Долно Средоречие
село во Општина Дебрца From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Дебрца From Wikipedia, the free encyclopedia
Долно Средоречие — село во Општина Дебрца, во областа Дебрца, во околината на градот Охрид.
Долно Средоречие | |
Поглед на селото Долно Средоречие | |
Координати 41°17′42″N 20°50′42″E | |
Регион | Југозападен |
Општина | Дебрца |
Област | Дебрца |
Население | 43 жит. (поп. 2021)[1] |
Пошт. бр. | 6344 |
Повик. бр. | 046 |
Шифра на КО | |
Надм. вис. | 779 м |
Слава | Ѓурѓовден |
Долно Средоречие на општинската карта Атарот на Долно Средоречие во рамките на општината | |
Долно Средоречие на Ризницата |
Селото Долно Средоречие се наоѓа во областа Дебрца. Околни села се Грко Поле на запад, Горно Средоречие на север, Злести на југозапад, Лешани на југоисток, и Белчишта на запад.[2]
Во XIX век, Долно Средоречие се наоѓало во Охридската каза, нахија Дебрца, во Отоманското Царство.
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Горно Средоречие имало 72 жители, сите Македонци христијани.[3] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Долно Средоречие имало 32 жители.[4]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Долно Сочани (Средореци) е претставено како чисто македонско село во Охридската каза на Битолскиот санџак со 4 куќи.[5]
Во 1953 и 1961 година, бројот на жители во селото бил пресметан во вкупното население на блиското село Горно Средоречие.[заб 1]
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 57 жители, сите Македонци.[6]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 43 жители, од кои 37 Македонци и 6 лица без податоци.[7]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 72 | 32 | 111 | — | — | 70 | 71 | 66 | 55 | 57 | 43 |
Долно Средоречие е македонско православно село. Селото е младо по постанок, настанато е средината на XIX век кога е настанато и Горно Средоречие.
Родови во селото се: Цељковци (5 к.) и Циљкановци (5 к.) овие два рода се доселени од селото Белчишта; Ботунци или Мацевци (5 к.) доселени се од селото Ботун, таму имаат истоимени роднини, подалечно потекло имаат од градот Закамен во Струшка Малесија.
Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1948 година, родови во селото Долно Средоречие се:
Селото влегува во рамките на проширената Општина Дебрца, која настанала со спојување на поранешните општини Белчишта и Мешеишта по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото претставувало седиште на некогашната Општина Белчишта.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Охрид. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото било во рамките на некогашната Општина Белчишта.
Во периодот 1952-1955, селото дел од тогашната Општина Белчишта, во која покрај селото Долно Средоречие, се наоѓале и селата Белчишта, Ботун, Брежани, Велмеј, Горно Средоречие, Грко Поле, Злести, Лешани, Ново Село, Песочани и Црвена Вода. Во периодот 1950-1952 година, селото Белчишта се наоѓало во некогашната Општина Белчишта, во која влегувале селата Белчишта, Горно Средоречие, Долно Средоречие и Злести.
Селото е опфатено во избирачкото место бр. 1323 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на приватен објект на селото Горно Средоречие.[12]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 60 гласачи.[13]
Од Чакулевци иселеници има во Охрид (едно семејство, од 1919 година).[2]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.