Доленци (Демирхисарско)
село во Општина Демир Хисар From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Демир Хисар From Wikipedia, the free encyclopedia
Доленци — село во Општина Демир Хисар, во областа Железник, во околината на градот Демир Хисар.
Доленци | |
Поглед на селото Доленци | |
Координати 41°18′56″N 21°05′52″E | |
Регион | Пелагониски |
Општина | Демир Хисар |
Област | Железник |
Население | 60 жит. (поп. 2021)[1] |
Пошт. бр. | 7240 |
Повик. бр. | 047 |
Шифра на КО | 10011 |
Надм. вис. | 915 м |
Слава | Голема Богородица Св. Атанасиј[2] |
Доленци на општинската карта Атарот на Доленци во рамките на општината | |
Доленци на Ризницата |
Доленци се наоѓа во средишниот дел на етнографската област Железник (Демир Хисар). Сместено е во дол, меѓу ридовите: Задел, Кула и Осон на надморска височина од 720 метри.
Се работи за ридско село чиј атар зафаќа простор од 10,6 км2. Од него, шумите зафаќаат површина од 561,1 хектар, обработливото земјиште опфаќа 218,6 хектари, а пасиштата 211 хектари.
Непосредно покрај селото минува регионалниот пат Битола-Кичево. Од Битола е оддалечено 45 км, од Кичево 32 км, а од Демир Хисар 17 км.
Доленци има четири маала: Горно Маало, Сретсело, Долно Маало и кај Брезоштица.[3]
Соседни села: Брезово од север, Сопотница и Жван од југ и југоисток, Железнец од северозапад, и Бабино од југозапад.
Во XIX век, Доленци се наоѓало во Битолската каза, нахија Демир Хисар, во Отоманското Царство.
Вкупно 4 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[4]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Доленци имало 330 жители, сите Македонци христијани.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Доленци имало 360 жители.[6]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Македонци.[7]
Според пописот од 2002 година, во селото живееле 97 жители, сите Македонци.[8]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 60 жители, сите Македонци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 330 | 360 | 442 | 464 | 402 | 317 | 242 | 195 | 150 | 97 | 60 |
Доленци е македонско село.
Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1951 година родови во селото:[13]
Селото влегува во рамките на проширената Општина Демир Хисар, на која ѝ била додадена поранешната Општина Сопотница по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на некогашната Општина Сопотница.
Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Демир Хисар.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Долнени, во која покрај селото Доленци, се наоѓале и селата Бабино, Базерник, Брезово, Големо Илино, Железнец, Мало Илино и Средорек. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната Општина Доленци, во која влегувале селата Брезово, Бабино, Базерник и Доленци.
Во селото постои избирачкото место бр. 647 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[15]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 65 гласачи.[16]
До 1951 година иселеници од селото имало во Битола (5 семејства), Србија (3 семејства, во Белград), во Босна (едно семејство, во Сараево), во Бугарија (3 семејства, во Софија, Симитли и во Мелник), и во Романија (1 семејство). Како и домазети по околните села.[13]
Иселеништвото продолжило и потоа, што може да се забележи и по падот на население.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.