Remove ads
село во Општина Дебрца From Wikipedia, the free encyclopedia
Ботун — село во Општина Дебрца, во областа Дебрца, во околината на градот Охрид.
Ботун | |
Панорамски поглед на селото Ботун | |
Координати 41°17′7″N 20°47′29″E | |
Регион | Југозападен |
Општина | Дебрца |
Област | Дебрца |
Население | 163 жит. (поп. 2021)[1] |
Пошт. бр. | 6344 |
Повик. бр. | 046 |
Шифра на КО | 19002 |
Надм. вис. | 966 м |
Слава | Голема Богородица |
Ботун на општинската карта Атарот на Ботун во рамките на општината | |
Ботун на Ризницата |
Селото Ботун се наоѓа во областа Дебрца, сместено помеѓу Илинска и Славеј Планина. Најблиско село е Злести. Атарот на селото Ботун граничи со атарите на селата: од север Црвена Вода и Ново Село, од исток со Белчишта и Злести, од југ со Климештани и Мешеишта, и од запад со Делагожди и Корошишта/Џепин.
Околу селото има доста шума, додека пасишта има многу малку, местата околу атарот ги носат следните имиња: Горна Тумба, Јовчиница, Савра, Копрница, Кучков Рид, Волковија, Умишта, Каленик, Присој, Манастирец, Калуѓеров Дол, Калуѓерка (река), Вели Врв (1.053 м), Бела Вода, Стрмна Краста (1.173 м). Селото е со куќи од збиен тип, и има Горно, Средно и Долно Маало.[2]
Ботун претставува средна населба, сместена во новосоздадената Општина Дебрца, при што дел од селото непосредно се наоѓа на регионалниот пат Охрид-Кичево, а воедно и новиот автопат на истата делница ќе поминува во околина на селото. Со изградбата на автопатот, односно вијадуктите над селото поради негово заобиколување, се очекува целосно да се наруши пејзажот на селото.[3]
Селото е рамничарско-ридско, при што куќите во селото се наоѓаат на височина од 740 до 800 метри. Од градот Охрид е оддалечено 24 километри.
Подрачјето на Ботун е населено уште од доцната антика, за што сведочи наоѓалиштето Задел во самото село.[4]
Ботун за првпат се спомнува во пописниот дефтер од 1582 година, кога припаѓало на Охридскиот санџак, нахија Дебрца, но старото село пропаднало и денешното село го обновиле доселеници од околните раселени села, и од исто така раселениот град Закамен.[2]
Во XIX век, Ботун се наоѓало во Охридската каза, нахија Дебрца, во Отоманското Царство.
Атарот зафаќа површина од 12,5 км2, од кој обработливото земјиште зазема површина од 381,1 хектар (ha), пасиштата заземаат 45,5 ха, а шумите имаат најголема површина од 757,2 ха.[3] Селото има поледелско-шумска функција.[3]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Ботун имало 370 жители, сите Македонци христијани.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Ботун имало 400 жители.[6]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Ботун е претставен како чисто македонско село во Охридската каза на Битолскиот санџак со 49 куќи.[7]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 400 Македонци.[8]
Во пописот од 1961 година селото имало 526 жители, но само за триесетина години нивниот број двојно се намалил и во 1994 година имало 212 жители.[3]
Според пописот од 2002 година, во селото Ботун живееле 227 жители, од кои 220 Македонци, 3 Срби и 4 други.[9]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 163 жители, од кои 155 Македонци, 1 Албанец, 3 останати и 4 лица без податоци.[10]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 370 | 400 | 523 | 569 | 526 | 453 | 303 | 305 | 212 | 227 | 163 |
Ботун е македонско православно село. Родовите во селото се староседелски, односно живееле во сега веќе раселените села, кои постоеле во атарот на селото. Доселеничките родови пак потекнуваат од градот Закамен, струшка Малесија, а само еден род не го знае местото на старина.
Родови во селото Ботун се: Мацевци (14 к.), Ничевци (7 к.), Јордановци (6 к.) и Гроздановци (4 к.), доселени се од градот Закамен. Во родот Мацевци го знаат следното родословие: Климе (жив на 46 г. во 1980 година) Анѓеле-Јордан-Смилко, од Закамен се доселил таткото на Смилко со неговиот брат. Споменатиот Смилко во Ботун го убиле Албанци од соседното село Корошишта и затоа синот на Смилко, Јордан влегол во комитите; Костевци (6 к.), Апостоловци (6 к.), Трпковци (6 к.), Карафиловци или Димовци (6 к.), Ѓуровци (6 к.) и Јоновци (4 к.), доселени се од сега раселеното село Старо Село, кое се наоѓало на границата меѓу селата Мешеишта и Ботун, во родот Костевци го знаат следното родословие: Нове (жив на 52 г. во 1980 година) Стеван-Сиљан-Ѓоре, се доселил таткото на Ѓоре, Косте; Голикрстевци (4 к.), доселени се од раселеното село Пусти Куќи, кое се наоѓало во атарот на селото Ботун; Митревци (3 к.) доселени се, но не знаат од каде.[2]
Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1948 година, родови во селото Ботун се:[15]
Селото влегува во рамките на проширената Општина Дебрца, која настанала со спојување на поранешните општини Белчишта и Мешеишта по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на некогашната Општина Белчишта.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Охрид. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото припаѓало на некогашната Општина Белчишта.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Белчишта, во која покрај селото Ботун, се наоѓале и селата Белчишта, Брежани, Велмеј, Горно Средоречие, Грко Поле, Долно Средоречие, Злести, Лешани, Ново Село, Песочани и Црвена Вода. Во периодот 1950-1952 година, селото Ботун се наоѓало во некогашната Општина Ново Село, во која влегувале селата Ботун, Ново Село, Песочани и Црвена Вода.
Во селото постои избирачкото место бр. 1316 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на месна заедница.[17]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 165 гласачи.[18]
Од Ботун има иселени родови по другите села. Во Ново Село е иселен родот Таневци (4 к.), во Долно Средоречје е иселен родот Ботунци или Мацевци (5 к.), во Горно Средоречие се иселени родовите Настевци (3 к.) и Савевци (2 к.), сите овие родови се иселени пред дваесеттите години на XX век. После Втората светска војна иселеници најмногу имало во Охрид (15 к.), Скопје (15 к.), помалку се иселени во Битола (2 к.), Струга (2 к.), селото Мусинци (2 к.) и во банатското село Јабука (1 к.).[2]
Од родовите поединечно се знае за следните иселеници до 1948:
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.