From Wikipedia, the free encyclopedia
Шестата македонска ударна бригада била формирана на 6 септември 1944 на планината Славеј, близу до Струга. Била формирана од четири баталјони, со околу 1.500 борци, заедно со борците од составот на Дримколскиот народоослободителен партизански одред и борците на Охридско-струшка доолнителна ударна бригада.[1] Дел од борците на Првата македонска ударна бригада и Првата македонско-косовска ударна бригада влегле во оваа бригада, како и новодојдени борци.
Шеста македонска ударна бригада | |
---|---|
Активна | 6 септември 1944 – мај 1945 |
Битки | Завршни операции за ослободување на Македонија |
Команданти | |
Истакнати команданти | Драгутин Ѓорѓевиќ - Алија |
Командниот состав на бригадата го сочинувале:[1]
Политички комесар:
Веднаш по формирањето бригадата се упатила кон Крушево за да го ослободи. На патот кон Крушево, водела борби кај караулата Трула, која била заземена, а потоа учествувала во ослободување на селото Цер. Потоау бригадата се упатила кон Пуста Река и Крушево. На 8 септември 1944 година заедно со Партизанскиот одред „Питу Гули“ влегле во Крушево без борбени акции, бидејќи бугарската војска веќе го напуштила градот.
На 10 септември 1944 година, по наредба на ГШ на НОВ и ПОМ бригадата тргнала на марш преку Букова Чешма, с. Пласница, с. Лисичани, с. Челопеци кон Бродско и Кичевско, каде имала задача да го штити реонот кон с. Зајас и другите села. На 12 септември, бригадата добила задача за напад на село Зајас. Ноќта на 13/14 септември 1944 година, бригадата се одготвувала да ги изненади балистичките сили предводени од Мефаил Шеху, но откако биле откриени, одлуката била да се одложи акцијата и да се продолжи кон с. Добреонец и с. Лавчани.
На 20 септември 1944 година штабот на бригадата бил преместен во с. Миокази. При формирањето на Четириесет и осмата дивизија на НОВЈ на 28 септември 1944 година, оваа бригада заедно со бригадите: Прва македонска ударна бригада, Петнаесетта македонска ударна бригада и Четврта македонска албанска бригада влегле во составот на дивизијата. Истиот ден бригадата имала жесток судир со балистите кај с. Карбуница. На 7 октомври добила задача да учествува во координираниот напад во реонот на Кичево. најжестоки борби бригадата водела кај село Шутови и с. Премка, по што во бригадата влегле нови борци, а еден баталјон на бригадата преминал во составот на Петнаесеттата македонска ударна бригада.
На 20 октомври 1944 година, бригадата била ставена под команда на Четириесет и втората дивизија на НОВЈ и го чистела подрачјето на Жеден и Сува Гора од балистичките сили. По борбите на Сува Гора, бригадата се повлекла во Самоков, каде на 9 ноември 1944 година формациски повторно се приклучила кон Четириесет и осмата дивизија на НОВЈ.
По заедничките борби за ослободувањето на Кичево и Гостиварско, продолжила да ги гони балистичките сили кон Гостивар, кој бил ослободен на 18 ноември 1944 година. Една од последните акции на оваа бригада е операцијата за апсење на Џемо Хаса, балистичкиот водач, што се случило во мај 1945 година, кај с. Врапчиште. На 15 јули 1945 година, бригадата влегла во состав на единиците на Народна одбрана.
Во текот на борбите од оваа бригада загинале 108 борци.[1]
Шестата македонска ударна бригада била формирана во Дебрца на Славеј планина, на 6 септември 1944 година, во бригадата масовно земале учество партизани од Дебрца, потоа Кичевија, Железник, Порече, Дримкол, Малесија, Битолско, Мариово, Гостиварско, Преспа, Охридско, Струшко, Дебарско и Мијачија, од Дебрца биле најголемиот број на партизани во Шестата македонска ударна бригада, некои загинале во борбите, други биле повредени и преживеани, и тоа од:
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.