Мренога
село во Општина Демир Хисар From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Демир Хисар From Wikipedia, the free encyclopedia
Мренога — село во Општина Демир Хисар, во областа Железник, во околината на градот Демир Хисар.
Мренога | |
Поглед на селото Мренога | |
Координати 41°15′24″N 21°6′27″E | |
Регион | Пелагониски |
Општина | Демир Хисар |
Област | Железник |
Население | 55 жит. (поп. 2021)[1] |
Пошт. бр. | 7240 |
Повик. бр. | 047 |
Шифра на КО | 10021 |
Надм. вис. | 760 м |
Слава | Спасовден[2] |
Мренога на општинската карта Атарот на Мренога во рамките на општината | |
Мренога на Ризницата |
Селото се наоѓа во југозападниот дел на Општина Демир Хисар, од десната страна на Црна Река. Селото е ридско, на надморска височина од 760 метри.[3]
Мренога се наоѓа во средишниот дел на Општина Демир Хисар, во долината на Мренога се наоѓа на 19 км северозападно од градот Демир Хисар.
Мренога е сместена во долината на Боишка Река. Источно од селото се наоѓа ридот Илиница, западно од него Плакенска Планина, а на север од селото долината на Боишка Река се отвора за да направи пат да се влее во Црна Река. Од општинското средиште градот Демир Хисар, селото е оддалечено 19 километри.
Атарот на селото зафаќа простор од 14,4 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 1.184 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 183 хектари, а на пасиштата само 45 хектари.[3]
Во XIX век, Мренога било христијанско село во рамките на Битолската каза (нахија Демир Хисар), на Отоманското Царство. Се наоѓало под црковно-пропагандното влијание на Бугарската егзархија. Селото се спомнува во спомените на Алексо Стефанов (војвода на ВМОРО), во контекст на борбите за време на Младотурската револуција од 1908. Исто така, се спомнува во спомените на Кирил Прличев, во примерите кои тој ги дава за ѕверствата врз месното население од страна на српската војска по окупацијата на Вардарска Македонија за време на Втората балканска војна (1913).
Вкупно 3 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[4]
До 2004 година, Мренога било во составот на веќе непостоечката Општина Сопотница (се наоѓало во јужниот дел на оваа општина).
Во селото најзастапено е полјоделството и шумарството. Обработливото земјиште зафаќа 183 хектари, пасиштата зафаќаат 45 хектари, додека шумите доминираат со 1184 хектари. Најголем дел од селаните имаат ниви (вкупно 56). Во селото функционираат услужни објекти.
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Мренога имало 380 жители, сите Македонци христијани.[5]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Мренога се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 53 куќи.[6]
По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Мренога имало 400 жители.[7]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 450 Македонци.[8]
Во текот на втората половина на XX век, од Мренога се иселил значителен број од населението, така што, населбата преминала од средно, во мало село. Во 1961 година селото имало 414 жители, а во 1994 година 185 жители, македонско население.[9] Според последниот попис во 2002 година, бројот на жители во Мренога е 107. Половата дистрибуција е 51 мажи и 56 жени. Бројот на домаќинства е 44, а бројот на станови 71, што укажува на голем број на напуштени куќи.
Според пописот од 2002 година, во селото живееле 107 жители, од кои 105 Македонци и 2 други.[10]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 55 жители, од кои 53 Македонци и 2 лица без податоци.[11]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 380 | 400 | 544 | 493 | 414 | 360 | 288 | 203 | 185 | 107 | 55 |
Мренога е македонско село.
Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1952 година родови во селото:
Селото влегува во рамките на проширената Општина Демир Хисар, на која ѝ била додадена поранешната Општина Сопотница по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на некогашната Општина Сопотница.
Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Демир Хисар.
Во периодот 1952-1955, селото се наоѓало во тогашната Општина Жван, во која покрај селото Мренога, се наоѓале и селата Вирово, Жван, Радово, Слоештица, Сопотница, Суво Грло и Церово. Општината Жван постоела и во периодот 1950-1952, кога влегувале селата Жван, Мренога, Слоештица, Сопотница и Суво Грло.
Во селото постои избирачкото место бр. 652 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на приватен објект.[17]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 74 гласачи.[18]
Постари иселеници до 1952 година има во Србија (3 семејства), Бугарија (4 семејства), САД (1 семејство), Битола (1 семејство) и во Канада (1 семејство).[16]
иселеништво продолжило и потоа и водело во Битола, Скопје, Демир Хисар, а надвор од Македонија посебно во Австралија.[27]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.