Илинска Планина

планина во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Илинска Планинаmap

Илинска Планина или Пространска Планина — средновисока планина во западна Македонија со динарски правец на протегање од северозапад кон југоисток.[1]. Највисоки врвови се Лиска (1.909 м) и Старец (1.577 м). Се наоѓа помеѓу котлината Дебрца на запад, долината на реката Треска на север, Демир Хисар и долината на Беличка Река на исток. На југоисток продолжува во Плакенска Планина. На Илинска Планина се развиени изворишните челенки на Мраморечка и Беличка Река. Геолошкиот состав е претставен со палеозојски кристалести шкрилци преку кои лежат тријаски варовнички конгломерати и гранитит преку кои лежат карбонатни карпи. Планинските страни се под шума, а високите делови под планински пасишта.[2]. Изобилува со букова шума во високите и средните делови, како и дабова во пониските делови. Богатите шуми се користат за сеча на дрво за огрев, градежништво, мебел и производство на ќумур (во с. Вирово).

Кратки факти Илинска Планина, Највисока точка ...
Илинска Планина
Пространска Планина
Thumb
Поглед на Илинска Планина со врвот Лиска
Највисока точка
Надм. вис.1909 м
Матичен врвЛиска
Друго имеПространска Планина
Географија
Илинска Планина на карта

Thumb

Место Македонија
ПокраинаMK
Затвори

Галерија

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.