Remove ads
From Wikipedia, the free encyclopedia
Четирисет и деветтата дивизија на НОВЈ (дејствувала од 1944 до 1945) била воена единица формирана во селото Црноец, Битолско, на 10 септември 1944 година.[1] Во нејзиниот формациски состав влегле 5-та и 7-та македонска ударна бригада и Битолско-преспанскиот партизански одред.
Четириесет и деветта дивизија на НОВЈ | |
---|---|
Југословенското партизанско знаме | |
Активна | од 1944 до 1945 година |
Земја | Македонија, село Црноец |
Припадност | Народноослободителна војска на Југославија |
Големина | 4.200 борци и офицери |
Штаб | Петта македонска ударна бригада Седма македонска ударна бригада Битолско-преспански одред |
Битки | Борби против Армиската група Е |
Команданти | |
Тековен командант | Васко Карангелески |
Командниот состав на дивизијата го сочинувале:[1]
Политички комесари биле:
Во почетокот на октомври 1944 г. дивизијата била реорганизирана, па во нејзиниот состав влегле и Втората македонска ударна бригада и Костурско-леринскиот баталјон „Гоче“ (од Македонци од тој дел) и потоа влегла во составот на Петнаесетти македонски корпус (со бројна состојба од 4.200 борци и старешини).
По ослободувањето на Прилеп (2 септемрви 1944 г.) на местото на 2-та во составот на дивизијата влегла 9-та македонска бригада. Новиот состав го формирале 5-та, 7-та и 9-та македонска и Првата егејска бригада. Во декември 1944 г. во нејзиниот состав влегле 6-та, 9-та и 11-та македонска, како и Првата артилериска бригада.[2]
Борбените дејства на дивизијата главно се довивале на просторот околу Пелагонија и Преспа, против германските единици од армиската група Е.[1] Дивизијата водела борби на комуникациите: Лерин – Битола и Охрид – Ресен – Битола – Прилеп против ГАЕ кои се повлекувале од Грција. Единици од составот на оваа дивизија учествувале во борбите за конечно ослободување на Прилеп, Битола, Ресен, Охрид, Струга, а потоа и против балистичките формации кај Кичево, Зајас и Гостивар.[1]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.