Remove ads
From Wikipedia, the free encyclopedia
Битолско-преспанскиот НОПО „Даме Груев“ (над с. Златари на пл. Бигла, Ресенско, 6 јули 1942 – с. Сливово, Охридско, 18 јули 1943) бил воена единица на НОВ и ПОМ.
Наскоро по формирањето, на 2 август, Илинден, ја уништил општинската зграда и одржал митинг во Смилево, родното место на Даме Груев. Потоа, извршил напади на бугарските сили во селата Кажани, Битолско (18 август) и Златари (21 август). На 22 октомври одредот одржал митинг во Сопотско, Ресенско, по што се поделил на две групи и се префрлил на територијата на Преспа под италијанска окупација. Од крајот на декември 1942 година до крајот на февруари 1943 година одредот, во договор со албанското народно-ослободително движење, се наоѓал на територијата на македонските села во Мала Преспа.
На 25 март 1943 година во состав на овој одред влегол Битолскиот НОПО „Јане Сандански“ и тогаш одредот броел 36 борци.[1] Поради засилените дејства на бугарските и италијанските сили, на 5 април одредот се префрлил на костурско-леринското подрачје, каде, заедно со Леринскиот партизански одред „Вичо“, учествувал во борбите против месните контрачети (април-мај 1943). Во овој период во одредот имало зголемен прилив на нови борци.
На 20 мај од борците од Битолско бил формиран новиот Битолски НОПО „Гоце Делчев“. Потоа одредот се вратил во Преспа, а на 17 јули главнината од одредот преминала во Дебрца, каде што извршувала диверзантски акции и влегла во составот на новоформираниот баталјон „Мирче Ацев“. Делот од одредот што останал во Преспа, по капитулацијата на Италија, на 12 септември, заедно со Битолскиот НОПО „Гоце Делчев“, кај селото Љубојно разоружале над 200 италијански војници, а во ноември 1943 влегле во составот на Битолскиот баталјон „Стив Наумов“.
Наредната година повторно бил формиран истоимен одред (4 април 1944) и дејствувал долж патот Ресен – Битола во составот на 49. Дивизија на НОВЈ.[2][3][4]
Од борците на одредот, петмина биле прогласени за народни херои:
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.