село во Општина Дебрца From Wikipedia, the free encyclopedia
Арбиново — село во Општина Дебрца, во областа Дебрца, во околината на градот Охрид.
Арбиново | |
Панорамски поглед на селото Арбиново од магистралниот пат Кичево-Охрид | |
Координати 41°22′14″N 20°49′44″E | |
Регион | Југозападен |
Општина | Дебрца |
Област | Дебрца |
Население | 12 жит. (поп. 2021)[1] |
Пошт. бр. | 6344 |
Повик. бр. | 046 |
Шифра на КО | 19001 |
Надм. вис. | 967 м |
Арбиново на општинската карта Атарот на Арбиново во рамките на општината | |
Арбиново на Ризницата |
Населението на Арбиново ништо не знае зошто селото се вика Арбиново. Не ни знаат кога е настанато и како е настанато.[2]
Селото Арбиново се наоѓа во областа Дебрца, меѓу Славеј и Илинска Планина. Селото се наоѓа на 1 километар источно од регионалниот пат Охрид-Кичево, 34 километри оддалечено од Охрид и 30 километри оддалечено од Кичево. Атарот на селото Арбиново се граничи со атарите на следните села: Сливово од север, Мраморец и Слатино од исток, Лактиње и Годивје од запад и Издеглавје и Слатински Чифлик од југ.
Населението вода за пиење добива од изворот наречен Горни кладенец. Тоа е мало место. Селаните викаат „од таму си носиме вода во стомни“. Извори подалеку од селото се: Капиште, Гушец и Бардовци. Атарот околу селото е прилично голем. На него се овие делови, во шумата: Чртојца, Умишта, Капиштец, Гушец, Каљојшта и Опаленик. На обработената земја се следните делови: Бучков мост, Тумби, Гоедаројца, Цер, Митров дол, Зад Голо брдо, Поле и Иконче. Арбиново е со куќи од збиен тип и се дели во 4 маала.[3]
Селото Арбиново е многу старо село, и не се знае како е настанато, се знае дека е спомнато во пописниот дефтер од Охридскиот Санџак во 1582 година, се наоѓало во нахија Дебрца. За време на Илинденското востание селото било запалено, а Турците убиле неколку селани. За време на издеглавската афера или арбиновската битка од ова село во Дијарбакир биле однесени 14 селани. Тоа биле: Милош Иваноски, Филип Јолески Коњарошки, Миладин Јолески, Темелко Ѓорески, Јоанче Ѓорески, Анастос Анѓелески, Косто Јованоски, Миладин Јованоски, Ристе Трпески, Милош Трпески и Никола Шуканоски.
Во XIX век, Арбиново се наоѓало во Охридската каза, нахија Дебрца, во Отоманското Царство.
Атарот зафаќа простор од 7,4 км2. Обработливото земјиште зазема површина од 284,6 ха, на пасиштата отпаѓаат 20,9 ха, а на шумите 336 ха. Селото има полјоделско-шумарска функција. Во него се наоѓа продавница и угостителски објект, како и фабрички погон РЕ „Славеј“ за производство на градежни матери- јали (шупливи блокови и тули).[4]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Арбиново имало 280 жители, сите Македонци христијани.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Арбиново имало 320 жители.[6]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Арбино е претставено како чисто македонско село во Охридската каза на Битолскиот санџак со 35 куќи.[7]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 400 Македонци.[8]
Според пописот од 2002 година, во селото Арбиново живееле 26 жители, сите Македонци.[9]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 12 жители, од кои 11 Македонци и 1 лице без податоци.[10]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 280 | 320 | 410 | 411 | 311 | 195 | 137 | 43 | 32 | 26 | 12 |
Арбиново е македонско село.
Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1948 година родови во селото се
Според истражувањата пак на Јован Трифуноски во 1979 година, родови во селото се (поделени на четири маала):
Селото влегува во рамките на проширената Општина Дебрца, која настанала со спојување на поранешните општини Белчишта и Мешеишта по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Белчишта.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Охрид. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото било дел од некогашната Општина Белчишта.
Во периодот 1952-1955, селото влегувало во рамките на тогашната Општина Сливово, во која покрај селото Арбиново, се наоѓале и селата Врбјани, Годивје, Лактиње, Мраморец, Сливово и Турје. Во периодот 1950-1952 година, селото Арбиново се наоѓало во некогашната Општина Сливово, во која влегувале селата Арбиново, Мраморец, Сливово и Турје.
Во селото посто избирачко место бр. 1329 според Државната изборна комисија, кое е сместено во месната заедница С. Арбиново.
На Референдумот во 2018 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 14 гласачи.[15]
Постари иселеници има во крушевското село Арилево (Мутавџиовци).[20] Потоа во Издеглавје (Коњаровци и Савевци) и во Ново Село (Алексоски).[3]
До 1948 година околу 10 семејства се иселиле во Аргентина, потоа Канада (едно семејство), Војводина (едно семејство), Бугарија (пет семејства), САД (едно семејство). Помеѓу двете светски војни иселување имало уште во прилепските села Десово и Вашарејца, во градот Битола, како и во селото Песочани (Коњаровци или Јолевци).[20]
После Втората светска војна стапил најсилниот бран на иселување при што иселеници има во Охрид (преку 70 семејства), Скопје (преку 20 семејства), Струга, Кичево.[3] Потоа иселување имало и во Австралија.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.