Горно Средоречие
село во Општина Дебрца From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Дебрца From Wikipedia, the free encyclopedia
Горно Средоречие — село во Општина Дебрца, во областа Дебрца, во околината на градот Охрид.
Горно Средоречие | |
Поглед на селото Горно Средоречие | |
Координати 41°18′2″N 20°51′9″E | |
Регион | Југозападен |
Општина | Дебрца |
Област | Дебрца |
Население | 7 жит. (поп. 2021)[1] |
Пошт. бр. | 6344 |
Повик. бр. | 046 |
Шифра на КО | 19014 |
Надм. вис. | 772 м |
Слава | Ѓурѓовден |
Горно Средоречие на општинската карта Атарот на Горно Средоречие во рамките на општината | |
Горно Средоречие на Ризницата |
Горно Средоречие се наоѓа на 2,5 километри од општинското средиште Белчишта, во областа Дебрца. Селото е мало и е од збиен тип. Надморската висина е 770 метри.
Во близина е археолошкото наоѓалиште Зластрана од неолитскиот период. Околни села се Лешани на југоисток, Велмеј на исток, Оздолени на север, Сошани на североисток, и Белчишта на запад. Поедини места во атарот на селото ги носат следните имиња Бигрешица, Локви, Бара, Ќиско, Иринец, Горица, Зелени Пат, итн.[2]
Во XIX век, Горно Средоречие се наоѓало во Охридската каза, нахија Дебрца, во Отоманското Царство.
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Горно Средоречие имало 100 жители, сите Македонци христијани.[3] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Горно Средоречие имало 56 жители.[4]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Горно Сочани (Средореци) е претставено како чисто македонско село во Охридската каза на Битолскиот санџак со 6 куќи.[5]
Во 1953 и 1961 година, бројот на жители во селото бил сметан заедно со блиското село Долно Средоречие.[заб 1]
Според пописот од 2002 година, во селото Горно Средоречие живееле 14 жители, сите Македонци.[6]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 7 жители, сите Македонци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 100 | 56 | 175 | 297 | 161 | 140 | 80 | 59 | 38 | 14 | 7 |
Горно Средоречие е македонско православно село. Селото е младо по постанок настанато е средината на XIX век кога е настанато и Долно Средоречие. Родовите во селото може да се поделат на родови кои се доселени до крајот на турското владеење и родови доселени после тоа.[11]
Родови доселени од средината на XIX век до крајот на турското владеење се: Иљовци (5 к.) доселени се од соседното село Белчишта, за нив се вели дека многу скитале по селата „кај сѐ не биле“; Ушковци (3 к.) и тие се доселени од соседното село Белчишта, а некое време живееле и во селото Грко Поле; Настовци (3 к.) и Наумовци (3 к.) и тие се доселени од Белчишта, некогаш чинеле еден род и Стефановци (2 к.) се доселеници со непозната старина.
Родови доселени после отоманското владеење со Македонија, т.е. после 1912 година: Марковци (7 к.), Миленковци (2 к.) и Божиновци (1 к.) доселени се од селото Брежани; Настевци (3 к.) и Савевци (2 к.) доселени се од селото Ботун; Дојчиновци (3 к.) доселени се од селото Слатино и Настовци (2 к.) доселени се од селото Куратица.
Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1948 година, родови во селото Горно Средоречие се:
Јанковци (3 к.), доселени се околу 1850 година од селото Белчишта; Ушковци (4 к.) доселени се од селото Грко Поле, а таму дошле од селото Белчишта; Опеловци или Ефтиновци (2 к.), доселени се во 1908 година од селото Долно Средоречие, таму се доселени од Белчишта; Трајковци или Настовци (3 к.), доселени се во 1913 година од селото Ботун; Лаловци (2 к.), доселени се во 1913 година од селото Брежани; Кулевци или Бутевци (2 к.), доселени се во 1914 година од селото Белчишта, доселени се преку селото Долно Средоречие; Спировци или Богојовци (3 к.), доселени се во 1918 година исто така од селото Брежани; Савевци (2 к.), доселени се околу 1920 година од селото Ботун, каде припаѓале на родот Карафиловци; Божиновци (1 к.), доселени се во 1920 година од селото Брежани, каде припаѓале на родот Сукловци; Настовци (1 к.), доселени се во 1918 година од селото Куратица; Слатинци или Размовци (3 к.), доселени се во 1925 година од селото Слатино, каде припаѓале на истоимениот род и Дојчиновци (1 к.) доселени се во 1928 година од селото Белчишта.
Роми: Демировци (1 к.), доселени се во 1945 година од селото Белчишта како ковачи.[2]
Селото влегува во рамките на проширената Општина Дебрца, која настанала со спојување на поранешните општини Белчишта и Мешеишта по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото претставувало седиште на некогашната Општина Белчишта.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Охрид. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото било во рамките на некогашната Општина Белчишта.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Белчишта, во која покрај селото Горно Средоречие, се наоѓале и селата Белчишта, Ботун, Брежани, Велмеј, Грко Поле, Долно Средоречие, Злести, Лешани, Ново Село, Песочани и Црвена Вода. Во периодот 1950-1952 година, селото Белчишта се наоѓало во некогашната Општина Белчишта, во која влегувале селата Белчишта, Горно Средоречие, Долно Средоречие и Злести.
Во селото постои избирачкото место бр. 1323 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на приватен објект. Во ова избирачко место е опфатено и селото Долно Средоречие.[12]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 60 гласачи.[13]
Од родовите поединечно се знае за следните иселеници до 1948: од Јанковци иселеници има во Јужна Америка (2 семејства, од 1903 година) и Австрија (1 семејство, од 1922 година); од Ушковци има иселеници во Јужна Америка (1 семејство, од 1922 година): од Кулевци иселеници има во Јужна Америка (1 семејство, од 1923 година).[2]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.