македонски бенд From Wikipedia, the free encyclopedia
Next Time понекогаш Некст Тајм е етно-поп дуо од Скопје, Република Македонија. Негови членови се двајцата браќа - близнаци Мартин и Стефан Филиповски. Стефан е водечкиот пејач во групата додека Mартин свири на гитара и е придружен вокал. Групата ја претставуваше Македонија на Евровизија 2009 во Москва, Русија.
Мартин и Стефан Филиповски | |
---|---|
Стефан (лево) и Мартин Филиповски | |
Животописни податоци | |
Познат(а) и како | Некст тајм |
Роден(а) | 20 септември 1986 Скопје, Република Македонија |
Жанрови | Рок |
Занимања | Пејач |
Инструменти | Вокал |
Период на активност | 2008 - |
Мреж. место |
Некст Тајм се формира на почетокот на 2008 година и потпишаа договор со План Б продукција. Пред тоа настапуваа како бенд на музички фестивали за деца. Откриени биле од композиторот и текстописецот Јован Јованов. Ова македонско дуо во тој период го пуштаат нивниот прв сингл „Не верувам во тебе“ во мај 2008 година. Текстот на песната беше напишан од Некст тајм, а песната беше во продукција на Јованов. „Не верувам во тебе“ за кратко време се искачи на врвот на музичките листи во македонија и стана хит којшто набрзина ги лансираше Некст Тајм високо на македонската музичка сцена. Бендот исто така сними и спот за песната. Прва појава на Некст тајм на фестивал беше на Првиот музички радио фестивал „Ѕвездена ноќ“ во јуни 2008 година. На „Ѕвездена ноќ“ дуото ја доби наградата „Летен хит на годината“ со нивната втора песна „Ме мислиш ли?“. Два месеци подоцна на Охрид фест, Некст тајм беа избрани за најдобри нови уметници со нивниот трет сингл „Ме остави сам да живеам“. Најголемиот фестивалски успех на Некст Тајм беше победата во второто полуфинале на Макфест во октомври. Со нивниот нов сингл „Без тебе тивко умирам“ тие го освоија второто место во финалето, со само 3 бода помалку од првопласираниот.
На 16 декември 2008 година, Некст Тајм го објавија првиот албум. Тој се состои од 13 песни, од кои две пеа испеани на странски јазик. Една од тие песни беше на англиски - „Why did you go“. Другата песна беше препев на италијанската поп-опера песна „Caruso“. Првите четири синглови беа придружени со спотови. Со објавувањето на нивниот албум тие се стекнаа со голема популарност и станаа значајни уметници на Македонската музичка сцена.
Во февруари 2009 година, Некст тајм се натпреваруваа на Скопје фест, македонски музички натпревар и национален избор за песна за Евровизија, изведувајќи ја песната „Нешто што ќе остане“. Групата победи на овој фестивал и со тоа ја претставуваше Македонија на Евровизија 2009 година во Москва.
На 20 септември 2011 година, момците од Некст Тајм, го прославија својот 25ти роденден. Но покрај роденденот, на истиот тој датум во хотелот „Александар Палас“ , го промовираа и својот втор студиски албум „На крајот од денот“. Содржи 12 песни, од кои една е дуетска со Тони Зен и една е бонус песна т.е. ремикс на песната „На крајот од денот“. Албумот наиде на позитивни критики, што всушност е круна на нивната работа и вложување во албумот последните 3 години.
Спот | Година | Режисер |
---|---|---|
Не верувам во тебе | 2008. | Фабрика |
Кога лажеш каде гледаш | 2009. | |
Нешто што ќе остане | 2009. | |
Рамо за плачење | 2010. | Владимир Митревски-Ѓуле |
Недостајеш ми веч | 2011. | |
Rap N' Roll | 2012. | |
Лице од рај | 2012. | Томато Продукција |
Next Time | 2013. | Томато Продукција |
Ја излези Ѓурѓо | 2014. | Огнен Шапковски |
Слушам кај шумат шумите | 2017. | Огнен Шапковски |
Нешто ќе те питам бабо | 2019. | Огнен Шапковски |
Јовка Кумановка | 2019. | Огнен Шапковски |
Кога падна на Пирина | 2022. | Огнен Шапковски |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.