From Wikipedia, the free encyclopedia
Жан де Лафонтен (француски: Jean de La Fontaine; 8 јули 1621 - Париз, 13 април 1695 ) — прочуен француски баснописец и поет. Има напишано 240 басни. Тој е еден од најголемите писатели на францускиот класицизам. Се вбројува во редот на најпознатите баснописци во светската литература. Лафонтен не е само баснописец, туку и поет, раскажувач, романописец и комедиограф. Лафонтен потекнува од старо и богато семејство. Се родил во гратчето Шато Тјери, а учел во родното место и во Париз. На 20-годишна возраст стапил во братството на орторијанците со намера да стане духовно лице. Само по една година се откажал и се запишал на правниот факултет во Париз. По завршувањето на студиите бил примен за адвокат во парискиот Парламент. Ни оваа професија не му се допаднала, па се насoчил кон античките писатели и писателите од ренесансата.
Жан де Лафонтен | |
---|---|
Портрет на Лафонтен од Ијасент Риго | |
Изворно име | Jean de La Fontaine |
Роден/а | 8 јули 1621 Шато Тјери, Шампања, Франција. |
Починат/а | 13 април 1695 73) Неји на Сена, Франција | (возр.
Занимање | баснописец, поет |
Оваа биографска статија за личност од Франција е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.