Црква „Св. Богородица“ - Ботун (стара)

црква во Ботун, Дебрца From Wikipedia, the free encyclopedia

Црква „Св. Богородица“ - Ботун (стара)

Успение на пресв. Богородица (Св. Богородица) — црква во охридското село Ботун, Општина Дебрца, претставник на Македонската преродба. Му припаѓа на Охридското архијерејско намесништво во Дебарско-кичевската епархија на МПЦ - ОА.

Повеќе информации Местоположба, Општи податоци ...
Успение на Пресвета Богородица

Диптих „Благовештение“ од црквата, XV век. Денес во Галеријата на икони во Охрид

македонска православна црква
ЕпархијаДебарско-кичевска
Архијерејско намесништвоОхридско
ПарохијаБелчишка
Местоположба

Координати41°17′31.7″N 20°46′58.5″E
МестоБотун
ОпштинаДебрца
ДржаваМакедонија
Општи податоци
ПокровителБогородица Марија
Завршено1895
Архитектонски опис
Архит. типеднокорабен
Стилпреродбенички
Затвори

Местоположба

Thumb
Икона на Богородица со Исус, ХVІІІ век.

Црквата е гробиштен и главен храм на Ботун, сместена на стрмно возвишение во Горното Маало, на северозапад од сретселото.[1]

Историја

Црквата е изградена врз постаро светилиште, за што сведочат многубројните гробни конструкции од средновековието.[1]

Според натписот, храмот е изграден во 1895 г. од браќата Крсте и Костадин, синови на Никола Крстев од Лазарополе. Иконостасот е од 1871 г., а внатрешниот живопис е делумно пресликан во 1972 г.[1][2]

Опис

Градбата претставува еднокорабен храм изграден од камен и варов малтер. Венците под покривот се од бигор, а истото важи и за апсидата, која е единаесетстрана; таа е засводена со полузаоблен свод врз кој се издига покрив на четири води. Иконостасот е величествен, и има дванаесетина икони. Изработен е во 1871 г.[1]

Од прекрасниот фрескоживопис се издвојува композицијата Седмочислениците на јужниот ѕид на олтарниот простор. Нивната поставеност на фигурите и именување се сосема оригинални — како средишна личност е насликан Климент Охридски, а околу него се Сава, Наум, Кирил, Методиј, Ангелариј и Горазд.[1]

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.