село во Општина Долнени From Wikipedia, the free encyclopedia
Црнилиште — село во Општина Долнени, Прилепско.
Црнилиште | |
Поглед на Црнилиште | |
Координати 41°31′50″N 21°24′52″E | |
Регион | Пелагониски |
Општина | Долнени |
Област | Прилепско Поле |
Население | 1.937 жит. (поп. 2021)[1] |
Пошт. бр. | 7516 |
Повик. бр. | 048 |
Шифра на КО | 20108 |
Надм. вис. | 662 м |
Црнилиште на општинската карта Атарот на Црнилиште во рамките на општината | |
Црнилиште на Ризницата |
Селото Црнилиште се наоѓа во Прилепско Поле и во северниот дел од територијата на Општина Долнени, северозападно од градот Прилеп, на северозападното подножје на планината Бабуна. Селото е ридско и е сместено на надморска височина од 662 м. Од Прилеп е оддалечено 33 км. Неговиот атар зафаќа површина од 12,5 км2.[2]
Црнилиште било формирано од страна на христијанско словенско население. Албанците се доселиле во селото кон крајот на XVIII и почетокот на XIX век.[3]
Селото има полјоделска функција. Во неговиот атар преовладува обработливото земјиште на површина од 711 ха, пасиштата зафаќаат површина од 202 ха, а на шуми отпаѓаат 147 ха.[2]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Прилепскиот Вилает (Vilayet-I Prilepe) под името Чрнулште и имало 25 семејства, 2 неженети и 2 вдовици, сите христијани.[4]
Во делото „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Црнилиште било село со 60 домаќинства и 200 жители муслимани, 40 Македонци и 7 Роми.[5]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Црнилиште имало 60 Македонци, 580 Албанци и 80 Роми.[6] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во селото имало 60 жители Македонци, не броејќи ги муслиманите.[7] Според Димитар Гаџанов, во Црнилиште во 1916 година живееле 738 жители Албанци.[8] За време на Првата светска војна Црнилиште било вклучено во општина Браилово и имало 738 жители.[9]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Црнилишта се води како мешано македонско-албанско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 80 куќи.[10]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 500 Турци, 150 Македонци и 50 други.[11]
Според последниот попис од 2002 година, во селото живееле 1.765 жители, од кои 1.704 Албанци, 31 Македонец, 26 Турци, 1 Бошњак и 3 други.[12]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.937 жители, од кои 23 Македонци, 1.894 Албанци, 2 Турци и 18 лица без податоци.[13]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 720 | — | 949 | 1.045 | 1.118 | 1.108 | 1.303 | 1.456 | 1.486 | 1.765 | 1.937 |
Црнилишта е македонско-албанско село.
Албански родови во селото село: Гачевци (40 куќи), Велиовци (12 куќи), Усовци (4 куќи), Аировци (5 куќи), Реџовци (12 куќи), Џемаиловци (10 куќи), Шабановци (9 куќи), Ликовци (8 куќи), Качниковци (6 куќи), Ламевци (6 куќи), Манчевци (6 куќи), Стајчевци (6 куќи), Рамчевци (4 куќи), Речковци (4 куќи) и Мале-Станевци (4 куќи) сите овие родови се доселени од дебарска страна кон крајот на XVIII век и почеток на XIX век. Највеќее брачни врски одржувале со селаните од селата Пешталево, Дебреште и Житоше, и затоа жителите на селото добро го владеат македонскиот јазик. Во родот Гачевци се знае следното родословие: Јусуф (жив на 56 г. во 1954 година) Амет-Јусуф-Алија-Ганија, основачот на родот кој се доселил. Родовите Велиовци и Усовци потекнуваат од двајца браќа, во родот Усовци се знае следното родословие: Рамадан (жив на 57 г. во 1954 година) Џабир-Селман-Усеин, основачот на родот.
Македонски родови доселени после турското владеење се: Џарковци (6 куќи), Симоновци (3 куќи), Шоповци (2 куќи), Савевци (2 куќи) и Малезановци (1 куќи) доселени се од селото Стровија; Дрндаревци (4 куќи) и Размовци (3 куќи) доселени се од селото Маргари; Секуловци (3 куќи),Здравевци (2 куќи), и Церовци (2 куќи) доселени се од селото Гостиражни; Солуновци (1 куќа) доселени се од селото Костинци; Камчевци (1 куќа) и Влаинковци (1 куќа) доселени се од селото Богомила.[18]
Во селото работи основното училиште „Исмаил Ќемали“, каде што се изведува настава до деветто одделение.[19] Освен тоа, во него има и амбуланта и услужни објекти.[2]
Селото влегува во рамките на Општина Долнени од 1955 година.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од Општина Костинци.
Во селото постојат избирачките места бр. 1475 и 1476 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[22]
На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 1.544 гласачи.[23]
До 1957 година 15 албански семејства се иселиле во Турција. Тие се населиле во Бурса, Одрин и Адапазар. После 1957 година албанското иселување во Турција било уште посилно. А во селото почнало да се населува и македонско население.[3]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.