Корошишта
село во Општина Струга From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Струга From Wikipedia, the free encyclopedia
Корошишта — село во Општина Струга, во околината на градот Струга.
Корошишта | |
Координати 41°14′57″N 20°44′54″E | |
Општина | Струга |
Население | 1.201 жит. (поп. 2021)[1] |
Шифра на КО | 26024 |
Надм. вис. | 705 м |
Корошишта на општинската карта Атарот на Корошишта во рамките на општината | |
Селото се наоѓа во североисточниот дел на Струшкото Поле, во подножјето на Караорман.
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Корошишта живееле 440 жители, сите Албанци.[2]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Коросишта е претставено како чисто албанско село во Охридската каза на Битолскиот санџак со 70 куќи.[3]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 650 Албанци.[4]
Според попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 1.717 жители, од кои 1 Македонец, 1.698 Албанци, 1 Србин и 17 останати.[5]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 1.201 жител, од кои 1 Македонец, 1.179 Албанци, 1 останат и 20 лица без податоци.[6]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 440 | — | 817 | 884 | 925 | 1.075 | 1.217 | 143 | 1.516 | 1.717 | 1.201 |
Корошишта е албанско село.
Според истражувањата на Јован Трифуноски во периодот помеѓу 1977-1979.
Родови во селото се: Каличи (30 к.) доселени се од селото Себишта, Голо Брдо. Во родот се знае следното родословие: Абиб (жив на 40 г. во 1980 година) Шабан-Џемаил-Рустем, основачот на родот кој се доселил; Лешко (15 к.) доселени се од селото Лисичани, Голо Брдо, го знаат следното родословие: Скендер (жив на 72 г. во 1980 година) Азис-Далип-Каплан, се доселил споменатиот Далип кој живеел 120 години; Борова (12 к.) доселени се од селото Борово, Голо Брдо; Којовец (13 к.) доселени се од селото Којовец, Голо Брдо (Дебарско); Дока (5 к.) доселени се однекаде, старото презиме им е Нурелар; Абдулаји (15 к.) и Коџаџику (11 к.) доселени се од селото Коџаџик, Дебарско. Потеклото им е турско.[11]
Според истражувањата на Бранислав Русиќ од крајот на 1940-тите.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.