна.[6] [7]
„Мечката, свињата и лисицата“ (српски: Међед, свиња и лисица ) - српска народна приказна.[8]
„Волкот и лисицата“– сказна на браќата Грим .[9]
„Лисицата и коњот“ – сказна на браќата Грим.[9]
„Лисицата и мачката“ – сказна на браќата Грим.[9]
„Лисицата и крокодилот“ - басна на старогрчкиот баснописец Езоп .[10]
„Лавицата и лисицата“ - басна на Езоп.[11]
„Лавот, магарето и лисицата“ - басна на Езоп.[12]
„Лавот, волкот и лисицата“ - басна на Езоп.[13]
„Петелот, кучето и лисицата“ - басна на Езоп.[14]
„Лисицата и гавранот“ - басна на Езоп.[15]
„Лакомата лисица“ - басна на Езоп.[16]
„Лисицата и јарецот“ - басна на Езоп.[17]
„Лавот и лисицата“ - басна на Езоп.[18]
„Лисицата и дрварот“ - басна на Езоп.[19]
„Рисот и лисицата“ - басна на Езоп.[20]
„Орелот и лисицата“ - басна на Езоп.[21]
„Лисицата и капината“ - басна на Езоп.[22]
„Лавот, глушецот и лисицата“ - басна на Езоп.[23]
„Лисицата и дрвената глава“ - басна на Езоп.[24]
„Дивиот вепар и лисицата“ - басна на Езоп.[25]
„Лисици“ - басна на Езоп.[26]
„Зајаците и лисиците“ - басна на Езоп.[27]
„Лисицата и мајмунот“ - басна на Езоп.[27]
„Лисицата и грозјето“ - басна на американскиот писател Емброуз Бирс .[28]
„Лисицата и штркот“ — басна на Лафонтен .[29]
„Гавранот и лисицата“ — басна на Лафонтен.[30]
„Крзното од лисица на мајка ми“ — краток расказ на македонската писателка Сања Михајловиќ-Костадиновска .[31]
„Лисицата воспитачка“ — песна на македонскиот поет Васе Тодоров - Шлеговец .[32]
Лисиците како тема во филмот
Ronald M. Nowak Walker's carnivores of the world – JHU Press, 2005
Xiaoming Wang, Richard H. Tedford, Mauricio Anton Dogs: Their Fossil Relatives and Evolutionary History — Columbia University Press, 2010
Кавкаске бајке . Београд: Народња књига, 1963, стр. 161-165.
Кавкаске бајке . Београд: Народња књига, 1963, стр. 148-158.
Мађарске бајке . Београд: Народња књига, 1974, стр. 104-106.
Мађарске бајке . Београд: Народња књига, 1974, стр. 86-88.
Македонски хумористични народни приказни . Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 33-34.
Народне приповетке . Београд: Просвета, 1963, стр. 141-144.
Вук Караџић, Српске народне приповијетке . Београд: Лагуна и Вукова задужбина, 2017, стр. 251-254.
Вук Караџић, Српске народне приповијетке . Београд: Лагуна и Вукова задужбина, 2017, стр. 248-250.
Браќа Грим, Храбриот кројач , Детска радост, Скопје, 1980.
Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу) . Београд: Просвета, 1963, стр. 25.
Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу) . Београд: Просвета, 1963, стр. 94.
Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу) . Београд: Просвета, 1963, стр. 99.
Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу) . Београд: Просвета, 1963, стр. 90.
Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу) . Београд: Просвета, 1963, стр. 82.
Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу) . Београд: Просвета, 1963, стр. 78.
Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу) . Београд: Просвета, 1963, стр. 80.
Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу) . Београд: Просвета, 1963, стр. 77.
Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу) . Београд: Просвета, 1963, стр. 73-74.
Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу) . Београд: Просвета, 1963, стр. 65.
Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу) . Београд: Просвета, 1963, стр. 63.
Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу) . Београд: Просвета, 1963, стр. 60-61.
Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу) . Београд: Просвета, 1963, стр. 56.
Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу) . Београд: Просвета, 1963, стр. 50.
Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу) . Београд: Просвета, 1963, стр. 49.
Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу) . Београд: Просвета, 1963, стр. 34.
Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу) . Београд: Просвета, 1963, стр. 43.
Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу) . Београд: Просвета, 1963, стр. 36.
Емброуз Бирс, Басни . Скопје: Темплум, 2016, стр. 22.
Басни (избор). Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2009, стр. 21.
Басни (избор). Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2009, стр. 23.
Сања Михајловиќ-Костадиновска, Во кратки црти . Скопје: Бегемот, 2021, стр. 21-22.
Васе Тодоров - Шлеговец, Магија на детството . Скопје: александар & александар, 2000, стр. 29.